Unique mislam deka za 600 kolku sto imam ;itano a so fiksator 650...ama ne znam za maturi da ne gi pokacuvaat...
Дечко ми е матуран, а јас појма неам што да му подарам, другар ми вика да му купам златна плочка со иницијали некои, или пак неговата буква, или пак некој парфем од авон.. имате ли предлози ?
Па има огромна разлика во цена од злато до парфем. Зависи колку можеш да потрошиш? Мој предлог е кожен каиш или новчаник. Можеш да најдеш многу убави, од 800 денари па нагоре. Ако сакаш да ти посочам продавници каде можеш да купиш (ако си од Скопје) пиши ми ЛП. Лично јас златна плочка искрено мислам дека не е баш најдобар подарок за машко.
Јас мислам дека матурскиот фустан треба да биде посебен и уникатен , да не биде премногу обично фустанче кое би го носела на некоја свадба, пред се најважно е да ти ја искажува убавината на најдобар можен начин, да не ти го затвора лицето, итн. Познавам едно девојче кое имаше одбрано убав модел на фустан но бојата на фустанот ја покриваше и убавината, таа темна на кожа, фустанот темен, и како gupsy изгледаше.
Фустанот многу ми е по мерак, пликчето си го купив, останува уште накит и шминка, а не знам какви да купам.
Денес си го зедов фустанчето, значи прекрасно ееееееееее!!! Само се нервирам за салонки, не можам и не-мо-жам да си најдам. По продавниците само лаковани има аман, некои топуци со огромни платформи, не може човек асална обична фина за око салонка да си најде . Па ни плик не можев да си најдам, се некои нели лаковани и сатенски, светкави...
Кочани ако ти е блиску оди, барем таму има секакви салонки, моите се од таму купени. За ташни не сум разгледувала.
Па денес бев во Штип и ништо не ми се допадна, во Кочани се скоро истите модели. Планирам за некој ден до Струмица да идам, е таму ако не најдам, жими се боса ќе одам .
Како бе истите модели. Ма Штип е нула за Кочани, посебно за обувки. Од кај нас одат таму да купуваат и шијат. Овде е или скапо или нема избор.
Кај нас единствено по порачка можат да ти направат какви сакаш. Инаку видов во една продавница таму од Бама, од овде носат штикли таму, само што на цената им додаваат плус 100 денари отприлика. Има таму многу повеќе продавници, различни обувки во различна боја, големина на штикла, а и не се многу скапи. Јас моите ги купив 1500. Имаше и поевтини.
Ја знам, прееска бев таму ама си велам тоа последна опција да ми биде. Ако не најдам во краен случај и од Кочани можам да порачам, има и таму една продавница кај што прават по порачка, Штип сепак ми е подалеку.
Може,ако дојдеш овде да видеш моделче, цена, материјал, боја какви сакаш да ти бидат. Во Бама правеа по порачка, мислам дека уште прават дома, комшии ми се. Еден друг човек во Сењакот кај Црквата праве исто така. Обично кај него одат повеќето.
Штрумфетке, јас моите салонки од Скопје ги купив. И таму имаш супер избор. Не се сеќавам од која продавница беше, некаде низ ГТЦ ама името не ми текнува за жива глава - ќе ја прашам тетка ми. Инаку таман асално се разочарав и случајно ми паднаа в очи овие моиве несудени. Не се многу високи, солидна 7ца или 8ца, да можам да си денсам цела вечер и да изигравам оровоџа. Кај нас на југоистоков слабо избор, мислам слабо за оние што сакаат нормална не толку висока штикла, а оние 10+ ехеее ги имате полно, почнувајќи од лаковани па до плетени, цветни, ма секакви, ама превисоки за мој вкус. Јас сум при крај со подготовките, уште плик ташничка ми остана, не можам да си најдам, а не сакам лакована бидејќи нема да ми одговара на материјалот на штиклите.
да си прашам јас дали мора материјалот од ташната да ти одговара со штиклите. Пример сатенска да ми е ташната, и штиклите ли треба да ми бидат сатенски . Јас мислам дека многу е глупо да мора така Што да праам коа неможам да си најдам обична плик ташна (кожна), се се некои светкави сатенски. АМАН
И јас да се пофалам, си го земав денес фустанот, и презадовона сум си, воопшто не е накинџурен, светкав или не знам што. Иако си имам вишок килограми сето тоа е колку толку прекриено. Ваков како на сликата е само црн. Во четврток ќе одам Скопје за чевли, ташничка и палто. И тоа е тоа.