Нема врска, ама битно нешто со нешто да одговара. Кај мене накитот со чевлите во боја, фустанот со чантичката во боја одговараат. И ноктите со фустанот, со гел. А салонките ми се лаковани, чантичката сатенска со фустанот сатенски. Битно материјалите да одговараат меѓусебе, не мора ова со ова стрикно определено, како сакаш.
И јас се опремив за матурска, сега чекам 20ти Мај и да се провеселам Само ми е страв за флизурата, бидејќи закажав на флизер во 2ипол попладне(само тогаш имаше слободен термин) да не ми се распадне до вечерта, а и немам некоја идеја. Сакам нешто со локни растурени и пола фатена пола пуштена, ама се мислам. Некој предлог а фустанчето ми е бела со црно не е устело туку раскроено, паѓа незнам како да ви опишам ептен нежно и бели салонки со бела ташна во која се заљубив.
Само што си го земав фустанчето леле!! Колку е преубаво,си се заљубив!! Ташничката купена е,уште штиклите(веќе си ги знам кои само треба да ги земам) и балетанките. Накитот исто ми е среден. Шминка исто си знам,си имам направено веќе неколку проби,сама ќе си се шминкам Е фризура појма си немам Ништо не ми се допаѓа некако..на крај ако ми пукне филм ќе си ја оставам така само исфенирана. Инаку комбинацијата ми е црно/сребрена
Не мора да бидат исти материјали нормално, ама јас сум преголема ситничарка и не сакам лакована ташна на од нежно понежно фустанче и салонки (е немам појма каков материјал се, скај не се, нешто као кожa жр-мр, ма немам појма) и сега да опнам лакована ташна а у - не. Фала богу, кој си се допаѓа така нека си носи, немам ништо против, ама јас некако не си се замислувам во такво издание и затоа настојувам да ми биде "под конец". Таква сум, што да правам, a знам дека не чини. Него, дај да си прашам јас нешто. Носите марама, мислам не онака класично поставена на врат, ами како наметка ќе му дојде - позади грбот и да си паѓа слободно на рацете? Мислам ме разбравте, знам дека сум тапа за описи. Мене ми е некако ту мач дамско, а мајка запнала да ми купи, та да ми купи, дека убаво ќе изгледало со фустанот. Има некоја таква кандидатка, мараместа?
Мене ми е некако глупо тоа, незнам никогаш не ми се допаѓало, ама другарка планирала да носи за да не биде многу разголена кога ќе влегува там. Планирав некое поелегантно сако да си земам, ама не ми одговара сако никако со фустанот, па ќе си одам само со фустан
Јас, баш таква како што опиша иако не мислам воопшто да ја носам, ќе ја пикнам во плик чантичката колку да ја имам, а кога ќе ми застуди отпосле кога ќе одиме во дискотека или накај школо на сабајле не знам што ќе правам може сепак ќе земам нешто од дома
Мене ми е стварно глупаво, а го тргнувам на страна фактот дека никакво болеро или тенко палтенце не ми оди со фустанот - пренежен е за да го грубам со нешто од тој тип и врти-сучи, марама највеќе одговара, ама некако ту мач дамски ми изгледа. Ќе се смрзнам цела вечер.
^ И кај мене исто, болеро никако дури и да не одговара мразам носење болеро со свечени комбинации тоа ми е најглупо, марамава најмногу одговара дури може и црно сако, ама ќе видам. Се зависи од фустанот и целокупната комбинација. Ништо, ќе се мрзне изгледа. Па еднаш е матура де, а и од толку енергија и динамика таа вечер нема ни да осетиме може.
Додека да влеземе во хотелот ќе ни биде ладно, после играње, пеење, ќе се стоплеме. Разбрав дека од понеделник ќе залади, па да се надеваме дека нема цела недела да е ладничко. Кога ви е матурската на вас? Мене на 17.
^ Леле нееее, не дај Боже да биде ладно цела недела Инаку мене на 16ти, втора вечер имаме резервирано на 17ти ама претходно ќе одам на повеќе матури од кај 8 саат, па на втора вечер. Инаку според мене касно е влегувањето. Кај 10-10 и пол треба да е, сигурно ќе не фати и 11 вечерта. До колку би седеле, повеќе од 2 не верувам и потоа во дискотека. А јас баш повеќе сакав да бидеме во ресторан, отколку во дискотека. Барем од 9-9 и пол да беше влегувањето, најкасно 10.
^ Супер што е рано кај вас, ама затоа кај насссс, сите ѕвезди, ти не си ти ако не дојдеш последен тука е конкуренцијата трагикомично. Туку, како бе на 18ти петок, па во Скопје мислам дека не прави никој матура на 18, 19 и 20, први сме ние и уште едно школо на 16ти, па има на 17ти, па продолжуваат од 21ви понеделникот па натака. Заради тоа што утредента треба да одиме во школо, да има професори, ученици да не бидеме сами, затоа се скока викендот како што разбрав. Затоа ме чудите вие кога пишувате 18ти
Мене ми е на 24 . Јас најкасно од сите. Што се грижите и да биде ладно мислите ќе осетите??? Нема шанси , само да се молиме да не врне, другото се си е ок.
И мене ми е на 24ти се надевам нема да врне тогаш ја сум делумно спремна т.е скоро готова сум имам фустанче имам штикли уште плик ташничка и готова сум
Плавуша моето школо прави на 15-ти, од Скопје сум. Не сте први Иначе си купив кремасто фустанче, кратко, тесно и едноставно. Го искомбинирав со црвени штикли лаковани. Накитот исто ми е црвен. Директорот како што ни е луд ќе не заклучи во ресторанот. Ни кажа дека нема да ви избега кафаната после, седете додека можете, и во право е, за џабе ќе бидат фукнати 1700 ден за неколку саати. Треба да бидеме таму 10 до 10 ипол.
ЕмаСк имаме потполна иста комбинација. Кратко тесно кремаво фустанче на една прерамка ќе го комбинирам со црвени лакирани штикли, лакирано пликче веќе си купив. Ушниците ќе ми бидат црвени.
Мојот фустан сеуште се шие.Ке биде долг,црн со бело.Бидејќи го немам фустанот немам ништо друго смислено ни фризура ни штикли купоено.ЗНам дека само од накит ке носам ушници.А за другарскава исто црно со бело фустанче и со црвено сако искомбинирано и црвени штикли