Јас би ти го препорачала http://www.kupindo.com/ELDENA-body-milk ... 648794.jpg баш е убав го има во кам мислам
Јас сум веќе спремна за матурската вечер. Уште ноктиве ми останаа. Нив во среда ќе си ги средам. Друго се си купив. И слободно можам да чекам да дојде петок. Сега нема ништо да ви покажам. Ќе ја видите целата комбинација по матурската вечер.
Од Авон има многу убав лосион што светка , а инаку порачај си преку интеренет оди на www.avon.com.mk и има нарачки порачај си од таму
Oвој лосион нема никакви светки во него, значи не свети воопшто. Тој од Авон исто не свети, мани тоа што под сликата пишува лосион со светки Е овој на Dove бил убав, а исто и на Seventeen e многу убав, значи светкаат навистина. Јас најверојатно ќе си го земам оној на Seventeen, а може и на Dove да го пробам.
Аааа ајде веќе едвај чекам да дојде петок да си поминеме најубаво а и шо е важно што ќе носиш и каков ќе си?! битно е да се чуствуваш убаво со тоа што го носиш на себе и со тоа како изгледаш. Среќна Матура на сите феминки и поминете си максимално најдоброооо
Ете ја темата што ми требаше Девојки, ај ве молам за помош околу поклон за матура за девојка....без ограничување за износ, ми треба нешто квалитетно и фино. Што е она што би ве израдувало вас, на пример, во моментов? Секој предлог е добредојден, фала ви однапред
Мене највеќе би ме израдувал рачен часовник, вакво нешто или златни обетки, или пак колекција од Гучи/Валентино.. Сепак најдобро е да ја прашаш ако таа има некоја посебна желба тоа, или пак пари, тоа всушност е и најдобро така самата ке си избере по нејни кеф
Моира јас во Шатци пред некој ден видов интересен комплет, парфем One million со прекрасна златна алка. Не прашав за цена окулу 4000-5000 сигурно е, ама убав подарок би бил. Исто и рачни часовници имаш од Casio докај 4000 убави. И некоја од овие две ствари верувам дека секоја матурантка би ја израдувале.
Мене лично најмногу би ме израдувале пари зошто парфем да е ќе се истроши. Секогаш сакам подарокот да е спомен, а не потрошен материјал. Кога би бирала помеѓу парфем и книга без размислување ќе ја одберам книгата зошто ем ќе ми остане, ем нема да се потроши, мислам дека сите матурантки би се сложиле со ова.
Спремање кај мене, се враќам пред некоја минута од салонот, ноктите готови, прекрасни се, другото се спремно за утре, по дома моиве средуваат деновиве, денес јадења се прават, специјалитети за гостите едно, друго... аххх, ептен сум во еуфорија! Сигурно и вие. Ајде утре, АЈДЕЕЕЕЕЕЕ
А што и купивте на класната/класниот? Ние и го купивме накитов и плус останаа пари и алката, иначе сребрени се. Мене не ми се свиѓа ама тоа е, вие што мислите за накитов и плус алката? Spoiler http://a6.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash2/s720x720/75252_3613745515418_1627214819_2812807_1376874741_n.jpg
Нашата класна е сосема поинаква од останатите жени, предава Македонски и разбирливо ја сака книгата и уметноста , 4 години ми е класна и ми предава и многу добро ја познавам накит , чанти и такви работи не идат во предвид ! Затоа се одлучивме за уметничка слика за на ѕид , која секако ќе и остани како спомен, комплет книги од новата литература и букет од 33 црвени ружи толку деца не има во класот ! Се чека петок ! Честита нека ни е матурава феминки, многу среќа понатака
Ние собиравме по 150 ден. Некои сакаа по 100, ама нема смисла по толку да дадеме, зашто 21 сме, шо ќе купеме со 2100? И’ купивме ланче Сваровски, 2500 е, и букет уште фале.
Леле на овие моиве и по 50 денари не им се дава, ама и класната не заслужува многу Јас сум за обетки или ланче Сваровски, ама супер ќе биде и за буќет ако имаме пари
Постарата класна што ни беше 3 години па замина во пензија ќе добие сребрено ланче и алка мислам од Божиновски, а оваа што ни е една година зборела дека ја сака книгата на Стив Џобс (и онака предава менаџмент и бизнис и претприемништво) па ја доби таа и ружа. 36 деца, по 100 денари.
епа нашава лани си доби книга од Ден Браун, по моја иницијатива иначе исто и нашата предава македонски , за 8ми март доби портрет нацртан од наша соученичка а сега од нас ке добие 31 ружа и плус накитов. ајде се помирив па и не е толку лошо може и полошо
Ко ќе слушните ние шо ќе му купиме ќе се изнасмејте Класната ни е 4 години и ни се нема сменато ич, јас таква жена во мојот живот уште еднаш нема да сретнам, мајка другарка, жена на која комотно можиш да му кажиш се и да ти дај совет. Жената предава физичко и нонстоп е по тренерки и патики, накит не носи. И Ние решивме да му купиме тренерки најк или адидас, и патики исто такви, барем знајме дека ќе ги искористи и ќе ги носи, а накитот така ќе го остај.
Малку оф Ади, за Марија од медицинско зборуваш така супер жена, ми има предавано 1 година во медицинско п.с. браво за идеата за поклонот :up: