На класната две години што ми предаваше и купивме привезок за ланче и еден букет цвеќе, а на класниот му купивме часовник и пијалок.(вечерта ќе им ги дадеме)
Ајде девојки, среќна да ви е матурата на сите Овие се ваши денови кои сум сигурна дека нема никогаш да ги заборавите Убав помин
Ние на нашата класна и купивме ваков часовник, класната е многу млада, и сака овакви работи, едноставни но елегантни Нас матурата ни е утревечер, подготовките при краај се Убав помин на сите матурантки, одлично положена матура, многу успех и многу среќа понатаму
И јас сум утре. Едвај чекам. Имаше денес свирачи кај нас во школото, игравме И дома веќе почнати се подготовките за утре. Ептен сум возбудена и среќна.
На сите матурантики им ја честитам матурата, ова нека биде само еден почеток на вашиот пат на градеше кариера,остварување на планови,желби....многу успеси. Да си поминете најубаво што можете
http://www.plusinfo.mk/vest/43147/F...inava-so-trubachi-se-prostija-od-uchilishteto Може некој ќе се препознае од вас . Ајде јас ќе си чекам уште една недела.
Девојки, што е најдобро за носење на матура на дечко покрај убав часовник ? Дали вино или нешто благо? Се мислев за Мерси, ама не сум сигурна...Вие што мислите?
Според тоа што видов неколку слики низ интернет странициве и на ФБ браво и за матурантките и за апсолвентките, многу убави едноставни младолики комбинации. Конечно крај на ерата многу светкав сатен, предолги теткински тоалети и инвазија фустани Шери Хил. Се надевам убаво си поминавте тие што славевте, тие што ќе слават да си поминат најубаво, посебно моето Орце вечер слави со среќа момци и девојки. И уживајте во крајот на преубавите ваши 4 години од каде цел живот ќе носите спомени и ќе сакате да се вратат. И памет у глава за новите одлуки животни кои треба да ги донесете
Дали? http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 858&type=1 Ако некој се препознае, за утеха имаше и нормални комбинации, не велам не. Дури и 2-3 баш ми се допаднаа! Машките скоро не ги ни гледав, ама за другото сум без коментар. Осеќам кнедла во грло од кич и шунд!
^^Аууу значи и оваа година матурантиве т.е. матуранкиве си тераат кич филм, од овие слики што ги постираше CrazyStupidLove се докажуваа тоа. Којзнае колку метра сатен и колку пари се потрошени, а повторно кичот излегол на виделина. Не ми е јасно каде тргнале момичкиве во бели долги тоалети, на матура или на венчавка ? Само една или две девојки беа соодветно облечени за пригодата и за нивните скромни 18 години. Има исто и неколку добри тоалети, ама тие некако не ми одговараат на 18 годишна девојка која тресе газови на Милионерче и сл.турбофолк хитови. Без навреда доколку некој се пронајде, но воопшто не ми се допаѓа стилот кој матуранткиве го фураат.