http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 956&type=3 Eве дел и од струмичките матурант(к)и. Машките ко по некој шаблон цртани,сите до еден бре костум и ципела.
Стумичанкиве БОМБИ! 90% ми се допаѓаат и ги измањачив до даска. Многу убави девојки, убаво средени, за разлика од Битола и Кочани кај што има сатен и светки за извоз овие ми се допаднаа многу, со исклучок на Барбиката. Фаворит ми се девојкиве, најдобрите матурски комбинации кои ги видов. Спојлер https://fbcdn-sphotos-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/546379_10151129003028957_231002903956_13479062_13078689_n.jpg
Се сложувам со Мимс. Девојките од Струмица ми се фаворити! Сите ми се топ, со неколку исклучоци. Не сум по долгите фустани, ама струмичанкиве бобма изгледаат во нив, елегантни, не накинџурени и отмени. Па и машките се доста средени, со оглед на тоа дека машките немаат којзнае каков избор на одела, кошули и додатоци. Дајте линк од Битола, да ги видиме?
Лично јас не сакам долги фустани, сатенски, со светки или што ти знам таму. Кич до бесвест. Не ми се допадна тоа што секоја втора имаше на себе мастило или кремава боја( зборувам за во моето школо). Од толку многу бои овие 2 најмногу ги имаше. Јас си поминав супер на матурската, ги собчеков чевлите само кога се качив на бината да играме. Ама, тоа беше ептен малку.
^ И Албанкиве не отстапуваат од шаблонот, као Кочанчанки. Дури ниеден не ми се допадна. Штосен ми е овој модел само, класичен: Од материјаливе и моделиве боли глава, а најсимпатични ми се Струмичанките. Што лепота се собрала на едно место, бре бре! Искрено, само од нив можев повеќе да набројам како одлични, другиве ...
Зарем не е очигледно по фаците? И браво за девојкиве од Струмица, до сега најдобро од сите што ги видов! (Кочани, Битола, Скопје, Струга) Само не ми е јасно, ова е на некој плоштад во Струмица или? Е тоа ми е искрено многу селско, како и во Кочани и Битола (мислам) што поминуваат сите матуранти, па им плескаат, па леле леле, цел град се собира... Мислам дека е тоа премногу за матура!
И мене ми се допадна тоа што во преден план не беа шљокиците и сатенот,изненадија пријатно струмичанките годинава. Инаку ова е на плоштадот во Струмица,секоја година се збираат таму матурантите и од таму одат во ресторантот.
Ааа од струмичанки не ни очекував помалку.Едни од најсредените девојки воопшто ,според мене се дефинитивно од Струмица,ми се издвојуваат од другите градови .
Браво за Струмица, какви се средени, скоцкани, пу, пу, алал да им е, дефинитвно се издвојуваат од кичот и сатенот!Ако од другиве матурант(к)и имаше само 2-3 матурантки што ми се допаднаа, овде имаше само 2-3 што не ми се допаднаа.И со долги фустани не изгледаа помпезно и натрупано! Спојлер Еве, на овие мислам, преубави!
Aбе доста ми ги напаѓавте сограѓанките Се шалам си кажав јас мислење за нив, ама сакам да кажам и дека не било вака порано, погледнете годините кои изминале има прекрасни матурантки и матуранти, со стил, скоцкани, без долги тоалети, оваа година може се исклучок, ама сепак не се биле толку лоши одсекогаш.Јас ги гледав од Струмица и да бидам искрена и таму има некои кои претерале, јас видов неколку што ми паднаа во очи,стварно што беа прекрасни, а и некои кои ептен беа забегани. Само ќе додадам дека како и да е секој со свој стил и замисла.Се потрудиле, дале еден куп пари, средени се како така, не е добро толку да се кретикуваат.Крај крајот тоа е само облека, битно е како ќе ја поминат вечета, нели?
http://www.maratonci.com.mk/galerija/?d ... /Gimnazija Еве од Охрид ...пред 2 сати заминаа..фешти сега
Јас иако малку доцнам морам да ви се пофалам дека преубаво си поминав на матурската вечер (на 16 во средата), која дефинитивно долго ќе ја паметам. Ќе признаам дека се изнагледав се и сешто од сатени, кристали, шљокици па се до теткински фризури и тон шминка. Јас дефинитивно не спаѓав во таа група и сум презадоволна од целокупниот мој изглед (едниствено локните не ми издржаа до крај) ама тоа е најмалку важно затоа што откако започна забавата изгледот повеќе не беше важен. Носев пастелно розево фустанче со чипка, глог беше и имаше гол грб; пастелно розеви чевли (на кои штиклата има беше свтло кафена накај крем), исто таква плик ташна, мали бисрни обетки и алка. И секако си носев балетанки кои ми беа добредојдени затоа што цело време играв, се на се дали 5 минути седнав во Холидеј ин, а во 69 воопшто не ни седнав. Шминката не ми беше нападна а косата ми беше направена на страна во елегантни локни. Инаку од другите градови ги имам гледано сликите на матурантите од Битола и најмногу ми се допадна ова фустанче Спојлер http://www.femina.mk/out/?id=3697364444bb062ddff34967c23acdaa&safeurl=http%3A%2F%2Fmaturanti.konzuli.com%2Findex.php%3Fuciliste%3Ddolnata-proslava-2012
матрската ми беше во четвртокот и си поминав прекрасно но 2рата вечер се ми беше платено но во последен момент се предомислив и заминав со дечкоми и до една школска и дечкои на вечера прекрасно си поминував....но некако сега ми е криво што не заминав за Струмица почнав да се кајам и да мислам дека направив глупост..........
Глупости, сите економисти Спојлер не дека не спаѓет под гимназија ама... ги сликале, и истите пак истите на сликиве аман ... колку преубави момичина имаше,со прекрасни фустани, ова појќе роднини имат на сликиве од колку самите матуранти.. боже мој !
Инаку, годинава видно намалени сатенските тоалети/кратки фустани и све по списак - алелуја, се освестија девојчињава на време.
Струмичанки фини се, има доста убави девојчиња. НО, јас не сум јас, ако не промрчам, имаше една девојка мислам со реплика на Зухаир Мурад, која како изработка морам да ја пофалам меѓутоа претеризмот е во тоа што фустанот уствари е венчаница. Спојлер Еве на овој фустан мислев.Кој не ми верува нека ја побара 2010-11 колекција на венчаници на Зухаир ќе ја најде . Но овие девојчиња ми се супер скоцкани Ииии такоџе и девојкава во белиов чипкан фустан сигурно ќе може уште еднаш да го облече, свадба кога ќе прави, претерано е.