Во Охрид на сликите од страната што сте ја постирале видов со фармерки, матурантка е таа бе или е фамилија на матурантот, не ми се верува на матура по фармерки да пошла.
Струмичанките беа преубави. Само да ги видевте во живо.. лепотици. Која од која поубава.. Мене ми беше многу слатка таа со кремовото асиметрично фустанче (со големата вилица ). Девојчево зрачеше, ептен беше убаво, а и нон стоп се смешкаше. Ама, сите беа скоцкани бе. Лежерни фризурки, елегантни, скоцкани, абе милини.. Многу сум изненадена (пријатно). Прекрасни беа. Ама, тие се гимназијалките. Да ви ги покажам од техничкото и земјоделското, м? http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 956&type=3 http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 956&type=3 Ама затоа гимнацијалците се толку убави што и овие две школи би ги покриле.
Струмичанките ми се видоа најнежни, најпрефинети и фино стокмени и дотерани. Дури и во долгите фустани, изгледаа убаво и соодветно за свои 18 години (поголемиот дел зборувам). Остатокот, посебно оние од Кочани и Битола... Страшно. Не ми се верува каков вкус негуваат жените денеска. Доаѓа момент кога веќе не поминува онаа куртоазната - абе прашање на вкус е. Абре не е - до тебе е. Толку кич, сатен, лоши шљокици и фризури немам видено во животот досега. Некои одат и до граница на вулгарност, посебно оние со опашки позади, а предниот дел краток Спојлер допичњак. Мислам срамота. Сериозно. Една работа ме чуди - добро од дома не ги гледаат како се дотерале? И што им викаат? - Сине, најубава си.
Струмичанкиве стварно се пример за матурантки Со некои мали исклучоци само. За Кочани, и мене не ми фатија окце.. Ајде утре и јас конечно веќе! Скоро сите пројдоа,додека дојдеме на ред ми се одмили матурава
^ Стварно, Борис е шлагот на тортата, ајде покажете таму кои се најубави! Туку овие од Струмица гледам негде со автобус ги носат, смеам да прашам каде ?! Дали местото кај што слават е оддалечено од градот, или традиција е да се праи тура низ градот? Епа све сум видела, ама балски ф'стани во градски превозник-автобус да носиш, којзнае каква пародија е тоа. Шефееее, задна! Гимназијалките од Струмица водат, бар од приложеното. Абе Скопјанки ги нема нигде на интернет, ај ако има негде слики освен оние private што ги даваат таму у ресторанот, свадбарските.
Aj да бидам лошка, ама од лани и преклани што гледав и се изнагледав, морам да си кажам дека во Скопје, матурантките од Борис беа и повеќе од кич. Кичовштина!! Не хејтам, да се разбереме, ама Борис, уште од времето на сестра ми(времето кога сатенот дојде на сцена), има традиција на хаљини од кои очи болат. Секако дека има исклучоци, ама повеќето.... Орце и Карев имаа доста убави девојки, и убави и дотерани, за мерак. Можда јас и пристрасно помалку, ама до сега, од овогодинешниве матури, Јосип Броз водат.
ЛилБејби, славеа во Банско (Струмичко) во еден ресторант (воедно и хотел). Ама, можда е на 15тина минути од Струмица. Тука некаде, колку што сум упатена. едит - Стварно, кај се скопјани/ки да ги видиме бре?
Пристрасност(и) на нивоУ. Точно е дека лани имаше доза на кичерај во ф'станите матурски, не викам не, ја од класот можам само 3 да набројам од толку женки, кои ми беа океј и тамански. Абе јас си бев скромна, и тамански дотерана. Нежно нашминкана од мои раце, фризурчето исто нежно лелеаво, комбинацијата на боите - супер, ама срам ме фаќа да се истакнам овде. Очито Старфиш не си ме видела мене. Искрено, се осеќав дека сум премногу обична во споредба со тортите и свадбарските фустани, ама кога видов дека е полн погодок тоа што не сум накитена ко елка, си воздивнав и реков: `Ако`. Па искрено толку лажни пофалби собрани на едно место не сум видела, али ствар укуса, не? Единствен фејл во комбинацијата ми беше хулахопка-сандала моментот. Признавам дека напраив утка што не земав салонка, ами сандали, ама стварно беа во тон и одлично се вклопуваа, и не ми беше ладно се до вечерта кога тргнав накај хотелот, али шта чеш. Ај со Господ напред, може ќе ме спотера срамежливоста па ќе си го покажам делото овде.
Морав ова да го споделам со вас, да ги видите бугарките како одат на матура. Спојлер http://off.net.mk/zezalici/kanta/bugarija-odi-na-matura
^ Се гледа дека не им се давале парите на материјал за фустан, туку за нешто друго кхм трагикомично, више траги него комично. Очекувано, мислам, Бугарки се!
^ Сигурни сте дека не е маскенбал ?!?!? Се згрозив тотално. Овие од Планета за нив се калуѓерки со стил.
^ Е уште да се испостави дека се апсолвентки тогаш официјално ќе можам да пишам пропало ама тие се во ЕУ шала на страна, освен матурантки не знам што би биле инаку Кортни Стоден бугарско потекло да не има
не реков дека им фалеше нешто, ама реало само 2-3 девојчиња се гимназијалки на сликине, појќе роднини и глупости е сликвено наместо матурантите, стварно имаше некои преубави здивот да ти застанит, овие од струмица вода можат да им носат