^ Да да и медицина е денес Него и јас супер си пројдов на матура ,и искрено не видов барем ја многу кич. Имаше,не дека немаше,ама многу помалце од колку што очекував. Иначе, денес завршуваат матурите или уште има?
Да не се мислите многу многу што да носите, во секој случај од бугаркиве ќе бидете поубави Спојлер И еве ви еден предлог како да играте вечерта http://www.youtube.com/watch?v=WbQbKx0z ... r_embedded
Сакав да ги искоментирам и да му дадам пофалби на битолските дечиња (машките) Многу имаше интересни (од тие што ги видов на конзули) не беа класични како и секогаш костум, костум.... имаше многу добро скоцкани дечиња пантолончиња во боја, кошулче или блузе интересно па и марами имаше се на се мене ептен ми се бендисаја
Еве ме сега и мене . Вчера баш ми беше супер иако беше како едно обично излегување во град. Од мојот клас сите ми беа убави, немав некои замерки. Но, другите класови беа катастрофа. Се кичести фустани, балски и невестински. И од ресторанот не бев задоволна. Толку пари дадовме за џабе. Нема врска, ќе си ја паметам по многу работи оваа матура
Мислам дека си првата од која читам искрено и реално мислење и баш ми се свиѓа тоа. Бидејќи обично матурантките се убедени дека не смеат друго да кажат освен најубавооооооо беше, ноќ за паметење итн итн и постојано се шири тоа мислење дека матурата е нешто НАЈ НАЈ НАЈ доживување, а всушност е баш тоа, убава дружба и провод со соучениците.
http://maturanti.konzuli.com/proslava/2 ... ko-082.JPG ова ми се допаѓа http://maturanti.konzuli.com/proslava/2 ... ko-267.JPG ова е супер, ама шминката ми е пренападна а фризурата не ми се допаѓа баш...
Матурантки,се спремате за полагање? до кај сте? Сакав да ве прашам,дали нешто вашите професори/ки ви кажале за македонски? Што ќе има и како? Бидејќи нашата професорка НИШТО баш ништо не ни кажува т.е. незнае,што ќе ни каже..
http://forum.femina.mk/obrazovanie/...-t677/2060.html?hilit=државна матура#p1107699 еве ја има друга тема
Да, овие се албанците, од македонците нема на фејсбук; ако најдам од македонците без разлика дали од гимназијата или стручното ќе ви постирам да ги видите, воглавно убави беа скоро сите. Ама , да појаснам училиштето не е само албанско! Има и албански и македонски паралелки и сите учат посебно и матура слават посебно.
Бугарските матурантки како да излегле од бордел, а не од клупа Бугарските матурантки, кои деновиве се вистински хит по интернет-порталите, изгледаат како да избегале од бордел, а не како да излегле од училишната клупа и се упатиле на својата матурска забава. Фактот дека светот останува на младите деновиве прилично ја загрижи бугарската јавност, која е шокирана од фотографиите и клиповите на кои девојките се стокмени во дискутабилни тоалети погодни единствено за на Плејбој журка. Познато е дека младите луѓе, посебно девојките за каква било прослава имаат тенденција со гардеробата да привлечат внимание, но матурантките од соседството покажаа дека имаат специфична идеја за модерното и совршеното. Ученичките за свечената пригода одбрале фустани, кои на тацна ги нудат нивните облини, па на сите страни фрчат деколтеа, стомаци, нозе, задници... За изработка на костумите оскудно облечените принцези не штеделе ни на пердуви, крзно, тантела, а има и по некоја подвезица. Како сето ова да било малку, па една од нив на забавата дури стигнала и со коњ. Што ли им се чинело кога го осмислувале стајлингот - дека одат на избор за најлош фустан или само сакале да ја насмеат целата земја и соседството. А се поставува и прашањето од каде ваква инспирација? Кој знае можеби бугарскиот турбо-фолк кој е широко распространет помеѓу тинејџерите си го направил своето, па девојките само се потрудиле да изгледаат како омилените пејачки диви. слики: Спојлер Изворно
^^ Па чуденка беше, кога од Офнет објавија дека статијата за бугарските матуранти е најсподелувана и најчитана. Исто и статиите на Fail.mk каде што има клипчиња од прославите. Што повеќе да се каже? Очигледно дека го добиваат вниманието кое сакаат да го привлечат. Такви хаљини, ако може да се наречат хаљини, нема на друго место во светов. Баш со другарка се смеевме дека хит модел им е оној со гол стомак, само градите покриени. Бугарштина одвратна!
Барајќи нешто сосема трето на фб, ја отворив страната на Универзитетот за туризам и менаџмент (Utms Skoje) кога гледам има доста слики од матуранти од скопскиве средни училишта. Штознам, интересно - барем за гледање. Додуша ова не си ни 20% од матурантите ама одприлика дава слика. Има некои стварно убави комбинации. Само некако ретки ми беа. Видов едно фустанче - сон. Е сега имаше и стварно лоши комбинации. Несакам да вадам слики, пошто глупо ми е јавно покажување со прст и ругање, кој колку можел, како знаел се спремил. Ама пак, не е само да имаш тренди фустан, гола нога гол грб, туку и убаво да го склопиш и секако да знаеш да го носиш (ако е модерен фустан со дупка на стомакот или 15 см штикли со платформа тоа не значи дека мора убаво и да ти стојат). Некои повеќе се огледале на бугарките отколку на советите од феминки хаха Ретко кој некогаш си бил задоволен од самиот себе после матурата, сите си имаат најдено најмалку една мана, ама на таквите грешки се учи, па со памет после на аполвентска Ме разочара упорната присутност на сатенот, до кога такво китење :geek: