^ E и мене баш ме интересира што видела, а го тргнувам на страна фактот дека овие испади ме нервираат. Па побогу, не е гола. Тоа што облекла старки е нејзин избор. Значи, ако полуматурантка опне штикла 12ка, одма коментари фрчат - леле види ја ненормалнава, аааааа, брза да порасне, како така. Ако можело едно вакво да носи штикла од која боли глава, не гледам причина зошто пак 18 годишно моме да не облече нешто ниско, во случајов патика. Така си сакала, така си направила. Енд оф стори. Башка, фустанот е сосема ок. Да беше од типот на нашиве струмички невести, би коментирала, ама се гледа дека девојчево си фура сопствен стил, мислам оладете и поштедете се самите себе од вакви сувишни коментари.
Ја дури сега ги гледам старките, и не гледам ништо страшно. Освен што си фура нејзин стил, се издвојува од толпата не е како сите во штикли ама не е негативно, тоа била нејзина одлука.
^^ Не реков да опне штикли, а и немам ништо против стартките. Ако сакала стартки да носи, барем нека облекла некој друг фустан, не толку свечен. А ако веќе не сакала да носи штикли, туку нешто ниско, тогаш можела да обуе балетанки, некои сандали. Немам ништо против девојчето, туку и се чудам на комбинацијата. Можеби таков и е стилот, ама една вечер можела да издржи да носи балетанки, пак ќе речам доколку не може или не сака да носи штикли.
Gothic и балетанка ќе му дојде нешто као залутан металец на турбофолк журка !? Уатевр, мене ми е сосема океј и сум за оддалечување од униформираноста, у стилот на - елегантен фустан и штикла, макар ниска се задолжителни. Јес да е свечен настан, ама секој со желбите и можностите. Џст сеин...
Пак еве и тука ќе прашам, дали негде на нет ги има матурантите од Перо наков- економското од Куманово???
Мене па баш ми е интересна и уникатна! И вие што напаѓате дај ставете вие слика да ве видиме! И се издвојува од толпата без разголување миничи исл... Фустанов ми е баш во некаков нејзин стил патиките исто и фризурата-уникат!
Сега темата ќе стивне до наредната година онаму некаде Март, Април и Мај кога матурантките ќе се секираат што како. Инаку матурата е само обична вечер(налик на свадба)каде најважно е да си поминеш најубаво и никој не гледа како си облечен или каква ти е фризурата и дали си налакиран или не, секој гледа да си помине најубаво што може. Затоа совет до идните матурантки, да не се замараат многу со матурата.
Kога ми даваа вакви совети пред матура, скоро да превртував очи, сега викам ее да ги слушав тогаш Мој совет, никако, ама никако корсети, освен ако не сакате цела вечер да го дигате. Мене ме умреееее, ми доаѓаше да го соблечам фустанот, неможеш да се изнаиграш на раат
Jas nosev kratko fuststance no pozadinata bese dolga navistina prekrasno izgledase iako sega se pomnati maturive mozes da si napravis za nekoja druga prigoda
Јас ќе има дадам еден совет на идните матурантки Долг фустан никако, јас ептен се каам шо сошив таков, нонстоп го држев в раце не можев салам да заиграм, и плус го искинав, сега да сум ама воопшто не се замарам со та матурата, исто ко свадба, само шо нема зет и невеста. Краток фустан и забава до бесвест
Јас незнам зошто толку многу се замараат со подготвување кога тоа е обична вечер ..Јас лично се подготвив за 3 дена , не ни се замарав ни напињав ... Сакав не натрупано но интересно и да се разликувам бидејќи кога отидов скоро пола од присутните беа copy -paste , физури ко теткици , пола начукани неможат да одат , ги влечат по тоа скалите и што? Некој и го примети фустанот што и се влече, фризурата за која дала 50 евра , ноктите итн... А јас потрошив помалку од 50 евра за целиот изглед . Добро сепак олеснителна околност ми беше што фустанот ми беше подарок .Имаше коментари за мене зошто не си ставила обетки што светкаат ? А јас уште додека си го планирав изгледов сфатив дека не треба да се натрупувам имам детаљи на фустанот и тоа скоро преку целиот , алка , прстен и тоа е доволно . Матура ко матура , и онака е обична вечер каде е само битно убаво да си поминеш !!!!! п.с : за добра забава без престан задожително носете и балетанки покрај 12ска штикла