Лелеле ма немој ти.Тоа ти шо го глумиш сега девојко јас го видов ехеее. А ти што се потресваш на мојот пост м? Те потреси изгледа а? И ако сакаш и сто фустани купи ич не ме занима.Овие како тебе шо се пуфкаат со фустани,најчесто се мажат одма после матурата,така да желбата за факултети останува само желба.
Ахахахаха абе многу се потресов на твојот пост. ЛЕ ЛЕ ДЕВОЈКО! Смешна си многу. Дај олади, се гледа колку си искомплексирана по постовите. Што имаат врска фустаните со желбата за факултети и мажењето??
Абе џабе се туби сеа коа после година дена од матурата сами ќе си увидите колку сте се глупирале. Ама секој со своите желби и потреби
Хаха. Малце глупичок пост. Ај не туку се резили, ти ако треба да креваш кредит за 2000 евра (макар шо сумњам некој толку да потроши) на некој не му треба. Греота, и жално, среќа не си едниствена Да нема расправи само мое мислење
Е, матура је права џева која треба да се дигне. Јел тако? Со сите церемонии, вклучувајќи ја и онаа со сликање за табло. Туто комплето се отвараат циркузи по дома, се трошат пари и на то шо треба и на то шо не треба, за една вечер од неколку саати (за која сега ќе ме нападнете дека се дешава еднаш во животот, дека е уникатна, треба да биде незаборавно и вреди се', ама баш се' да се превземе и направи и потроши), у која на крајот среќничките ќе си ги извадат влечките за по дома од чантата за да фрцкаат пајдушко, а оние помалце среќните со пликчиња ќе си вртат по една штикла у секоја рака и ќе скокаат боси. Ќе почне со Стани моме да заиграш, а ќе заврши со Растајемо се ми, и сите ќе плачат и ќе ѕвиздат демек многу се сакале у средно, ќе се гушкаат и ќе си велат : Фак, кој ги онакви бившите кои ги делевме и за кои се каравме, дојди да те бакнам срц матурантка си. Еднаш се живее, а? Јас мислам дека премногу накинџуреност, та вакви фустани и накви штикли и шминка до бол не ве прајт убави за матурска. Можи си го затворате премногу духот и не личите на себе. У осталом повеќето се ко тетки, ама што е тука е. Секој со својот ум.
^ Не можам, а да не се сложам. Разбудете се! Спојлер Не се појавувате на црвен тепих. Иако за жал некои училишта actually постелуваат таков
годинава и јас сум матурантка и размислувам што да носам...знам дека е само неколку часа но сепак... сакав долг фустан да носам но за жал не сум висока и не би изгледало убаво :/ имам многу слики од фустанчиња во РС но добредојдени се и вашите идеи
знам дека е многу рано и не се оптеретувам воопшто со тоа...но бидејќи планирам да шијам фустан само разгледувам слики...онака отприлика да имам некоја идеја
Небитно дали ќе шиеш или ќе купуваш. Што е рано рано е. Почекај да помине зимово,па ќе видиш модата што ќе изнесе за пролет/лето 2013
^^ Немојте многу да се оптеретувате, немојте од личнo искуство ви кажвам, лани бев матурантка, си сошив долг фустан, ептен се кам, ама ептен, цел го искинав(то беше од мое невнимание) и уште еднаш нема клавање. Клајте си кратко фустанче, изнаиграјте се ко луѓе, изнауживајте се и сигурна сум дека пак ќе го облечите. Ќе видите дека ко ќе помини, ќе си речите Леле како сме можеле за толку големи глупости, огромно значење да му придаваме. Ќе видите ко ќе ви помини, али еуфоријата е пред се, Ве разбирам
планирав и јас долг фустан да си сошијам...но не сум доволно висока... сепак ќе треба кратко...воопшто не размислувам каква ќе биде модата па да бидам во тренд со се што е најново...ќе сошијам онаков модел мене што ми се допаѓа,независно дали е од оваа година или ќе биди од мода за проле/лето 2013
И јас не сум висока, па долг носев, не гледај така Ако сакаш соши си долг фустан, ама треба многу пазење, и напрај си го пократок не скроз до земја, јас ептен се зафркнав со то, останав со фустанот в раце
Вистина е дека е уметност да се оди во долг фустан.Посебно играњето во оние со опашки.Е дури од такво нешто нема потреба За идиотизмот на некои матурантки еуфоријата изговор не е.На пример другарка ми им ги земаше последните пари на домашните само за да сошие фустан.Ја чинеше 7000 денари само материјалот, а башка за рака.Замислете што направи, и тоа баш со намера.Дојде се слика и го соблече.Стави краток никаков, износен и веќе виден.Јас да и бев мајка ќе и залепев воспитна уште кога и ја најави таја дебилна постапка.Да се немало осет. Секоја матурантка ќе ја посоветувам да си тера кеф, ама не луксзен.Не за друго, ами како што кажа Ади..не вреди верувајте.Облечете се и во долг ако ви е филм, ама имајте во предвид дека се работи за матурска прослава а не одите на Оскарите. Мојот фустан беше долг.Си го купив готов иако планирав да шијам.На закачалка од прва не го бендисав, ама на инсистирање на мајка ми го пробав и се вљубив.Не видов голема мака во играње и во одење.Беше соодветно долг, не се влечкаше зад мене.