Што мислите?? Тој модел, само кремас со црвени штикли и плико. И да ги нема тие на рамената. Или некој ваш предлог за со овој модел на фустанче?? Не сакам ептен тетка да се правам. А косата мислев да ја направам бидејќи си имам комплекс со ушите, по никоја цена нема да се гледаат
^ Фустанчево е бонбона. Не би му менувала ни боја, ни пределот кај рамената. И фризурката ќе ти биде таман за со него. На оваа боја можеш стандард со крем салонка, ама нежна тиркизна би било баш интересно. Ташна различна боја од чевлите. Дискретни обетки и средена си.
И јас мислам дека е преобично посебно тоа со чипка а првото не знам како изгледа од напред. Нормално како си сакаш тоа е твој избор
Одговара, како не одговара. Не значи дека ако е матура, мора да биде накитено. Првото повеќе ми се допаѓа, второто е веќе носено.
Според мене второто е многу “мало“, многу е кратко и има гол грб а и тесно е , значи многу разголеност за на матура додека првото иако и тоа е со отворен грб сепак е подолго и не е тесно. Сепак ти си знаеш но јас би го носела второто
Јао. Понакитено бидејќи е матура? Не постои кодекс на облекување. Мене искрено многу ме збуни ова мислење. Инаку секогаш при шиење може да се одлучи подолго да и го направат, доколку така сака. А и да е волку кратко, што мене не ми е претерано, нежноста на фустанот веднаш покрива се и изгледа дамски. Двете се убави, иако јас би го одбрала чипкастото. 1. Затоа што е прекрасно 2. Обожавам чипка 3. Другото малку те ограничува во комбинирање, и можеш лесно да зезнеш.
Би сакала сличен, но црн и со измени во горниот дел, и штикли во силна боја, на пример црвени и црвен плик.
За матура планирам да носам нешто вакво Ќе го шијам фустанчево, е сега се мислам каква боја накит и штикли да искомбинирам Any suggestions?
Па ти најдобро ќе си одлучиш во која боја ќе го шиеш и со што ќе го искомбинираш, зошто тоа е твоја вечер, твоја матура и ТИ ЌЕ ГО НОСИШ, не ние Може да биде и во боја како на сликата и во некоја боја која тебе те отсликува или се чувствуваш најпријатно или во твојата омилена боја или боја која едноставно си одлучила да ја носиш на матура без некои влијанија од други страни.(зборувам да ти се меша некоја другарка во изборот со сугестии, црвената ти стои поубаво од сината и дрн дрн, значи најубаво е сама да си донесеш одлука за после да не ти биде мака). Се надевам и покрај тоа што не ти кажав конкретно, некако ти помогнав. Ако планирам да го шиеш во боја каква што е на сликата, можеш тегет штикли, црни, бели, бојата на самиот фустан и тоа ми текнува моментално. НАЈБИТНО ПРАВИЛО ЗА СИТЕ МАТУРАНТКИ: бидете свои и уникатни во изборот!
многу ми се допага твојата замисла, фустанот е преубав и да го оставиш вака во горниот дел пак е убав.
За тие што нема да шијат, ме интересира од каде планирате да купувате? Шопинг во Солун, од тука, или од негде пошироко?
Јас мислам дека многу девојки ја преувеличуваат матурата. Секако дека и јас се радувам, не викам не ама па на ништо не личат сите тие светки, тој "гламур".. Да не бидам офф топик, јас се одлучив за изгледот на фустанчето, па да ми препорачате каде би можела да го шијам?
Би ти ја препорачала Софија. Ќе платиш возач или ќе одиш со автобус, и ти гарантирам дека нема да се разочараш. Јас го купив мојот фустан во првата продавница во која влегов.
Mall of Sofia и Сердика. Тука се снабдив јас со облека. Цум и Цариградско шосе исто така се популарни. Јас планирав да идам на Ц. шосе поради Алдо но веќе имав купено сандали. Инаку Цум го препорачувам ако планираш да дадеш повеќе пари. Цените се малку солени.