На црна долга коса, каква боја на фустан би одговарала? Црната мислам дека би ме затворила повеќе.. или не? фала однапред
Јас би те советувала да не носиш црна, не само што ќе те затвори но и не е соодветна боја за на матура -мое мислење. Сепак тогаш се носи повесела,поразиграна боја Овие најмногу би ти одговарале, јас би за црвена, а и зелена добро стои http://www.capturebrides.com/Images/Sim ... s-Gown.jpg
На висока девојка поубаво е тесно или широко фустанче? За должина знам дека може и долг и краток , но сакам кратко само незнам дали тесно или широко
Пишав и во темата фустани па еве и тука, ако може да ми дадете страни за предлози за фустанчиња.. Времето се ближи, треба да почнеме да се спремаме за матура
Има многу убави фустанчиња, а и евтини во Кичево. Братучеда ми лани правеше матура, и иако е од прилеп, таа го купи фустанчето во Кичево Преубаво беше, а и многу евтино. Го купи за 1110 денари, а материјалот како од свила
Оваа година се во мода асиметричните фустани и суќни, а и мене премногу ми се допаѓаат, и дефинитивно би носела за каква и да е прилика. Немора да биде првата вечер, но втората или третата сигурно!
Сега се во мода асиметричните фустани. кои мене многу ми се допаѓаат И сега да бев матурантка ќе носам асиметричен или краток некој посвечен, долг не дефинитвно, оти неубо поминав, еве некои кои ги видов низ темава и ми се совршени за матура Совршенство ми е ова црново, совршенство Со некој од овие би биле прекрасниии