Девојки и јас оваа година сум матурантка па се мислам за фустанот.. Сакам да носам бебешко розеви штикли обична салонка и сакам фустанот да ми биде црн со отворен грб и голема машна розева позади обичен краток,тесен ама сепак се мислам незнам дали таква комбинација.. Вие што мислите и ако може да ми дадете некаква идеа?
мислев и јас нешто такво, поточно овој што ми е на cover ама па некако многу ми доаѓа, со гол грб и се предомислив.
Одлични ви се идеите и на двете,само ќе додадете некои 5 до 10 цм повеќе на должината на фустанот и ќе биде совршено,бидејќи веќе е гол грбот инаку убава идеја. Јас кога бев матурантка да имаше некоја од моја генерација со ваков фустан ке и се клањав,штета што повеќето беа облечени за на бал
Да ми предложите нешто, Ве молам Ми треба фустанче како за матурантка, моделче ама за дебели. Некое моделче што прикрива, или пак да ми кажете некоја страна, линк и слично кај да барам.
Не знам колку си полничка најдов некои моделчиња што ми се допаѓаат за покрупни. Ако имаш стомаче мислам дека нешто што би паѓало надолу под градите добро би било за прикривање. Еве сликички во продолжение.
Фала што си се потрудила, иначе за братучедка ми барам таа е матурантка, и на интернет воопшто не најдов све се манекенки фала, убави моделчиња се.
^ И овде има многу предлози. Повеќето од нив убаво изгледаат. Нека си разгледа =) sliki-moda/polnicki-i-ubavi-t11667/
Лелее првите три преубавиии Ај од мене нека биде првиот , многу убава комбинација на бои и делува нежно , женствено
Потполно се согласувам.Премногу ми се бедиса. И јас годинава сум матуранка , нема да шијам ќе купувам дури не си пробам не ми е ич сигурно .А дали долг краток , ваков таков модел абер неам што ќе ми се бендиса тоа.Вие што ќе купувате кога планирате да купуватеи од каде?
Девојки сакам ова фустанче да го носам за матура,само уште малку пократко и машната поубава и посветла розева со розеви салонки.. Ви се свиѓа комбинацијата или според вас треба нешто да сменам?
И јас сум матурантка ама не се многу замарам. Да положам матура со најдобри отцени ќе гледам. За фустан, долг нема шанси. Сакам да си прорипам и да си се изнаиграм, а не цело време да го подигам, да се сопнувам и газам. Најверојатно ќе биде едноставно нешто. И во осмо си бев уникат, така планирам и сега. Последниве години на матурските гледам само кич, кич и како униформисани се повеќето. Секоја чест на оние поразличните. Може ќе си шијам, ама не верувам. Ќе тркнам до Бугарија. И не сакам свечен да биде, па ем ќе можам и после да си го износам. За фризура баш и немам избор со клемпавиве уши, + и се ошишав денеска ама баш ми е гајле. Маникир нема да правам, имам долги нокти и убави, само ќе си ги нашарам нешто, а не верувам дека ќе има потреба од шари бидејќи не сакам џинџурлатки по ноктите. Една комшивка може да ме нашминка. Ќе си земам високи штикли и у ташната ќе бутнам едни балетанки. И толку. Немам намера да лепнам едно чудо си пари за фустан и за шминка и за све. По концерти ќе си одам!
А колку пари мислите дека е логично да се даде? Значи сепак матура е, прославуваш завршеток на еден важен дел од својот живот и се збогуваш со детството и адолесценцијата и славиш созревање, но сепак е една обична вечер и фустанот можеби и нема никогаш повеке да биде облечен... Јас над 500 евра не би дала.... всушност над 300 не ми се дава, ама па поубави се тие поскапите Ми се допадна еден од 900 евра, значи се заљубив, но мислам дека е премногу... Мислење ?
Има алтернативи со шиење, ако си подготвена да дадеш голема сума, барем ќе ти направат таков каков што ти одговара и тоа со многу помала сума. Според мене, не е само фустанот во прашање. Ќе има и други трошоци. На крај, не се работи за твоја свадба па да потрошиш толку пари за фустан за кој реално, ќе имаш само 2-3 прилики повторно да го облечеш (а можеби и не). И за матурски фустан е навистина премногу! Апсолвентска и дипломска се далеку поголеми достигнувања од една матурска. Не би требало да се претерува со цените...
Според мене и 500 евра е многу. Штознам, можеби е до мене, не сум некој кој многу се „потресува“ за вакви настани (тоа не значи дека не сакам да изгледам добро). Многу девојки се замислуваат во гламурозни фустани на матура, во балски фустани како невести и слично, но не и јас. Го кажав сето ова за да имаш предвид каков тип сум, па да знаеш од кого доаѓа мислењево. 900 евра?! Каков е тој фустан, да не е невестински? Поубави се поскапите фустани, но размисли, вреди ли? Луѓе со 500 евра живеат со месеци! Да, еднаш во животот си матурантка, но тоа не значи дека треба да фрлиш толку пари на фустан, туку да се забавуваш и незаборавно да си ја поминеш таа вечер. Бев матурантка пред две години и воопшто не зажалив што потрошив помалку пари на матура. Парите што не ги потрошив за облека подоцно ги дадов за да си купам професионален апарат, нешто што го сакам, ми користи, и трае. Сепак, тоа се приоритети, но јас би одбрала нешто со трајна вредност пред крпче облека кое е прашање колку пати ќе го облечеш.
Анистон само за фустанот најискрено ни 100 евра не би дала! Нека се и 100 ајде, ама повеќе од тоа не ми се даваат. Зошто да плеснам толку пари на еден балски фустан или ала ред карпет за да не го облечам никад више? Џабе ќе ги плеснеш парите на твоите. Јесте, еднаш во живот е ама поубави спомени ќе имаш ако гледаш да си поминеш убаво. И не, неможам да ја сфатам сатисфакцијата кога ќе речат дека купиле фустан од 20 илјади за матурска.
500 ? 900 ? евра за фустан ? На фала. Не би дала толку пари за фустан сигурно. Со тие 500/900 евра шитнати за фустан ќе си уплатам летување негде. Секоја година имало и ќе има кичерај, светулки, камења, корпи, кошници и се остало, што искрено воопшто не ми се свиѓа. Ќе си носам кратко фустанче, можеби ќе го шијам, можеби ќе го купам не знам. Битно не се замарам уште со тоа рано ми е.