Поубави биле поскапите фустани. Тешете се. Има прекрасни фустанчиња,баш разгледував вчера за 1200 денари. Да ти е ќејф пак да си матурантка со овај памет. А, од што ќе сакате да бидете што поуникатни и позабележливи, ќе испаднете само кловнови. Еднаш се славело матура. Па и денес денов е единствен, па не се глупираш. Плус тоа, ако купите скап фустан нема да биде зошто бил посебно убав и уникатен, туку само за да се фалите. Мали разгалени дечишта, 900 евра за фустан за матура. Па, на Ели Саб да не купувате или уште ќе ви мачка очи Елена Лука? Далеку е сонцето до дамски изглед.
Следната сабота ќе одам да си разгледам, па ако најдам и да си купам фустан за матура. Посочете ми некоја продавница во Скопје што има фустани како за матура и секако со пристојни цени, бидејќи не планирам да потрошам повеќе од 3000 за фустан. Ни мене не ми е сфатливо тоа толку пари да се давало за една вечер. Помислете малце и на другите трошоци што следат. Па требало пари за во дискотека, за ресторан, за штикли, фризура, шминка, накит, чанта, некое палто или наметка ехе им нема крај. Па уште ако сте виделе сличен модел на овој фустан, супер.
Извини јас си ги заработив моите пари за фустанот ! Значи цел средношколски живот работев, по кафичи, чистев дворови на лугето, за летото во фабрики во фирми, им правев проекти на глупите студенти за 1000 2000 денари, за кога ке дојдат такви денови да можам да си дозволам што сакам ! Значи се што изработев ставав на страна, кога сите излегуваа дотерани за кафиња и вотки и трошеа по 300 денари на вторник вечер, јас со рубите за по дома шетав по парковите со 0 денари, бидејки и не сакав ништо друго ! И не, не ми ги мачка очите ни Елена Лука, ни било која проста шивачка... Ниту Ели Сааб, инаку да планирам да си купам дизајниран фустан, затоа што така сакам, така ке се чуствувам поубаво, не дека ке има сваровски на него и ке сум клован како што ти си опиша, туку сакам да биде навистина квалитетен и елегантен, бидејки си заслужив. И мене ми се многу 900 евра, реков дека таков ми се допадна, од 500 не би дала повеке. И не ми е за фалба, туку за мене. Утре може сестра ми ке се мажи, зошто да немам добар фустан ? Незнам што е работата, но изгледа некои се навистина искомплекрисани па дават такви мислења, можеш да бидеш клован и со 1000 денари... Парите немат врска со тоа..
Коментарот од страна на Ashling не е на место барем според мене (и повторно да не се сфатиме не мислам ништо лошо!), но не е само од неа туку од повеќето членови. Веднаш се почнува со осудувања! Може да се каже и без навредувања. Сепак ти сакаше да се консултираш, а не да бидеш предмет на исмејување. Немаш потреба никому да се правдаш. Од друга страна Aniston, зошто не би ги чувала парите за нешто што повеќе ќе ти користи? Или наместо да ги потрошиш сите пари (условно кажано) на еден фустан, зошто не си земеш повеќе кои ќе можеш да ги носиш и на другите вечери, а не само на матурската. Да бидеме искрени, нема премногу места на кои би облекла фустан кој е со толкава цена. И не би ти се исплаќало за 2-3 облекувања да ги даваш тие пари. Можеби ти ќе се чувствуваш убаво, но можеш да отидеш на шивач/ка па да ти го направи сосем во твој стил и вкус и да заштедиш тешки пари. Според мене, има поголеми моменти од матурска. Апсолвентска, дипломска, магистратури, докторирања (во поглед на образованието). Зошто не си ги зачуваш парите за тогаш? Зачувај си ги и тогаш кажи си дека фустанот ти е купен со свои заработени пари од средно.
Скроз ке те поддржам...Јас си дадов 9000 за фустан за матура...Можи не се многу ама сега да ми е тој памет ке потрошам најмногу 4000 и со другите пари би си купила нешто шо ќе можам да го клам за секој ден...Помина и тој ден летнаја парите за 5 саати работа и ете го седи во плакар... Не мора да значи дека мора сите пари да ги дајш на фустанот...Заслужваш чим толку си работела не велам не,ама можиш да најдиш квалитетни парчиња по солидна цена и да се осеќаш како принцеза секогаш ко ќе ги облечиш
Добро бе Aniston цел средношколски живот си 'рмбала за само еден матурски фустан, за што? Колку и да се мислиш гламурозно и дамски имај на ум дека ги имаш само 18, на вечер каде ќе бидеш забележана во првите 5 минути и тоа само од дежурните посматрачи на фустани,а додека трепнеш сите пијани и никој нема да се сеќава, а можеби и твојата елеганција ќе се претвори во сопкање на сопствените штикли. Збеснати сте бе! Да, парите немаат врска со тоа. Апсолутно немаат врска. Зошто знам полно и секоја година е истата приказна, девојките што ги платиле најскапите фризери, шминкери и фустани донесени од Милано изгледаа тотално промашено, ма колку и да се мислеа дека се елегантни,за разлика од девојчиња кои беа со најобични фустанчиња,малку шминка и средена фризура. Да не ти водам евиденција во парите, но јас пре би одбрала добар социјален средношколски живот, да си заминиш некаде на патување, наместо тие 4 години да ги поминам во работа за една вечер на која 80% од генерацијата,а можеби и ти нема да се сеќава. OmniaVanitas ако се примети и ти ја осудуваш,ама на поблаг начин. Разликата е што некој тоа го прави директно,а некој индиректно. Никој не ја исмејува,само сите и укажуваат дека толку пари само за матурски фустан не вредат. Сега барем е време кога и ефтиното е убаво. Но,таа си знае, нејзини пари, не и се мешаме. Но, штом некој ќе пиши овдека нешто, треба да очекува и да биде искритикуван за истото,а не само да го поддржат. Леле да, вреди секој денар за убав фустан. Вреди ако татко ти е Мијалков. Јас ќе да сум таа искомплексираната што не и е важно дали блузата била испод 300 денари,се додека е убава,а не другите што мислат скапата облека ќе те направи некој курац и пол фактор во окружувањето во кое се наоѓаш,ученици од 17-18 години. Или јас патам од комплекс на нижа вредност или спортивните од комплекс на виша вредност.
Не, ја советувавме што би можела да направи со парите доколку не ги потроши само на фустан. На крај, нејзини се и што сака ќе направи со нив. Само сакаше претходно да се консултира и си доби наше мислење. Јас никаде не напишав што да направи туку што БИ МОЖЕЛА да направи. Тоа е голема разлика. И никој не ти кажал дека не си во право. Туку ако очекуваш да НЕ те критикуваат за начинот на изразување, можеби и треба да го промениш. Во спротивен случај очекувај и ти критики, а не само да ги даваш
Леле бре, 100 евра, 150 евра за фустан, па и велите „можеби не се многу....“ Девојки, искрено, тоа се навистина многу пари за фустан, за тие 300-500-900 евра не ни коментирам. Има талентирани шијачки што истиот фустан ќе ви го сошијат за 2000-3000 денари, со таков материјал, за да стои така нели. Јас повеќе од 3000 не планирам да дадам, иако тој што навистина ми се допаѓаше чини 150 евра, а и да го шијам чини толку зошто таквата чипка и тука е толку скапа. Секако, имав и друг во план, па најверојатно ќе биде тој. Ништо светкаво, комплицирано и кловновско, и истиот ќе можам да си го носам и на други прослави.
Ти би рекла : Девојче, срце,злато, све си супер, ти си знаеш најдобро за твојот живот и зошто го продаваш своето тело. Јас би рекла: Курва си. Темава е за матура и за матурскиот фустан и критики и пофалби(дали за веќе купениот или при изборот на фустан-независно),а не за начинот на изразување на Ашлинг. И како јас тоа ќе се изразувам е лично моја работа. Се додека не зависам од некој за пари или за некаква си позиција, имам право на слобода на говор нели? Да,а тоа што БИ можела да направи, ако прочита погоре, го пишав и јас. И не е разлика никаква зошто и двете истото го пишуваме, истото и го мислиме,ама пуста желба да ја 'спуштиш' Ашлинг..
Оф: Спојлер Ashling ти го напиша тоа, не јас. Зошто јас би имала потреба или било каква причина тебе да те „спуштам“? За да докажам некому нешто немам потреба да „спуштам“ некого, особено не ако го кажувам моето мислење. Бидејќи ти самата го помисли тоа, можеби ти самата треба да си ги преиспиташ мислите. И од тоа што веднаш се суди, никој не се осмелува да постави мислење. Не мора веднаш со нападите. Сепак, таа е таа која ќе ја донесе одлуката иако ние мислиме различно. Секој со своите мисли. Повторно ќе напишам дека е подобро да си купиш повеќе фустани со тие пари отколку само еден. Од фустани никогаш малку. Нема потреба од некоја скапа марка бидејќи никој нема да знае дека е марка и ако дознае ќе биде од твое коментирање дека фустанот ти е марка и нормално, после секој алкохол секој ќе заборави што правел, а не пак да се сеќава на секој фустан поединечно. Aniston ти ја разбираме желбата, само не сфаќаме зошто мора да е дизајнерски? Зошто не би ги искористила делот од парите за да го сошиеш кај шивач/ка моделот кој ти се допаѓа, а останатите да се прошеташ низ државата/друга држава? Барем ако толку си работела да ти се исплаќа сработеното и да има нешто со што би се задоволила повеќе отколку еден фустан кој ќе го носиш не повеќе од 10 часа. Или да си купиш нешто за кое ќе знаеш и секојдневно ќе се потсеќаш дека го имаш благодарение со твој труд?
Со 500 евра, ќе идам во Солун, ќе останам 2-3 дена додека да разгледам, да прошетам, да си најдам фустанче и ќе си купам за 40-50 евра од Манго, Зара-Мара.... Штикли ќе си купам и се што ми е потребно и + ќе уживам покрај море, ќе се изнајадам гиро и сигурно ќе се избањам и засунчам малку пред матура. Ама тоа ти е, ништо по хистерично од матурантка! Тие што давате огромна сума на пари за матура ме интересира дали се каете неколку години подоцна, дали сеуште си се свиѓате и си аплаудирате на изборот? Јас искрено се каам што дадов 4000 за шиење на фустан и 1500 за шминка...
Omnia запомни живееме во Македонија, во земја каде богати се мафијашите и луѓе што живеат во хипотекарен стан, возат коли на лизинг и купуваат луксузни парчиња облека и парфеми на кредит и многу, многу мал процент на оние родените "со сина крв". Така да, да.. ќе наиде на осуда зошто секој си ја пушта чергата колку што му е долга ногата,ако живее просечен живот, допрва и доаѓа студентски живот кој треба да го живее,а не да фрла пари на обичен фустан.. зошто на крајот на краиштата освен ако не си напише на чело дека и е дизајнерски никој нема да ја препознае. Жално е да се докажуваш за нешто што не си. Што ме насмеа мимс "Ништо по хистерично од матурантка" Јас све на све за три вечери потошив 6000 или 6500 денари,а во цената беа вклучени : три фустани(од кои најомилениот го купив 600-700 денари),пантолони, сако, накит,маичка, 2 ташни, фризура, шминка и други попатни козметичарски работи од типот депилација, нокти и малечки трепки. Облеката не го прави човекот,а ако некој мисли дека ќе се здобие со некаков углед само што ќе навлече дизајнерски фустан за матура, кој ќе го носи 4 саати,а изгубила 4 години дружење.. повеќе е за жалење, него за осуда.
^ Не велам не. И потполно се согласувам со тебе. Ама ако тоа и е толку голема желба, џабе ќе пишуваме што е исправно, а што не. Ете и покрај забелешките дека тоа е многу таа пак се одлучила на фустан од 600Е. Подоцна можеби и ќе се кае но наше беше да дадеме мислење. Од тука па понатаму останува на нејзиниот разум. Спојлер P.S. Болеше што тоа што го мислиш го напиша на ваков начин?
Да работам цели 4 години во средно, а притоа да не си приуштам ни едно единствено задоволство затоа што штедам за матура за мене е глупост. Сите матурантки се припотресуваат, сите подоцна се каат. Што ми фали на мене што за матура поминав со 1500 денари за фустан (кој никогаш повеќе не го ни облеков) и 1000че за чевли? Да бев со овој памет ќе си земев нешто лепршаво и удобно, да го утепам од носење. И многу е интересно колку се разликуваат матурантките и апсолвентките, макар се работи за истата девојка. Колку што се замарала за матура, толку не се замара со апсолвентска. Пред се е практична.
Има многу поише убавини во животот него таа матура која е една вечер, навистина е преценета. Незнам зашто толку лошо го свативте коментарот на Ешлинг, само беше многу искрен. Неќете да го чуето размислувањето од другата страна што не е како вашето, ваш проблем, ама утре ќе си си имате проблем и со објективноста, никој нема цел живот да се согласува со вас. Девојчето што работело цело време за матурата размисли те молам дали сакаш да фрлиш голема пара за фустанот, те молам, ќе се каеш. Пошетај, иди на одмор, ексурзија, многу поише спомени и убави ќе видиш од фустанот што и да го носиш секој ден, а нема, не се исплати. Јас се каам што дадов 4000-5000 за фустан многу, можев и за пола цена да најдам, како што најдов за апсолвентска. Не ги гледајте тие од страна, секогаш ќе има некој кој ќе даде и милиони за таа вечер. Размислете убаво, да не се каете утре многу повеќе. Во оваа сиромаштија 500 евра се и те како многу пари. И не ги сваќајте коментарите како напаѓање, туку како совет. Србите убаво викаат: не слушај гаталец туку патилец.
Aniston, парите се твои, одлуката нека биде исто твоја. Ама како и феминките погоре, и јас не би ти препорачала да фрлиш толку пари за еден фустан. Јас поминав со многу поефтини комбинации и на матурата и на апсолвентската, па фустанот и штиклите не ми беа пресудни за проводот. До душа, што вика Тинкербел - подобро ќе беше да си земев некое фустанче што ќе можам почесто да го носам. Искрено не ми е јасно таквото притрескување за матурската вечер, родители буквално се позајмуваат од други за да им ги исполнат желбите на нивните деца. Реално, не е ни којзнае какво достигнување матурирањето, па сега толку фешти да правиме. Aniston, убава идеја ти даде Мимс - за тие пари прошетај си се до Солун, испиј си едно кафе на море, касни си гиро, прошетај си по продавници и купи си нешто многу поубаво за многу поефтини пари. Навистина е жалосно твојот четиригодишен труд да го потрошиш на еден фустан.
И јас ќе кажам исто што и Ана Каренина: Парите се твои и твое е како ќе ги потрошиш, но за мене е апсурдно да дадам баснословна сума на пари за еден фустан, кој после тие 5-6 часа ќе фаќа прашина во плакарот. Јас и кога бев матурантка, бев решена да не давам многу пари за облека, а воедно и сакав тоа што ќе го купам, да можам да си го износам. Така и беше. Носев фустанче кое го купив 900 денари и сандалки кои чинеа 1.200 денари, а чантичката ја позајмив, зошто знаев дека ако купам плик чанта (која тогаш не беше актуелизирана како сега), нема да ја носам. Ме шминкаше снаа ми, а за фризурата (најобична „балерина“ пунџа) бев на фризер и не ме чинеше многу. Така што, јас за мојата матура не потрошив ни 50 ЕУР, а фустанчето и сандалките си ги изнаносев двете наредни лета Ако се прашувам јас, со сумата на пари што ја спомнуваш, би си купила нешто што би ми останало во спомен и што би можела да го користам, или би отишла на добар шопинг и би си купила десетина парчиња облека и уште толку пара различни чевли. Потоа ќе имаш мирна глава цела година Море која година, за две си опремена
Ivy18 јас би носела. Анистон, штом велиш дека си се мачела толку за тие пари нели мислиш дека кога ќе си купиш нешто вредно, што ќе ти остане ќе ти се исполни срцето повеќе? Еве пример Оxy Moron си купила апарат. Ако планираш да одиш на студии почекај, не мораш да ги треснеш сите пари одеднаш на парче материјал за кое некоја година подоцна ќе се каеш. Еве моите штедат лаптоп да ми купат за на факултет. Можеш на летување да си отидеш. Да ги имам јас тие пари не си свесна што се би направила. Иди скијај, пливај, се што ти падне на ум. Јас разбирам дека бидејќи ти си ги заработила тие пари ќе ти донесе извесна сатисфакција тој фустан, ама ај, ќе помине матурската, ќе ги лепнеш парите и после што-ќе се сликаш по нашки. Сите кога ќе си излегуваат и одат по летувања ти дома ќе си седиш. Квалитетен фустан можеш да најдеш и со 100 евра. А матурската и не е некој којзнае колку битен настан. За апсолвентска можам само да си замислам каков фустан ќе ти текне. За фустанот што ти се допаднал, иди у најскапата шивачка у градот, па и у Македонија ако треба, пак нема толку пари да ти отидат у вода. Штом тооолку мачно си ги заработила парите, размисли убаво пред да ги лепнеш. Треба да ти биде драгоцен твојот труд и да го цениш времето кое што си го вложила. Инвестирај во нешто подобро.
Оф топик Во дискусијата за девојката која сака да потроши толку пари ( 500 евра) за фустан кои и се тешко заработени мое мислење е да не троши толку пари за една вечер т.н матура.Не дискутирам зашто и како бидјеки пред мојата матура таа 4 година на почетокот и јас бев луда ке купам ова ке купам ова ке носам ...се додека не се наближуваше матурата некако страстите спаднаа и купив 3 дена пред матура ( предходно седнав со моите и разговарав ) Во тој ден купив фустанче кое беше баш такво како што го замислував обично без светки тулови циркони и 300 глупости баш по моја замисла( од Мотиви)штикли некои 2000 ден од просечна продавница во конбинација со фустанчето и ташничка плико не повеке од 800 ден ... како подарок од моите добив венче за коса ланче и прстен од сваровски кои ги носам и ден денес и не жалам за парите.Косата мојата фризерка ништо нападно без сарми на глава пуштена со благи локни а шминка Даниел Николовски( не повеке од 700 ден ) и да фустанот го носам сеуште за излегување и др прилики баш ми се најде Како и да е вечерта помина јас си поминав преубаво униканта бев без никој да има ни дел од тоа што го носам а фустанот што го видов и сакав да го имам беше 22 000 ден кои гарантираа дека нема никој да го има уникати ( дали 2 модела само ) го видов го носеше девојка на мојата матура од друг клас.Замисли да се видов во огледало со него ? Како и да е не треба без потребно трошење на пари за вечер како што кажаа дека само 5 мин ги гледаш после тоа уживаш во вечерта и гледаш да се изнаиграш.За друга прилика можеби би дала до 200 евра за фустан ама можеби.500 евра веке се пари кои тешко се заработуваат.