Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Матура

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Janaaa, 1 декември 2009.

  1. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Искрено па многу ми е гајле ако имам ист фустан со некоја друга девојка. Сигурно нема и иста фризура, чевли,палто и накит да земе. Битна е само замислата и начинот на кој ке се изнесе фустанот, ништо друго.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Леле се убивте.. Па не го купив, едноставно мноооооогу ми се допадна, знам дека би било погрешно така да се пљуснат парите, но сепак сакам да чујам мислење....

    Инаку не ми се тие сите пари, значи на мои 18 години јас многу солидно се обезбедив за понатаму во животот. Значи иако моето семејство е богато, јас сепак ми беше кеиф во средното така да живеам, и сега си имам и јас добра сума на пари... мнооогу поголема од било кој средношколец во околината... Не немора да си мафијаш за да заработиш пари, можеби повекето се, но не судете, има луге кои со труд и водење сметка си имат богата сметка во банка. Не зборувам за мене, туку за моето семејство (да не мислите дека возам јас скапа кола или нешто, далку сум од тоа) И мислам дека не треба со такви долни зборови да се изразувате за мене, не да се фалам, но мислам дека од тоа што го напишам заслуживда слушнам - таа е средношколка со права визија за животот, а не како другите да ги јаде парите од дома за лигавење на сабота вечер... Тоа што сакам скап фустан за матура не значи воопшто дека сум лигава, или пак хистерична, или незнамшто слично... Ми се допадна фустанот, цената ме побрка па прашав !

    Некои мислења навистина допреа до мене, и се освестив дека нема логика едноставно, со тие 900 евра, да додадам уште 500 например и ке имам солидна кола... А ми треба моја кола... Фустанот ме помати малце, но ете ми се разбистрија мислите и идемо даљје... Сега најдов модели и од 80Е што ми се допагаат, па можеби и таков ке земам и готово... Има време уште ке се размислува, но навистина мислам дека колку и да е убав некој фустан не би требало толку многу да фрлам по него... Но фустаните ми се слаба точка, и до сега сум немала таква прилика за убав фустан и ме понесе едноставно тоа, ви реков, не излегував скоро никаде друго место освен во парковите, а кога сите се дотеруваа во сабота вечер, јас носев маичка од клубот во кој работев...

    И немој не ме жалете толку, така си сакав јас, поинтересно ми беше да работам во сабота него како сарадина да се бутам по кафичите на штикли 15цм и кусото бојче.. Едноставно така сакав, не мизерував толку колку што уживав и не штедев само за еден фустан, туку кога ке сакам да потрошам повеке да имам..

    Офф топик (мада се овде е офф топик, ај нвм ) Навистина сум скромно девојче, и смирено, онака малку повлечено но и мног трудољубиво ! :lol: Едноставно си имам слаби страни..
     
    На thelittle17, pamelche и mims-89 им се допаѓа ова.
  3. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.665
    Пол:
    Женски
    Јас би им препорачала на сите матурантки да не се замараат многу со изгледот за матура според мене девојките/ жените треба секогаш да се средени тоа им е должноста.

    И не заборавајте матуранки - фустанот не ве носи вас , вие го носите него па размислете за цената која ќе ја дадете за истиот
     
  4. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Срам ми е да кажам, ама јас со 4000 илјадарки се облеков. И ич не ми е мака. :)
     
    На thelittle17, pamelche, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    И јас сум матурантка оваа година и не се замарам ама баш ич. Ми се допадна едно фустанче уште на почетокот на ноември што случајно го најдов и уште тогаш се одлучив тоа да си го шијам. (иако понекогаш знам да бидам доста проблематична кога треба да си купам нешто) :lol: Само се двоумам дали да биде краток или асиметричен. Мислења?
     
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Мој совет е да гледате да сочувате што повеќе пари,затоа што неосетно `летаат` кога ќе дојдете на факултет. Има толку многу давачки и работи што искрснуваат,што мислам дека треба многу разумно да помислите пред да го отворите новчаникот за фустан и шминка за матура.

    Лани јас го купив фустанот и штиклите во 5 за 12 во единственото слободно време што го имав затоа што учев по цел ден и ја спремав матурата. Прослава освен со 4-5 најблиски луѓе дома немав. Тоа беше лично моја желба,мразам такви збирканки со повеќе од 10 најблиски луѓе,сакав да заштедам,а и толку бев потресена околу полагањата што луксуз ми беше да издвојам повеќе време за да организирам прослави или да се утепам од мислење што да носам. На крај сега сум на факултет што го сакав,а фустанот ми е негде во плакар. Од вечерта имам убави спомени и бев прилично многу задоволна од тоа како изгледав.

    Така што тоа е мој совет,учи за матура,а со парите со дел прошетај некаде летово,а другиот дел сочувај ги.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Јас да сум ќе си го сошијам краток,и ќе и речам на шнајдерката да ми направи дел како асиметричен што ќе може после да се ваѓа од фустанот.Па после пола вечер сакаш носи го краток,останатиот дел носи го асиметричен.Имаш две во едно :D :rofl: :rofl:
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Супер идеја, се надевам дека ќе може тоа да се изведе :?: Уште само да си најдам соодветен материјал. Благодарам! :)
     
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
  10. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Што ви е бре проблемот? 500 евра за фустан? Сањајте :D
    Јас имав фустан од 1000 денари и тоа домашно шиен, и знаете што? Најубаво си поминав!
    А знаете зашто? Затоа што околу мене имаше 1000 кловнови кои ме забавуваа. :D
    Значи смешно изледаа, од што сакаа да се истакнат, да бидат „оригинални“.
    На крај само изгледаше на бугарска свадба.

    Јас би ви препорачала, да си земете нешто скромно, нешто пристојно и да си го изнаносите и после матурата.

    Сега ми текнува, имаше една по корсет и шорцеви до гзната линија. И професорите правеа фаца на неа. Бидејќи беше непристојно. Како во секси ноќница за прва брачна ноќ. :x
    Имаше некои со шљокици, со велови, тулови, мрежи..
    Верувајте ми, ништо од тоа не ви треба. Бидете скромни, и најмногу ќе се истакнете.
     
    На thelittle17, nancyyy, midnight.flower и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Rock.Lady

    Rock.Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Сакам ваше мислење, дали мислите дека фустанов е добар за матура? Мене лично ми се допаѓа.
     
    На LittlePinky, eli25, FortuneTeller.xD и 7 други им се допаѓа ова.
  12. UUUUU

    UUUUU Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Добар е нежен,едноставен а ќе изгледаш таман таман супер ! Добар избор :)
     
  13. UUUUU

    UUUUU Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Плавиот значи вториот фустан дефинитивно
     
  14. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски

    супер е баш е сладок и едноставен-колку по едноставно толку поубаво и со + добри аксесоари ќе биде одличен :)
     
  15. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Преубав е ! :)
     
  16. be.unique

    be.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Каде гледате фустани за матура?
    Јас сум матурантка годинава и побарав низ Мавровка, цел ГТЦ (има во НАНА многу убави) и следно ми е Бисер.
    Предлози за продавници кај што има убави фустани?
    Мене ми се прекрасни со чипкани деколтиња и слично, па ако сте виделе негде, известете ме :)
     
  17. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Симпатично и нежно... Но мене ми се чини малку секојдневно, сум гледала девојки со такви денско време да шетат.. Не дека тие прават исправно.. но сепак ми е секојдневен.. Инаку убав, и тоа многу :)
     
  18. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Девојки има ли нешто по бутиците во Скопје или сеуште е рано?
     
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Rock.Lady баш е убаво! Само мислам дека би било поубаво ако го искомбинираш штикли и чанта во беж, бела, или некоја нијанса на розево. Но, ако неможеш и вака не е лошо. Фустанчето само по себе е добар избор за матурата. Ни пренакитено, ни скрос едноставно. :)
     
  20. Truthful.Lies

    Truthful.Lies Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    20
    Мислење? :)
    Мене бојата ептен ми се допаѓа.
    [​IMG]