^И мене ми се допаѓа бојата, но моделот не. Без ракави и без тој надуван дел горе може би бил подобар.
Читам нешто 500 евра Дали вие имате памет? Јас сега да сум матурантка ќе одам со најобичното фустанче, оти не е се како шо си замислувате сите, знам дека ви е еуфорично сега дури да помини, ама после ќе го делите истото мислење со мене Не се занесвајте не си фрлајте пари за фустан шо ќе го клајте 1, а уште 1 никогаш и така ќе стој в плакар, одете со кратко фустанче изнаиграјте се изналудвајте се, ќе видите од ко ќе помини Поздрав.
^ Јас ваков фустан би носела за на плажа и ми е тотално неприкладен за свеченост како матура на пример. А и долгите ракави се посебна приказна - во мај ќе бидат тотално непотребни, па ако толку ти се допаѓа фустанот, морам да речам дека дури и во случај да се отстранат ракавите или да се направат корекции и измени било каде, би се изгубил моделот во целост и пак ќе кажам - неприкладен е со предлабокиот шлиц и прекраткиот преден дел, па и оној кај деколтето.
Sw3et.Ang3l и мене ми се допаѓа. Убаво е, елеганција на ниво, ќе можеш и после на некоја свадба или сл. Ако имаш можност направи го долгиот дел да ти се вади па ќе можеш и како краток.
Јас 90 % сум дека ова ќе биде Само ако го шијам,бојата ќе биде кремаста. Ваше мислење за фустанчето ?
По мојот матурски fail, јас сум за кратки фустанчина за вакви настани. Фустанчево е ок, само некако е веќе видено, во секој втор бутик проодаваат вакви. Види малку промени нешто, чисто за да бидеш поуникатна. Инаку убава ти е идејата, и сосема адекватно за приликата
По мојот матурски fail, јас сум за кратки фустанчина за вакви настани. Фустанчево е ок, само некако е веќе видено, во секој втор бутик проодаваат вакви. Види малку промени нешто, чисто за да бидеш поуникатна. Инаку убава ти е идејата, и сосема адекватно за приликата [/quote] Знам дека е многу едноставно,ама од се што видов ова највеќе ми се виде соодветно..А незнам што би можела да променам на вакво фустанче
Ана јас мислам дека иако е едноставно фустанчето можеш да го искомбинираш со одлични штикли, убава ташничка и интересни додатоци и пак да изгледаш преубаво. Немора да се накитиш како елка за да изгледаш убаво. Во моментов не ми текнува што можеш да преправиш, ама дефинитивно остави ги боцките во горниот дел. Уствари, можеш да му направиш исечоци од страната, кај слабините. http://www.femina.mk/images/articles/4703/09.jpg Еве ти еден малку поинаков предлог. fajlovi/image/111882
Не е лоша идејата за исечоците,само мислам да биде како третата слика,ама покриено како на првата.И штиклите би биле со боцки како горниот дел .. Сепак фала ти за мислењето
Ова мислам дека е совршениот фустан за матура. Уникатен и можам да кажам до некое ниво едноставен. Се сложувам и со другите коментари. Супер избор си направила.
Планирам да одам во Солун во Космос да купам алишта за матура,дали некој знае дали има избор? За да не идам за џабе