девојки знаете ли колку кошта еден фустан на Sherri Hill? Има многу убави модели а гледам дека и во Скопје имаат продавница
Над 20.000 од старт, одат и до 1000 евра... а во продавницата нема многу избор, од месецов ќе добиваат нови модели
Јас бев во саботата, има во Космос избор ама цените на пролетната роба не е на попуст. Има преекрасни фустани, купив 2 по 15 евра, ванс патики во циклама и се наоѓа и по некој фустан по за матура, што не се ниту ептен свечени ниту за секојдневност. Во H&M има 3-4 интересни фустанчиња кои ептен им фрлив око. Но секој со својот вкус, ќе најдеш секако..битно е цената да ти одговара
Што мислите за овој, ама да биде краток? Премногу ли е? Однапред би бил пообичен, корсет и тесен надолу.
Maца интересен е ,(јас би одела со помалку разголено) сличен гледав на Кокев ептен ми го фати око,само однапред ќе ти биде многу затворен(мене лично ми се допаѓа)
Сестра ми е на школо во Виена и таму имаат бал место матурска прослава. Балот е на 2 мај, ама сестра ми незнае каков фустан да шие, а таму и тука по продавнициве нема ништо. Може да ставите некои убави слики од долги фустани, за јас после да и ги покажам? Можете и по ЛП да ми пратите. Благодарам однапред.
^^^ Eх, за греота продавнициве...Ништо нема , а во Виена бетер е.... Они не ни знаат што е бал веројатно, затоа и ништо немаат за такви прилики
2 Многу многу поубав Можиш да го комбинираш со многу бои , ако не можиш да најдиш низ продавници, сошиј го, друго чаре нема
iHeartVintage првиот (зелениот) ме отсеќа повеќе на формалност, на работа, на канцеларија. Не одговара за ваква свеченост. Вториот од друга страна изгледа добро и можеби и подобро ако добро ги погодиш додатоците. За барање, тешко дека би пронашла некаде, ама лесен е за шиење па можеш да однесеш слика кај шивач/ка со добри препораки и ќе ти го сошие. Башка веќе ако го шиеш, можеш да промениш што сакаш на него
iHeartVintage и јас сум за вториот. Ко бонбонче ќе бидеш. Овие што ги постирала gentle girl ми се кичести и ми е премногу за матура. Но сепак, само мое мислење.
Е, и мене ми е тој далеку поубав... Ама вчера бев да прашувам за шиење, и според материјалите што ми ги предложи, јас гледам две крајности, или ќе личи на невестински и под блиц ќе свети или пак ќе личи на чаршав за на маса и многу лесно ќе се тутка Така да, ако не најдам соодветен материјал за брзо, сепак ќе купам готов, секако на мојата висина и градба можам секаков да носам.
Толку бев загреана за фустанчево, решена бев да шијам, ама сега си ја преиспитувам одлукава. Секако немам разгледано низ бутициве убаво, деновиве тоа ми е во план. Со купен фустан ќе бидам начисто - ми стои/не ми стои, убав ми е, купувам и чао. Вака проби, материјали, овде виси онде беси... Белки ќе најдам нешто. Ионака не се потресувам многу, целта е убав помин и по можност да не ми стои потоа фустанот в плакар. Ви благодарам во секој случај Друго ме интересира, што планирате да носите - чевли, отворени/затворени напред? Мене ми се носат обични штикли, евентуално отворени напред, макар да затворени најмногу ми прават мерак. Од ланската генерација носеа голем дел сандали, ама јас не би облекла најмногу поради што на хулахопки изгледаат ужасно и не ми се некако за пригодава..
Ако не си знаела дека во Виена е завршена сезоната на балови, тогаш јас да ти кажам и очигледно фустаните вечно да ги има во продавниците. Школото од сестра ми секогаш прават пролетен или летен бал и затоа нема од кај да купи. Сите нејзини другарки ќе шијат, така да рачунај. И благодарам на сите феминки кои ми пратија ЛП со предлози.