Сезоната на балови завршува на крајот на февруари ....Сега е април и јас ти тврдам дека секако ИМА избор на вечерни тоалети и сега, како и во текот на целата година.Впрочем, апсурдно е да НЕМА вечерни тоалети во Виена или било кој европски град. А, богами има и во Скопје. Прифаќам од X причини изборот да не ти одговара.И тоа е сосем разбирливо... Ама, да изјавиш дека во Скопје, па дури и во Виена, нема ништо??!
И јас забележав дека многу е слаб изборот.. и некако ефтин.. не само заради баловите општо земено во метрополите и на познатите аутлети нема ништо посебно...
Знам категоријава е мода, ама темава е матура па затоа сакав да прашам што подарок да и однесам на една другарка матурантка, инаку врсничка... Цвеќе и ваљда уште нешто, само да не е нешто вртоглаво скапо... ?!
Не, не mims-89 ,ние ништо не разбираме и појма немаме од светов Замисли во Виена , одкако ќе заврши сезоната на балови, веќе ништо нема по продавниците! Д&Г, Версаче и остали кључ на врата ставаат! И така за гламурозни културно-забавни настани вон сезона на балови, луѓето се приморани да користат услуги на шивачки зошто немаат што да купат Angel-Adriana, да кажеше дека после Ноќ на вештерките, никаде во Виена нема костим за маскирање- ќе те разберев. Ама, избор на матурски, балски или каков и да е, свечен фустан - тврдам дека ИМА во Виена. И тоа какви ти душа сака, фустани од бајките Цената предпоставувам не е битна зошто како што кажа, сестра ти учи средно школо во Виена, па се претпоставува дека парите не се проблем
Девојки каде ке правите фризура и шминка? Препорачајте некој добар фризер што ќе ми ја направи косата таква како што јас сакам, а не по негово да си тера. Има некои матурски пакети низ студиава, како се движат цените?
Како модел ми со допаѓа со тоа што, јас за мене кога би го правела би одбрала некој друг материјал. Овој на сликава ми изгледа како сатен, а јас сатенот и не го сакам баш. Незнам зашто, ама не ми се свиѓа како изгледа некако... Можеш да се консултираш со шнајдерка она да ти предложи некој друг материјал што ќе личи
Годинава сум матурантка и си сошив ваков фустан само што е бебешко розе како праска боја, и изработен со сребрени камчиња Спојлер Проблемот е што ја прошетав и неможам да си најдам убави чевли на сребрена боја, моментално оние модели ги најдов на интернет и можам да си ги порачам, ама дали баш ќе ми одговараат за сандалки можамд а најдам но посвечено мислам и поубо е со чевли со отворен прст.ваше мислење? Што подобро би стоело на фустанот и некои од овие модели дали би одговарале? Спојлер Плус несакам да се многу високи, не сум учена на високи и не би било убаво на сред матура дотерана нашминкана а боса собуена хехе
Се согалсувам, преубавко е, пренежно. А за материјал може жоржет, само со постава одоздола, бидејќи малку е проѕирен така. Во секој случај, преубав избор :up:
Сакам црвена панделка и некоја светла боја. Да не биде чиста бела. Како што кажа Хипи малку проѕирен е фустанот, па да видам што материјали би ми понудиле. Ако ми се допадне некој друг и ми ЛЕГНЕ на срце , би купила. Ќе разгледам.
Со среќа Даниела, се надевам ќе си го најдеш тоа што го посакуваш. Јас сум во план да купам еден од овие, па кажете ми кој највеќе ви се допаѓа. Божем не сакав долг, ама ми се допадна овој.
https://www.facebook.com/pages/%D0%85%D ... 6850426227 Матуранки од оваа година, знам дека се спремате за матура (и јас бев пред 6 години матуранка) и сите сте потресени што и како ќе носите Епа убави вести! Настанот Ѕвони за забава ќе ви овозможи во Градски парк на Школка во сабота на 27 април во 12 часот ем забава, ем да си грабнете ваучерчиња со попуст за во парфимерии, бутици, козметчки салони, спортска опрема и тн, така да мислам дека би било супер да сте таму секој би имал корист од тоа... just saying
WarriorAngel дефинитивно не вториот. Мислам дека со последниот, белиот нај ќе погодиш, но во друга боја, на пример, кремаво или црно.
Здраво девојки, Мојата сестра е матурантка,и сеа сме во потрага по оутфит дали знаете некои бутици каде што има интересни фустанчиња,затоа што ние го прошетавме цел ГТЦ и Сити мол,но навистина не најдовме ништо интересно и занимливо.Знам дека на интернет има многу интересни фустани,но не сакаме да шиеме,имаме лошо искуство.Фала