Неколку совети кои ги давам на моите помали братучетки, матурантки за фустаните- -Одберете фустан кој ќе може да го носите на свадба, веридба. За следна прилика, нема да имате нов трошок, а фустанот нема да ви е купен само за едно облекување. -Одберете боја на фустан која убаво ќе ви стои на тенот, косата, но боја, за која лесно ќе ги најдете потребните додатоци (чевли, ташна, накит) -Одберете боја, од чии додатоци, кои ќе ги носите почесто понатака (чевлите, накитот) ќе може да ги комбинирате со останатите парчиња гардероба кои веќе ги имате. -Доколку фустанот е покичест, одберете помалку и понежен накит. Доколку е многу едноставен, може да си дозволите повпечатлив накит. -Одберете фустан во кој ќе се чувствувате убаво и удобно, кој нема специфични додатоци, изрезоци, на кои мора постојано да внимавате (да го поткревате, спуштате, да пазите да не ѕирне нешто) зошто нема да може на раат да се движите, сликате, играте оро и било што, а тоа знае да биде досадно и напорно. -Доколку никако не можете да одберете фустан по ваша мерка, пробајте да побарате посебно здолниште и посебен згорен дел, кои одлично ќе ги споите (што речиси нема да е заприметливо), а понатака тие посебни дела ќе може многу повеќе да си ги комбинирате со останатата гардероба. -Немојте да си ставате во глава преголеми идеи и очекување (освен ако не шиете фустан), зошто реално, многу тешко е да најдете нешто кое сте го намериле. И напротив, може да најдете нешто уште поубаво за какво не сте ни помислиле.
Извини, си била во Виена ? Си била ли некогаш во твојот живот во Армани и Версаче да видиш што нудат тие? Факаш кабелска, па да си оклучиш малку некое каналче за мода? Ве молам, кога не знаете, не тропете... Ако не си била во рамстор или што знам каде, од каде ке знаеш што има за кпување таму Епа исто ти е. И немора да учиш во Виена за да имаш пари.. Ако ги имаш, што е лошо и овде да се дотераш со нешто скапо, ако ти е пригодата таква...
Девојки има ли во стара чаршија во продавниците добар избор на фустани? Јас искрено не одам многу многу натака, не се ни снаоѓам таму додуша, ама слушам дека имало продавници за фустани Да не знаете каде поточно има убави и од прилика како им се движат цените?
Со братучетка ми пред некоја недела бевне да гледа за свадба долг, има навистина мнооу убави модели, ама цените им се соленки, од 2500(наједноставен) до 12 000 ден. И во женски пазар имаш 2 продавници за фустани тука цените беа од 2000 до 5000, и имаш можност за попуст, за еден фустан од5 000 ни спуштија самите на 4 000 ден.
http://fancy.mk/kratki-maturski-fustani-3389.aspx http://fancy.mk/dolgi-maturski-fustani-3384.aspx Повеќе сте за варијанта краток или долг фустан за матура?? Хмм...
мислам дека за матура е поарно кратко(имаме исти вкус и јас сакам такви кратки фустанчиња),долгиве некако се поише као за заковните на веридба,свадба,крштевска... а и се се сопнуваш нон стоп кје треба да го држиш у рака.сепак е твој избор
Од кај гледате фустанчиња?Некои страни на нет ,од списанија на нет,или сл? Ако може да споделите линкови ..
Женскии ми треба ваша помош. Што мислите за слатково фустанче?? Мене многу ми се допадна. Ми требаат ваши мислења.
dulcela Мислам дека е полн погодок фустанчево. Само одбери штикли и накит во повпечатлива боја, за да ја направи комбинацијата пожива, инаку супер е. Јас искрено не би му менувала ништо на фустанчево.Не е пренападно баш е фино, нежно и женствено. Убаво е. И кројот е убав исто така.
Фалаа во бутикот има и потемна розева, нешто ко fuchsia. Ама не знам каква боја штикли. И има огромен избор, не знам што да одберам. Ептен се двоумам.. Еве ја другата боја Внимателно го бирав фустанчево. Тоа не ми е проблем
Дулчела повеќе ми се допаѓа во првата боја. Сега многу ќе купат во таа втората на розово боја, па така мислам дека ќе бидеш поуникатна. Ми се допаѓа фустанчево, браво за изборот. Ќе се чувствуваш слободно, нема да се грижиш дали ти паѓа кај градите и дали газ ти се гледа, со извинение. За втората боја мислам дека ќе бидеш и поограничена околу изборот на штикли. А со првата можеш и црни, со кремави не - мислам дека би било премногу бледо. Така во некоја повпечатлива, потемна нијанса избери си.
dulcela Мислам дека е полн погодок фустанчево. Само одбери штикли и накит во повпечатлива боја, за да ја направи комбинацијата пожива, инаку супер е. Јас искрено не би му менувала ништо на фустанчево.Не е пренападно баш е фино, нежно и женствено. Убаво е. И кројот е убав исто така. [/quote] Фалаа во бутикот има и потемна розева, нешто ко fuchsia. Ама не знам каква боја штикли. И има огромен избор, не знам што да одберам. Ептен се двоумам.. Еве ја другата боја [/quote] Dulcela од кој бутик се сликиве, може линк?[/quote] Бутикот се вика Енџел --> https://www.facebook.com/ButikEngel?fref=ts Сега имаат нова колекција.. поготово за матура има многу голем избор. А што е многу битно, не се ни многу скапи фустанчињата
Фала ти dulcela за бутков, ме натера и јас да си направам профил на фемина Иначе бев пред некој ден и доста работи ми фатија око, поготово црново фустанче. Мислам дека веќе си го најдов фустанчето за матурата и сум мноогу happy. Само не знам со какви штикли да го искомбинирам.. Што викате вие?