Вакво слично мислење имам напишано одамна на темава. Но морам да го поновам. Матурата е момент кога сте најмлади, најубави... Кога сте тинејџери, тоа е период кога сте во цутот на младоста, на живоста. На таа вечер покажете го баш тоа, младоста во вас. Изгледајте најмладелачки до сега, носете нешто што ве опишува, зошто да не и нешто што не е по шаблон извадено-нешто откачено и кул. За долгите фустани има време, за теткинските собрани фризури уште повеќе... Како возрасни ќе изгледате цел свој живот , но 18 ќе имате само еднаш, тоа нема да ви се врати. Нема потреба да си додавате години на вашиот изглед таа вечер толку посебна за вас со изглед не соодветен за вас што би го носела некоја 30годишна жена во најдобар случај.
За матурава ќе имам штикла со отворен прст напред, дали да носам хулахопки? Од лани гледав слики од матуранти пола и повеќе девојчиња се со хулахопки и отворена штикла (сандали или само напред кај прстите), а имам читано дека не изгледа убаво.
^ Мене ми изгледа ептен грдо било отворен прст или како една што ја заслушав на сандали планирала хулахопка да носи без раб Така да, според мене, НЕ за хулахопката
^ Ако е отворен само прстот, зошто да не облече хулахопки!? Мој предлог ти е да си пробаш како ќе си се допаднеш повеќе ти, па одлучи си дали ќе носиш или не. Купи си такви хулахопки кои немаат преден дел кај прстињата. Многу се тенки, нема ни да се познава дека имаш хулахопка облечено. И моите штикли беа таков модел со отворено прсте и носев такви. Мене ми е многу невкусно без хулахопки, посебно ако фустанчето е кратко. А додека за скроз отворена сандала со ремчиња и такви ми ти салтанати, се знае - боса нога.
И јас сум да се носи хулахопка на еден до два прста отворени напред. Па побогу, тоа е салонка со само мал отвор напред, не е сандала. Инаку, кај мене без хулахопка не ни влегува таква чевла. А да купувам еден до два броја поголеми салонки... no way - no how.
има во пенти хулахопки специјално направени само за такви штикли - прашајте си само поскапички се малку, јас кога прашував лани мислам дека беа околу 300 денари. еве слика
Е вакви хулахопки видов и во ДМ маркет. Мислам дека таму беа поефтини, околу 200, на Пенти се. И јас планирам вакви да зимам. И мене штиклите ми се напред со мало отворче.
Јас си купив вакви хулахопки со надеж дека воопшто нема да се познаваат и искрено да ви кажам ама ич не ми се погодија...Се познаваше дека носам хулахопки и некако не ми одговараа на кожата Јас пак за на такви штикли носам од Марта хулахопки, тие што најздола кај прстињата се провидни она мислам исти како хулахопката не се потемни(ама објаснив ејј...немам како обичните хулахопки обележани прстиња)
Ќе носам ланче, алка и мали дискретни обетки кои речиси и не се уприметуваат. Немој да биде пренатрупано? И да, на сандали нема потреба од хулахопки нели?
Па според мене сандали со хулахопки некако не иде. Освен ако е ладно, може од оние хулахопки што се демек за сандали специјални, што долу на прсти се без онаа лентичка, ако знаеш на што мислам?!
јас за матура си имам и партнер и партнерка на двајцата треба да им купам. п.с си купив лаковани црни салонки денес и сребрена ташна плик,хаљината ми е црна е сега со ташнава ми останува да најдам накит ама врска немам каков.некаков предлог?? сликии!!