^^ Секаква боја би носела, ама бел дефинитвно не, фустанот е преубав ама на пример можи да биди, мастило, зеленa некаква боја којa сега е модерна, искрено бела не ми се допаѓа
Не сум матуранка годинава , догодина сум , но по ова матуранското лудило(која каков фустан купила ) денес си размислував што би носела јас , видов едно девојче лани носеше слично на ова само кратко бело и преубава беше , е сега мене ми се засвиѓа фустанов, но и мене најпрво ми заличе на невестинско па си реков да прашам, да не можеби грешам но изгледа добро ми изгледало Бај д вуеј благодарам на одговорите
Си купив и јас од тие хулахопките на Пенти, без раб што се напред на ногата. Ја прашав продавачката, светат или мат?? Светат ми вели. Отворам дома остај што се мат, туку неможело да бидат полити и мизерни. 250 денари, фрлени во ѓубре! Се изнервирав!
Ништо лично против никој ама морав да го постирам ова .ПРевземено е Домашни матурски прослави Прв дел Ајдеее... почнаа домашните Матурски прослави! -Шо соленки ќе се испечат; -шо свински вратаве ќе се исечат; -шо мајонез салати ќе се направат; -шо пива и ракии ќе се излокат; -шо нови патики, фармерки, папуци, панталојне, кошули, фустајне и сандале ќе се купат; -шо пријателки ќе ви дојдат дома за да си соберат „бла-бла материјал“; -да видат дали ви е испрскано и дали имите нови курнизи; -да кажат после: Пу, да им се мочум и на парте, на ќерка им нај-алчак фустан и -сандале и купиле! -„од срце“ да и кажат на матурантката: Е сега тетичка ти си права принцеза; -да си прокоментираат на враќање од гозбата: На них струјата ќе им ја исклучат, не ја платиле ус месеци, а детто ќе го запишале уф Скопје! Голтаци! -Крај на првиот дел. (втор дел): Жаргонот „ПИШАНКА“ конкретно во темата дефинира состојба кога родителите на Матурантот немаат доволно пари за да ги следат сите потребни адети, наметнати традиции, купување на облека, обувки... правење на семејно-пријателска фешта (од срам заради тоа што лани комшијата му направил на синот-матурант добра „Матурска“, а и тој не бил при пари)... и ред други активности во функција на народната забава! Е сега, родителите ќе се пишат во месрница, во маркет, во бутик и во „чевларница“, а оние малку пари што ги имаат во кеш, ќе му ги дадат на матурантот за екскурзија и за матурската вечер + џепарлак! Забавата ќе трае околу една недела, за да се изредат сите комшии, роднини, пријатели... ќе се јаде и пие, ама после некое време ќе почнат „ЗАПИШУВАЧИТЕ“ да ви се јавуваат и да бараат да ја вратите „ПИШАНКАТА“! Од друга страна „СЕ ПИШУВААТ“ и оние кои одат на честито!!! Па не е лесно ако имате 5 матуранти + 4 полуматуранти, на сите да им купите по некој мирис! Значи заклучокот е следен: Овие денови сите се ПИШУВАМЕ, а по 15 дена ќе ги заобиколуваме оние што не ЗАПИШАЛЕ од срам што неможеме да ја вратиме ПИШАНКАТА! Ај пуст да е, пуст да остане животот ПИШАНСКИ! Од сите страни те пишат, а ти ИЗБРИШАН до даска! (Крај на вториот дел)
Оти бе мизерни... Тенки се премногу или неквалитетни се? А, тие без преден дел кај прстите какви се? Ме замисли сега, мислев и јас да купувам.
Jас купив од тие без раб. Покриени се прстињата Ама неквалитетни се. Во споредба со другите хулахопки што ги имамовие за никаде се.
^ Во случај да не ви текнало, купете си два пара и носете си го едниот како резерва Хулахопки барем најлесно се кинат, да не ве боли глава после. Ајде и јас уште два три дена, едвај чекам Не планирам од матура свадба да правам, некои пресериозно го сфаќаат тоа. На балконче најблиските роднини ќе ги почастиме и ќе ме испратат. Толку. Инаку доста евтино си пројдов со фустанчево мое, а преслатко е. Ниту обично, ниту свечено, златна средина. Едно нешто знаев при барање е дека сакам и после матура да си го изнаносам Па ако соберам храброст и слика во модни критики ќе ставам, ама ќе видиме. Сите матурантки и матуранти, најубаво да си поминете на вашиот ден
бидејќи матурите веќе почнаа ии официално: нека ни е честито матуранти и со среќа титулата матурант/ка убаво да си поминетее и без многу пијанење да можете да се сеќавате на матурската
Јас од тие без раб хулахопки па ги изнаносев на работа Ептен ми се свиѓаа што не светеа, а и на ниеден материјал не ми се лепеа па да ми се подигнува сукњата
https://www.facebook.com/media/set/?set ... 469&type=1 https://www.facebook.com/media/set/?set ... 469&type=1 Овие се од Струга, некои преКатастрофа и кич беа а имаше и убави