Еве ги од Делчево. http://delcevodenes.mk/%D0%BC%D0%B0%D1% ... %83%D1%80/ http://delcevodenes.mk/%D0%B3%D0%B0%D0% ... %B2%D0%BE/ И Кочани. https://www.facebook.com/komarec.com.mk?fref=ts Нема некои катастрофа што се ептен..
Еве ги Струмица, мал дел.. Спојлер http://www.facebook.com/media/set/?set=a.10151942345273957.1073741979.231002903956&type=3 http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 956&type=3 http://www.facebook.com/media/set/?set= ... 956&type=3
Секакви модели видов и со светки и без светки едноставни и секакви, ама ова на мидер буквално на мидер отишла на матура, тулот џабе го ставила нешто не и покрива, и пердувите и се јаки и тоа околку вратот што и е оклопот да имала некоја подолга тесна сукња под тул фино би изгледа а вака..
Све, све, ама овие од Струмица не ги разбирам. Автобус полн со накитени матуранти. Се препне таму некоја мома, фризурата наопаку ќе и дојде. Шефе, додај гас и претицај све пред нас! Па толку нема ресторан во градот, па се носат со автобус во некој надвор од градот или што?
^^ Далеку од тоа дека нема ресторан во градот, само што останала некоја традиција и затоа веројатно, а и најголем е. Инаку ретко кој веќе оди со автобус, незнам дали и имат организиран превоз. Јас се сеќавам имавме само за враќање.
Па знам дека Струмица е урбан град, и еден од поубавите што сум ги посетила, само чудна ми е таа традиција, освен ако нормално директорот/ката на училиштето си има договор со газдата на ресторанот/хотелот за такви веселби.
^^ Па да веројатно и дректорите си имат некој договор и затоа, инаку само едно школо е имало органзиран превоз. Да ти кажам искрено јас сега ги прегледав детелно сликите, дека очајно барам пристоен модел за фустан за блиска свадба, ама од матурантиве тешко дека ќе најдам Инаку ова се професори
Јас кога би бирала долг фустан би се одлучила за вакво нешто! Ама бидејќи некако поубаво си се чувствував во краток фустан, тогаш и таков и си носев. И си бев најубава. А ова сега што го гледам на линковите кои сте ги постирале е толку лошо, невкусно и невпечатливо. Дечковциве на некои слики ми изгледаа како да ги земале за партнерки своите мајки. Девојчињата се стокмени како теткици. Абе тоа е завршување на средно школо кадешто повеќето имаат некои 18 години. Треба да покажете младост, убавина, свежина, разиграност!
Кај овие од Струмица, повеќето ми се ко некои тетки. И фризура, и фустан не им личи. Наместо да гледаат младоста да си ја истакнат тие намерно се прават возрасни. Теткици. А имаше и такви што се фалеа дека фустанот им бил 12 илјади, и не знам од каде. Неможам да разберам. Што им е целта?
И Охрид е така со години, прво затоа што единствениот хотел кој може да ја собере цела генерација е надвор од градот, и второ, за да се избегнат сообраќајни несреќи.
^^ И кај нас во Кочани е така, со години матурата се слави во ресторан надвор од градот. Претходните генерации, меѓу кои бев и јас, одевме организирано сите со такси, а од пред 2 години матурантите ги носат со автобуси.
Мене не ми е јасно зошто одат по црвен тепих побогу? Бре ние кога славевме наместо тепих имаше трубачи на сите страни. Поштено ќе си се изнаиграш надвор, ќе фрлиш некој денар од мерак и ќе си влезеш во ресторан. Црвен тепих, пих.
Дефинитивно само една нормална матурантка видов..искрено сите беа како 20-30 годишни...Имаше една девојка ја видов баш пред малку беше со стартки на матура и дефинитвно единствена која личеше на матурантка! А искрено и фустанчето и беше прекрасно..Ниту нападна шминка или пак фризура,без штикла од 20цм и фустани како за на свадба.