20 - 30? Па имаат по 18, 19. А ете ја и 20-ката после 19-ката. А за останат кометар се воздржувам... Ако почнам да пишувам веројатно нема да биде позитивно во никој случај!
Лани ко да бе побетер, оваа година пак некако... не се сјајни, ама се подобруваат. Кога веќе решиле да носат долги фустани, овие две девојчиња си за ја завршиле работата како што треба. Спојлер Едноставни и фини, за разлика од некои други тоалети, со шљокици, опашки, деколтеа бесни, ѕинѕурци... страшно.
Теткици ли треба да се прават на 18 години?Со чест на исклучоците, ама многу лоши комбинации видов ала диско кугли.Штета, толку убави девојчиња згодни со толку непогодени фустани, а верувам на пообични настани изгледаат многу поубаво. Него дајте нешто од скопскиве гимназии да видиме?
Па добро да во ред али моабетот ми беше дека за нивни години ептен претерале,не викам сите има и исклучоци.
Стари сме ние тинкербелче, стари, стара мода е тоа,сега сите се џоа на оскаи да идат. Има исклучоци секогаш ќе има, среќа братучетка ми моја беше една од тие,ама нејзините другарки од клас што ги гледав беа која од која, фустани за на ал не се носат такви. Од ЈБТ не очекував до толку, но добро. Ама тоа е тоа, генрациите се менуваат, вкусовите, едноставно не можеме да се сватиме. Мене годинава ми беше 4 години од матура, а како вчера да беше... П.С ставајте линкови ако најдете од скопскиве гимазии.
Косоварките многу убави (се надевам дека не смета што споделив линк.) https://www.facebook.com/media/set/?set ... 421&type=1
Не бе зашто да ни смета, али поголем дел ми се претeрано средени. Убави да,ама ептен повоздрасно изгледаат. Некои дури како тетки се. Кога бевме помали скоро сите сакавме да изгледаме постаро,ама како се страее сите сакаат што помладо и помладо да изгледаат. The irony of life... Туку сите сме се нафрлиле на девојките,а момциве? Да они може немаат голем избор,ама секогаш има некој кој отскокнува.
Не сум од таму, ама рака на срце повеќево девојки се прекрасни. Имаше по некоја со светки и џинџурајки но во главно сите се елегантни и како кукли. Пријатно сум изненадена. Посебно би го издвоила девојчево: Спојлер Не е ниту накинџурена, нема ни светки ни балски фустани, ниту е бетонирана во шминка а прекрасно изгледа. Од скопскиве гимазии јас си гледав слики од другарки ама вака на нет нема за сега.
Ух косоварките се ептен елегантни, иако претерано за девојки од по 18 години, сепак ко најмалку кич да видов, ептен холивудски скоцкани, со тренди фустани, погодени шминки и фризири. Од нашиве и немам нешто многу видено, но морам нешто да прашам, зарем под елегантна чанта апропо се подразбира плик, најчесто лакиран? 99,9% од девојките што ги видов носеа такви чанти, не дека се лоши, ама ко крем салонките препрепреисфурано парче ми е, јас сум увек за нешто поразлично на пример штосна мала чантичка со несекојдневна боја и облик.
Ауу оваа баш ја гледав пред некој ден на фб Беше типката избрана за на насловна страница на орифлеим мини каталогот пред некој месец и јас мислев дека има околу 25 а она матурантка да ти била....Како и да е салам се избрукала едит: Ауу овие од косово И машки и женси скоро сите зрачат. Убави , елегантни мх мх од милина да ги гледаш
Сега ги гледам косоваркиве. Мисљим... шта да го мисљим, се гледа дека татко им е терориста, сите се бомби! Ноу хард филингс, лоша шега...ама ... па сеа бомби се шо да им правам?! Стварно се беспрекорни и нема вулгарни, за разлика од нашиве...со тоа сатените и туловите и разголеностите као драг квинови. Сите се елегантни, со вкус и стил. Ѓоа на Канскиот фестивал, малку постари изгледаат,ама ептен се бре... УАУ! Ретко која да потфрлила, не ми се допаѓа се премногу, ама... барем не е вулгарно и невкусно разголено,а се гледаат добри телца под фустаните,што е идеалниот начин да поттикне фантазија, а не на мегдан! Албанише нусе(т), чок ѓузел, ишала, машала, за мерак, браво!
Јас сум изненандена од Косоваркиве.Браос ептен елегантни секоја им чест,капа им симнувам. Сите пукалчиња се. Иначе што е ова од Битолчанкиве Бре овие од Горната гимназија се ми се како некои теткици,катастрофа,ептен повозрасни изгледаат. А пак овие што ги сретнував готичаркиве,металкиве ко од некој маскембал да се излезени со карминине темни. Немам ништо против тоа,сепак се работи за стил.Ама за матура бе. Секој си има свое право,ајде не коментирам повеќе за тоа. 5 девојчиња најмалце,да ми се допаѓаат тука. Овие од медицина имаше секакви фустани....имаше девојчиња што имаа ептен слатки фустанчиња што им одговараат на годините.Ми се допаѓа тоа што повеќето немаат торти на главите,туку обично им е пуштена косата и малку навиткана.Најголем лајк за ова. Не само за овие од Битола што имам замерки,туку незнам зошто во сите градови не носат нешто што им одговара на годините. Што се прааат теткици со сила.
лелее јас овие од горната не можев да ги догледам и ај што фустаните не им одговараат на годините, на повеќето ни на фигурата не им одговараат.. во бутовите поголеми од главата, и минич облекле !! стомакот нанапред, облекле фустан прилепен за телото, да не можат да дишат.. знам дека никој не е совршен, и дека и само 4кг да се вишок, тешко се вадат, ама ако неможат да се прилагодат за фустанот, нека одберат фустан што им одговара!! и навистина повеќето се како текици, со пунџите на глава, како што рече Ана-Банана, како торти да имаат на глава!! за фустаните не ми се ни зборува, незнам ни што да кажам, има некои убави, ама повеќето се и да, Косоварките се супер, за матурата моја (иако е мноогу далеку), од нив ќе земам пример ама нашиве и со торти на глава, и со теткински фустани, сепак се даалеку попристојни од- http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... t&id=31949 ц ц ц, катастрофа !! (се разбира, Мотика ги одбрале највулгарните за објавата, ама пред некој ден што видов друг линк, воопшто не се разликуваа!)