Ги видов сите слики од битолските матурант(к)и. Повеќе ми оставија впечаток машките од девојчињата. Има многу убаво скоцкани момци, фраери и шизици. Кај девојчињата има убаво дотерани и средени, соодветно за пригодата и без претерувања, ама има и ептен, за мој вкус, кичасти, накинџурени, наџиџани, светкави ко елки новогодишни. Во секој случај од сите, единствено девојчево чија слика е во спојлер ми остави впечаток. Кукличка права. Дискретна шминка, без теткинска фризура, впечатливо шизичко фустанче и соодветни додатоци. Ко од модна писта. Светско, а наше. Спојлер
Среќа што одамна славев матура, осеќам дека и мене ќе ме имаше некаде по порталиве Али младост лудост
http://grid.mk/read/news/505147130/3192 ... a-galerija Еве видете ги бугаркиве многу кич,многу невести на едно место
Значи ова фустаниве на Шери Хил здосадија, веќе ми се поблага верзија на кич. И од нив ми се повраќа.
Имам другарка која што даде 25илјади за фустан, си го шиеше во Emili Esclusive - Струмица, ама стварно беше прејака. Оваа година се истакна и една со фустан од Грција - 45илјади денари. Други одеа специјално за Дубаи, Италија..
^Изгледа одвише пари имаат, па не знаат што да направат попрво. Прејака може да се биде и со многу помалку пари, ама ајде де..
Мислам дека овогодинешните матурантки од Струмица беа претерале со тоа фустаните и фризурите,косоварките ми се едноставно преубави, а за овие од Битола немам коментар.
нее напротив мислам дека немат толку пари како што сакаат да изгледа дека имаат имам братучедка која даде 20 000 за фустан а фустанот што да ви кажам заникаде беше(ок девојчето не се замара со мода, стил и сл. си тера само учење), ама каков и да е фустанот за семејство со месечен приход вкупно 15000, 20000 за фустам мислам дека се премногу а годинава пак едно девојче имаше фустан кој не и излезе повеќе од 2000(сосе матријал и шиење) и убедливо беше најубава, иако сама си го креираше фустанчето, и го соши сосем беззвучно име значи ако имаш стил не ти требаат ни пари ни лажен сјај,ако нема ни 10000000000 евра не ти се доволни
Aniston би сакала да те видам тебе,каква матурантка беше ти.Знаејќи дека твојот фустан беше прекрасен и доста гламурозен баш ме интересира како ти стоел.Мислам дека си била прекрасна
еве од битолчанкиве што ми се допадна Спојлер девојката во белиот фустан ххахаха ама се интересни девојчето со краткиот фустан. http://maturanti.konzuli.com/proslava/2 ... ko-001.JPG со црниот фустан. оваа девојка највеќе ми се свиѓа
Еве уште неколку од косоварките..Ќе ги ставам на спојлер па разгледајте ги, има убави модели на фустани. Сепак ќе кажам се доста по екстравагантни од нашите матурантки и кај нив, како што можев да забележам - преовладуваат долгите фустани.