Има ли некој нарачано до сега? Ваше мислење? Јас баш би сакала да пробам, иако велат дека не се така добри туку сензацијата дека Кајли ги продава. Лично обожавам мат кармини и баш сакам да знам ваши мислења.
Па нека се смени насловот во Kylie cosmetics. Не продава само мат кармини, има повеќе производи. https://www.kyliecosmetics.com/ Ако нарачуваш нарачај од нејзината официјална страна, се има случувано да платат иста цена а лажни производи да добиваат од други страни. Има видеа каде што буквално им се лепат устите од лажните кармини зашто во составот имало лепак. Иначе немам нарачано, но би нарачала заради тоа што има некои бои кои што ми се преубави.
Многу галама се направи, не ми се којзнае што карминиве. Моја другарка си купи минатата недела од нјуд нијансиве , ја гледам не е нешто задоволна. Искрено за тие пари ќе си земам карминче на MAC , и каде каде поевтини се и усните не ги суши воопшто
Никогаш не ја сфатив фамата околу никој од целото ова семејство, па ниту околу оваа, сите до една ми се одвратни. Ама ете, убаво велат дека парата околу пари се врти, затоа и толку и се продавани производите, а не дека се нешто којзнае што. Секој со својот избор, немам ништо против луѓето кои решаваат да даваат толку пари, но јас лично никогаш не би дала пари за да купам нејзин производ, а по нет гледам и многу такви случаи каде нејзините бои се совпаѓаат сосема со бои од други марки кои се и каде-каде поефтини:
Не сум некој фан на Кајли ама ете ми излезе прилика другарка од Америка да ми донесе оргинал. Убаво мирисаат и само тоа останува. Мене во овој период устата ми е мн испукана и сува па ги избегнувам. Сјајчињата се онака ок просечни , а моливчињата предобри се топат кога ги нанесуваш,кремасти мирисаат преубавоо... Овие на Кајли се скапички,за тие пари ќе земам два од La splash кои се број еден и се водоотпорни (Идеални за работа со клиенти )
Кармините на Кајли ја сушат устата. Не стојат ако претходно имате ставено лабело. Трајноста им е средна. Мене повеќе ми се допаѓаат моливите, па само молив би купила пак кога би имала прилика.