rossonerka ставај безбоен лак сепак кај мене има ефект и ми седат по 3 дена па кој лак и да е не се ди повеќе од 3 дена(освен овие што се некоја марка поскапите)јас сега го зедов од Аура мат црвениот па трај добри 5-6 дена а бојата е фантастична
абе ок не е суво мат ама пак си се гледа дека е мат јас така си го правам многу убаво изгледа како гел да имаш ставено на ноктите и повеќе траат а ако сакаш така суво мат знам дека во козметичките салони прават траен маникир и ноктите ти се така суво мат и траат околу еден месец 200 или 300 денари е па ако имаш мерак направиги
Јас имам безбоен лак со матирачки ефект од Gosh и заедно со два слоја од Flormar + матирачкиов ми стоеше на ноктите рекордна една недела со многу мали оштетувања. Само што со тек на време веќе се губи мат ефектот и ноктите 4-5 ден стануваат посјајни. Како и да е, многу подолго од овие обичниве мат, така да подобро е ваков да си купиш, плус и можеш да го ставаш врз секој обичен лак и поисплатливо е. А постои и суво мат и влажно мат, или ? Секако дека ако ставиш безбоен подолго ќе ти трае, и можеби и така убаво изгледа, ама ние зборуваме за постигнување на овој мат ефект од сликата погоре, без никаков сјај.
Леле жени за мат лакови тема се напраи ко за измислена честичка за спас на изумрен вид животно Сите што имате недоумици за лаковиве, ги сушат многу ноктите и по некое време упорно користење се лупат ноктите, испробано во сите случаеви
Уште кога излегоа си земав еден црвен на голден роуз, и уште се прашувам зашто го земав. На почеток е мат, ама по еден ден си добива сјај Ама нели имаше бе еден како прозирен лак, за да матира, уствари си ставаш прво обичен лак па после од овој и ноктите ти се како со мат лак да се налакирани? Не е овој на ши, знам си го сочував сликичето, само уште да знам во кој фолдер И да прашам нешто ама не ми се смејте Што ефект се постига од лаковите топ коат? Читам по темиве доста го употребуваат ама за која цел Едит еве го лакчето бе, на гош било, го користел некој? Едит по втор пат, ама веќе касно сеа гледам дека Oxymoron пишала дека го користела истово
оффф јас не реков дека постои суво мат или пак влажно мат ако добро ги прочита моите постови само ефектот со такви зборови го опишав за подобро да бидам сватена сепак да не ставиш сјај и да ставиш матот е со поинаков ефект со и без него ако најдиш ти по соодветни зборови повели драга опиши...
Тоа ти е уствари заштита, ставаш на крај за да постигнеш краен ефект, дали мат, дали сјај, дали гел лук, дали квик драј, дали чисто заштита на лакот, во секој случај не сите лакови го имаат истиот ефект, од квик драј на Голден Роуз сум презадоволна, па и четчето, преубаво, а од Флормар ич не сум задоволна, па и четчето, едно тенко, секој лак исшаран на ноктите го замачкува, не знам зошто го купив, ама ајде. Јас демек поборник дека Мат Лук ги уништуваат ноктите ама без него не се оставам, пак го имам во колекцијата лакчиња, туку ми се намалила, имав квалитетна бројка од 100 сигурно, едвај стигнувам сеа до 80, ајде иде пролет, ќе се надополни
Еве ги какви се Спојлер Иначе јас не сум купила ваков,а баш планирав да си земам црн.Абе девојки,ме предомисливте.Да земам сега или не Ако не се многу скапи,би си купила,ако се лупат.Само да не се изгор
Ја ги купувам за 80ден. Глупо е што за 2 дена највеќе почнува да се лупи лакот.Не е до толку дека одма паѓа лакот. Ама вреди да се купи Не се до толку катастрофа. Па и обичните лакови за 3-4 дена почнуваат да се лупат. Мене ми се допаѓа што брзо се сушат коа ќе се налакирам.
Јас пред некој ден се налакирав со црвен мат лак и ептен ми се допадна како стои. Во план сум да си земам, еден за проба.
Еве го на Ши не знам кој прашуваше претходно http://www.neseser.hr/lak-za-nokte/2788 ... -Coat.html ама да нагласам за неколку саати (неколку измиени чаши) врвовите ми се сјајни. Се исплати сам да си направиш таква шара како француски маникир, врвовите сјајни иначе пак ќе кажам дека ваквиот е најисплатлив, а со ист ефект. Не мора конкретно на ши, јас со месеци барав на есенс и никако да најдам па се прерадував на овој и тоа само еден беше. Не знам зошто ретко се наоѓаат.
Mногу убаво изгледаат ама катастрофа уште истиот ден се бришат Ауу..јас сакам да експериментирам со лакови ... тоа ми е хоби