Одамна сакам да се лакирам со ваков лак, ама кај нас никако да најдам Ако успеам да најдам ваков и ваков супер ќе биде
Umbrella22 јас имам купено од Голден Роуз виолетов мат, само малку потемен од тој на сликата. Провери таму, можеби ќе ти се допадне
Амбрела, купи си мат лак, безбоен, имаш нанеколку фирми, најди си ги овие нијанси и налакира се, помини со ова мат лакот безбоен и имаш исти вакви нокти. Јас ги имам и двете нијнси ама нормални, па со мат лаков, во моментов го користам на Флормар, добивам исти ефект. Имаш мат лак и на Гош, Аура, Мисс Спорти, Флормар...
^ за овие не сум видела во нашиот авон знам дека имаат графити и сјаен ама мат... а на сликава па јасно се глледа дека постои таков..
Направете си мат лак во домашни услови. На оган ставете ѓезве со вода. Водата нека врие. Налакирајте ги ноктите и додека сеуште не се исушени, ставете ги на пареата од водата и ете ви мат лак Испробано
Дали е така со сите мат лакови или мене така ми се погодил мојот не знам, но разочарувачки е колку малку трае мат ефектот. Денеска се налакирам, другиот ден толку од матот. За третиот ден да не зборам, веќе станува сјаен, најобичен лак.
Мишела кај мене тоа се случува само кога врз обичен лак нанесам лак за мат ефект на мисс спорти и за 2 дна го нема тој ефект веќе но за тие 60 денари е сосема доволно. А додека пак мат лаковите на авон што се поскапи(цените им варираат но, најчесто околу 200 денари) работата си ја вршат О Д Л И Ч Н О. Лак останува барем по 5-6 дена без да се излупи и останува секако, мат.
Како можам сега да ја забележам темава? Јас имам еден од Габрини црн,но не е баш посебен. Долго време,речиси година барав топ коат-мат и најдов пред еден месец 285 ден. Еве го мојот мат Лаков ко обожавам едноставно . Мат дејството трае 5 дена забележително,потоа не се разликува баш добро .
Јас имам од голден роуз што се,темно црвен ама воопшто не ставам од него,повеќе сакам да ми сјаат ноктите