1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мафини

Дискусија во 'Рецепти' започната од Marilyn-Monroe, 11 октомври 2011.

  1. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    За прв пат пробав да направам мафини, следев некој рецепт што го најдов поназад во темата, со малини. Арно ама моето смрзнато овошје имаше и blueberries, капини и рибизла така да мн кисели ми испаднаа.
    Малку сплескани се, ама што знам..како за првпат не е лошо, се јадат :rofl:
     
  2. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Некој рецепт за овие? :?: :)
     
  3. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    ^ Нели ја прелиста темата, на секоја страна има рецепти ;)
     
    На HollyWoodGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Таткоми го купи овај калап денес, ама продавачката му рекла дека не се печи во него, а паковка немаше за да прочитам дали можи да се користи и за печење. Што мислите, можам да го користам за печење?
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo0753.jpg
      Photo0753.jpg
      Големина на фајлот:
      177,6 KB
      Прегледи:
      424
    На dLady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Aко е како моите дома не е за печење.Служи за правење на пралини.
     
  6. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    На предходните страни имаа пишувано за силиконски калапи, и мене овај така ми изгледа, ама не сум сигурна дека продавачката му рекла не се користи за печење, па затоа прашував.
     
  7. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Пак јас :) Пробав и супер ми дојдоја, ги правев по рецептот од ситносецкано на првата страна што е.
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo0755.jpg
      Photo0755.jpg
      Големина на фајлот:
      238,2 KB
      Прегледи:
      383
    • Photo0757.jpg
      Photo0757.jpg
      Големина на фајлот:
      216,7 KB
      Прегледи:
      383
    На dLady, Nevermore и Hipster им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Се пече во овој калап, јас имам ист таков, само поголем за дупла доза. Мојот си беше спакуван и на декларацијата си пишуваше „силиконски калап за печење колачи“
    И прелесно се вадат, мислам, јасно нели. :D
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Па затоа и му имав речено силиконски да купи, дека читав тука дека е полесен за користење, ама продавачката му рекла не се користи за печење, ама сепак пробав, и како за прв пат супер ми излегоа.
     
  10. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Каде да купам такво тавче за печење во Скопје и која цена е ?
     
  11. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Затоа што е затворена темата Сакам да прашам па ај си викам тука валјда е ок...
    Девојки каде можам да нарачам мафини за дома,ама со декорација по желба и да не се многу скапи? Знам во О-ла-ла има ама малце соленки им се цените или се лажам можеби? Ви благодарам :)
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Синоќа направив солени по рецептот на Annath, со тоа што не ставив пола чаша пченкарно брашно, туку само обично. Малку ми се скрши филм кога видов дека немаме дома пченкарно, а бидејќи ги правев на полноќ немав од каде да купам. Не ги правам прв пат по оваа рецепта, ама овојпат смесата некако ми беше погуста, скоро како тесто. Можеби заради брашното, не знам, ама бараа малку повеќе печење. Сабајлево ги пробав, и на мое изненадување ми се повкусни вака, бидејќи се помеки.
    Инаку, овојпат ги направив со шунка и сирење :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 010.jpg
      010.jpg
      Големина на фајлот:
      140,3 KB
      Прегледи:
      590
    На ilipili, koritsaki, Ariel и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ги гледам вака овие, може да се печат во хартиените корпички? Ако да, се премачкуваат со нешто?
     

    Прикачени фајлови:

  14. doutzen

    doutzen Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    158
    да бе да ке се мучам
    абе иди у кам 90 ден
    измути го во млеко
    испечи го
    стај му чоколадо и :P :P :P
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    ^ A подготовката на мафините едно мУчење, шта да ти причам ...

    Јас последно им додадов суво грозје, аронија и парченца чоколадо. Преубави беа, штета што не ми текна да ги сликнам, сега имам и нови модли во облик на срциња. :wasntme:
    Хит ми се, дури приметив дека не јадам така многу благотии и чоколади, ами мафиниве ми се замена за било какво благо.
    Нареден пат ќе си купам некои малинки, боровинки и со нив ќе пробам.
     
    На Annath, tigerlady, bittersweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мешавината ја ставаш директно во хартиените корпички. Но хартиените корпички (за да не ти се расцветаат) ги ставаш во калапи за мафини.
    Ништо не премачкуваш.

    Откако ќе оладат мафините ги вадиш, и пред јадење едноставно се лупат корпичките. Лесно, едноставно и чисто е. :)
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    А да ги наредам така погусто, едни до други, во плех? Дека дома имам само еден калап (за 6 мафини). Ќе треба цел ден да ги правам :D
     
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    ^ Како и да ги наредиш, ако не се ставени во калуп или во оние корпичките како од алуминиумска фолија, ама доста поцврсти - ќе расцветаат и џабе трудот ќе ти биде.
    Подобро печи си ги така на тури или пак земи си калуп со повеќе местенца. :)
     
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Каков рецепт сум открила за мафини, да можев сама споменик ќе си изградев. 8)

    Решив да барам рецепти за здрави мафини бидејќи не смеам баш многу рафиниран шеќер да конзумирам. Идејата ми беше да си направам поголема доза на мафини и да си носам на факултет бидејќи мојот е позади три рида каде во близина нема ништо освен банички и буреци да се јаде.

    Значи вака:
    1/2 шолја шеќер (јас и помалку ставив и одлични се)
    1 шолја млеко (ама во млекото ќе ставите лажица сок од лимон, ова зошто во рецептот требаше buttermilk)
    1/3 шолја масло
    1 поголемо или 2 помали јајца
    1 шолја брашно
    1 шолја овесни снегулки
    2 лажички прашок за пециво
    1 лажичка сода
    1/4 лажичка сол

    Стандард рецепт за мафини: се мешаат во еден сад сувите, во друг влажните состојки и се спојуваат. Јас им додадов замрзнато овошје (капини, малини, се што баба ми замрзнала во теглата). Смесава е за доста мафини, мене ми излегоа 18 и во неколку и кокосово брашно ставив.

    Абре прсти да излижеш, воопшто не се тешки и претерано благи, мене ова ми е често проблем со купечки мафини. Следен пат планирам да ставам интегрално брашно наместо обично, сега немав такво дома.
     
    На Annath и Libera им се допаѓа ова.
  20. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Ја исчитав целата тема и навистина има неколку фантастични рецепти. Annath твојот рецепт за чоколадни мафини е шампионски. Сум пробала многу рецепти за чоколадни мафини ама овој е дефинитивно 5 ѕвезди :clap:
    Сакам само нешто на кратко да дополнам.
    Прочитав некаде подолу дека мафини и капкејкси се иста работа. Тоа не е точно. Станува збор за два различни видови ситни колачи. Мафините се погусти (dense) и по правило не се декорираат со батеркрим (buttercream) или било каков друг вид фростинг. Горниот дел треба да има облик на купола. Капкејксите се воздушести, лесни , fluffy, и се рамни со цел да можат да бидат декорирани.
    Гледам на некои од фотките горниот дел на мафините е со неправилна форма и делува како да "избегале" од корпичката. Овој несакан ефект се избегнува доколку се почитува едно од основните правила при подготовка на овие слатки задоволства - корпичката секогаш се полни 2/3.
    Поздрав :D
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.