1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мафини

Дискусија во 'Рецепти' започната од Marilyn-Monroe, 11 октомври 2011.

  1. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.482
    Пол:
    Женски
  2. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Денес ги направив чоколадните мафини на Annath , го има постирано рецептот меѓу првите страници.
    Прв пат ги правам и прекрасни испаднаа, многу се вкусни. :clap:
    Ми испаднаа окулу 15-16 мафини, е сега нареден пат кога ќе ги правам сакам да ги дуплирам состојките, да направам дупла доза за да ми излезат повеќе.
    Одма ги изедовме, бараа уште ама нема. :)
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас синоќа пробав да направам пица мафини :)
    Ја искористив рецептата на Annath за солени мафини (ќе ја ставам во спојлер)

    Со тоа што ставив само бело брашно, во смесата ставив сецкана шунка, кашкавал и печурки, а откако ги ставив во калапите, одозгора им ставив густ домашен кечап и оригано. Супер испаднаа, ќе ги сликав, ама синоќа ги направив и си реков на денска светлина ќе ги сликам.
    До сабајлево беа веќе изедени :wasntme:
    И друг пат ќе ги правам, ама ќе пробам да ја намалам смесата, па ќе видиме како ќе ми испаднат :)
    Искрено, очекував кечапот да ми пропадне во мафините, ама дали дека беше малку погуст, си остана на површина. И малку повеќе ги печев од вообичаено. Сакав да ставам и маслинки, ама сестра ми не јаде. Така што ете ви уште една состојка како предлог :)
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас пред малку се истакнав со денешниот десерт.

    Чоколадни мафини со портокал и цимет. Леле прекраснотии, морате да пробате. Само не претерувајте со циметот, пола лажичка за 12 мафини е сосема доволна. Рецептот го нашла мајка ми на интернет и иако она воопшто не е љубител на мафини ептен имаше мерак да ги пробаме. Е сега, имаше и понекоја маана во рецептот, многу шеќер на што скратив и немаше пишано прашок за пециво.

    Дефинитивно мафини не идат без прашок за пециво, убави се ама некако набиени, јас ги сакам кога се повоздушести. Кој и да е рецептот, мојата логика е сите течни состојки во еден, сите суви во друг сад и на крај се спојуваат. Нема грешка. И ако е вкусна смесата, ќе бидат и мафините. ;)

    Друго што сакав да ви кажам. Јас секогаш правев мафини со калап без корпички, некако немам навика да ги купувам и редовно си го миев тавчето. Последниот пат кога бев во Џамбо наидов на 100 хартиени корпички за 50 и нешто денари. Навистина е одлична инвестиција, нити миење, нити подмачкување нема. Плус ептен се симпатични корпичките, има сликичка од капкејс. Ви препорачувам вака да пробате, освен ако не ви е интересно миењето. :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Missa.Amane

    Missa.Amane Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    И јас обожавам мафини :D
    Иначе околу рецептот има многи рецепти за мафини ама јас користам цело време еден исто ти ја кажува основата на мафините а после ти можеш да додаеш што сакаш во нив зависно од тоа каков вкус сакаш да имаат и стварно испагаат многу убави :D
     
  6. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Ги обожавам, поготово тие од Старбакс со мнооогу чоколадо ммммм...

    Инаку знае ли некоја како да направам внатре во нив да има течно чоколадо?
    Да бидат нешто како кроасан, како со крем внатре..
    Сакав да пробам со крем ама незнам дали ќе остане додека се печат и се издигаат..
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.107
    Допаѓања:
    112.665
    Пол:
    Женски
    А може да го ставиш рецептот??
     
  8. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Ovoshnite mafini(borovinki,malinki) se vrv :up: ,poseben shmek davaat,za razlika od chokoladnite(inaku golem ljubitel sum na chokoladni kolachi,torti,chokolada,pa sega videte ;) )
     
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
  10. san4ej

    san4ej Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Dali znae nekoj kako se prigogutvuva onoj cvrst krem slag za mafini.....ne e so belki sigurno ni so slag krem....ako znae nekoj neka kaze....Falaaa :)
     
  11. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.107
    Допаѓања:
    112.665
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на онај чоколадниот се вика ganache и се прави со тоа што во загреана ( не зовриена ) хопла се става сиксено чоколадо ( може за готвење, може млечно или бело по желба) си се меша додека не се стопи убаво чоколадото. Потоа се остава да се олади , да се добие густина, и се мати со миксер се добива кремот. Јас ставам 250 грама хопла со 250 грама чоколадо.

    [​IMG]
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Рецепт за мафини ама да не се суви, туку сочни. Правев пред неколку дена чоколадни но, не сум задоволна како испаднаа. Вкусни беа но, мн се ронеа :worried:
     
  14. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Во потрага сум по НЕ КИНЕСКИ ТЕФЛОНСКИ калапи за 12 мафини.

    Ве молам ако некој знае каде да најдам, пишете, бидејќи градов е преплавен со кинеска роба. Не е битна цената. Фала однапред :)
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.107
    Допаѓања:
    112.665
    Пол:
    Женски
    Delimano. Ги имам, и не ги менувам за ништо на светов. 500 денари е калап за 6 мафини.

    Буквално вака се вадат

    [​IMG]
     
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Јас ги правам во хартиени калапи и одлично испаднаа.
     
  17. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    го имам пишано во некоја од претходните страни...јас искрено сум презадоволна од овој тефлонски калап ...се вадат многу лесно како на сликата на феминката пред мене :)
     
  18. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Еве ги и моите мафини, се уште во калапчињата срциња кои ми се од Џамбо.
    еве го и рецептот: http://www.tortijada.mk/mk/kolacinja-i- ... kokos.html
    Прелесни за правење и превкусни за јадење :mm:
     

    Прикачени фајлови:

    • P281013_17.44.jpg
      P281013_17.44.jpg
      Големина на фајлот:
      224,4 KB
      Прегледи:
      451
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Да, но силиконски е калапот, несакам силикон... Презадоволна сум од Делимано, ама несакам да се силиконски...

    А овие од Супер тинекс, кинески ли се? Фала однапред :)
     
  20. MDonovich

    MDonovich Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    42
    Чоколадни мафини :inlove:

    Состојки:
    5 јајца
    300 гр. маргарин
    300 гр. шеќер
    350 гр. брашно
    100гр. чоколада
    200 гр. сецкани ореви
    1 прашок за пециво
    1 лаж. рум
    5 лаж. црн крем
    3 лаж. бел крем

    Подготовка
    Во сад за матење се ставаат јајцата и се матат заедно со шеќерот. Во нив се додава претходно растопен маргарин. На крај се додаваат румот и брашното измешано со прашокот за пециво и се додаваат и оревите.
    Во калапите за мафини се става до половина од смесата и потоа се става по една коцка чоколада и одогора се става пак од смесата.
    Мафините се печат на 200 степени околу 20 мин.
    Потоа кога ќе бидат оладени се брцнуваат во растопен црн крем, во кој што се додава малку зејтин за да биде по течно.
    Одозгора се декорираат по ваш избор.