1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мафини

Дискусија во 'Рецепти' започната од Marilyn-Monroe, 11 октомври 2011.

  1. natalijja

    natalijja Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    13
    Мими денеска ги правев и навистина се брзи и лесни за правење а притоа се и многу вкусни.
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Рецептава е за 12 мафини? Некако многу мастраф ми се гледа, или ми се чини? :?:
     
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    нема шанси за 12 да е, со 5 јајца торта се прави а не па ли 12 мафини. И 300 грама маргарин многу е, мене ми изгледа некоја грешка е рецептов. :^)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    И јас мислам истото. За 12 мафини е отприлика 1/3 од дозава. Плус, корпичката не се полни целата инаку мафинот ќе се разлее надвор од неа. Треба и малку сода бикарбона - околу 1/2 лажиче. И 1/2 лажиче екстракт од ванила. Мафини се печат на 180 степени.
    Сепак, соодносот маргарин/шеќер/брашно малку ми е нелогичен.
     
  5. sever123

    sever123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    98
    2 јајца
    125 гр. маргарин
    1 филџан брашно
    2 филџани шеќер
    1 пециво
    1 ванила
    1/2 лажичка сол
    1 чоколадо

    Баш сочни испаѓаат, не се ронат.
    Инаку ова е за 12 мафини.
     
  6. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    А бе мама најубај ги прави и нема никој равен на мама :D
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Одамна се спремам да зготвам мафини, многу убави рецептиве, вкусни и богати баш ко што сакам.
    Е сега немам тавче, па барам да ми препорачате некое поефтино тафче за да пробам, па после планирам да си земам Делимано. Мислам, ако воопшто има поефтино по Базаро, Рамстор, Веро...

    Имам дома алуминиумски едни ко калапи, ама тие се поголеми во нив топло-ладно правам а сакам помали.
    И едно прашање колку смеса ставате во калапите, 2/3 или ?
     
  8. natencee89

    natencee89 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво, дали сте имале до сега искуство со порачување мафини и дали знаете како одат цените? :)
     
  9. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    MeU пробај ги овие со банана... преубави се, сочни, меки и превкусни.



     
    На cinderella5 и najubava2010 им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Јас денес направив убави мафини. по овој рецепт
    http://www.bbcgoodfood.com/recipes/2331 ... fin-recipe само што се поделив на пола, оти вака многу ќе ми испаднеа.
    1 јајце
    100 гр. шеќер
    125 мл. млеко
    200 гр. брашно
    65 мл. масло
    1 1/2 лажичка прашок за пециво
    1/2 лажичка сол
    + ванила екстракт, малку цимет и џем од кајсии (мој додаток)

    Се мешаат прво јајцето, маслото, млекото и ванилата. Во друг сад се мешаат шеќерот, брашното прашокот за пециво, солта и циметот. Течната смеса се тура во садот со сувите состојки и се меша со жица за матење. Не смее многу да се меша, само колку да со соединат состојките.
    Модлите (кои btw ми се купени од Џамбо, од силиконските) се премачкуваат со малку масло (или путер), и се полнат до половина со смесата. Потоа се става една лажичка од џемот, и се дополнуваат со смесата. Само нели не смее да се преполни, да не прелијат во печењето. Се печат на 180°, околу 15-20 минути, дури не добијат светло кафеавкаста боја.
    Може да се користи бло каков џем, мармалад, па дури и еурокрем. Тоа останува на средина како полнеж, и им дава прекрасен шмек. Моиве испаднаа МИЛИНА, не беа ни премногу ронливи, ниту пак затестени. Баш идеални! Брз и одличен десерт.
    Може исто така да се одземе 30-50 гр брашно, и да се додаде толку какао, за љубителите на чоколадниот вкус.

    Убавината на мафините е што може да се експериментира со рецептот.
     
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски
    Незнам дали во темава ми е соодветно место за прашањево, ама сепак за мафини се работи.
    Денес мајка ми проба да напрви мини солени мафини ( во смесата незнам што точно става, знам дека става јајца, пченкарно брашно,зејтин, малку јогурт..) и и испадна фина густа смеса.
    Ја стави во оние најмалите каписли за колачи, до пола го полнеше секое, и едно до друго ги нареди во обично плехче врз кое имаше само хартија за печење.
    Не се разлеаа, веројатно зошто беа набиени, ама се залепија за книжните каписли, можеби зошто не и биле премачкани..
    Прашањето ми е како да ги направиме мини мафините или мини проичките, во обични каписли за колачи?
     
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Новогодишни мафини

    Мерка-голем филџан за кафе

    -2 филџани брашно
    -1 филџан шеќер
    -1/2 филџан масло
    -1 прашок за пециво
    -малку сол
    -2 јајца
    -1 филџан млеко
    -100 г. сецкани лешници
    -100 г. суво грозје
    -изрендана кора од 1 лимон или портокал

    Во првиот сад измешајте брашно, шеќер, сол и пециво.Во другиот сад изматете ги јајцата, а потоа измешајте со маслото, млекото, лешниците и сувото грозје. Потоа соединете ги состојките со малку мешање. Наполнете ги корпичките за печење и печете околу 20 минути на температура од 180 степени.
    Ги украсував со фондан по овој рецепт;
    http://www.youtube.com/watch?v=RoUR_f-Lud0
     

    Прикачени фајлови:

    • S3010061.JPG
      S3010061.JPG
      Големина на фајлот:
      305,5 KB
      Прегледи:
      1.090
    На Masnickaaa, Kaylie, lepadama и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Јас пред некое време викнав дома другарки и правевме Cupcakes party. Правевме мафини со смартис бонбоните, кои што воопшто не се осеќаат. Ги најдовме во една книга, специјално за мафини која што ја купив. Се надевам дека нема да ми замерите ако сега само ви пратам слика какви ни испаднаа без рецептата, а јас во меѓувреме ќе ја замолам мајка ми да ја преведе (бидејќи е на германки) а јас не сум многу добра во преведување. Поздрав, и во најкратко време ќе ви пишам! :)
    Едит: Малку ги подизгоревме, ама сепак вкусни беа и ве молам не гледајте тоа што шлагот е на секаде ушлакан, детска работа... :tmi: :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Elena69221 и Peppermint им се допаѓа ова.
  14. Blindfold

    Blindfold Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    6
    Женски имам едни силиконски калапи ама ги купив по 100 ден па се мислам дали да печам во нив,можно ли е да се растопат оти ефтини се можеби не се квалитетни?А имам слушнато и дека калапите се ставаат во тавче со вода па така се печат.Ајде ве молам дајте ми совет сакам да пробам да направам нешто :)
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    ^
    И јас имам најобични силиконски калапи, до сега не потфрлиле никогаш. Нема потреба да се ставаат во тавче со вода, само нареди ги на тавчето и стави ги во рерна на печење.
     
  16. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.680
    Допаѓања:
    8.629
    Пол:
    Женски
    Me interesira sto e razlikata pomegju mafin i kapkejk?
     
  17. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Имам објаснето претходно, па ај ќе се самоцитирам :lol:

     

    Прикачени фајлови:

  18. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Пица-мафини

    Шунка
    Кашкавал
    Кечап
    Готови кори
    Едната кора се става,се мачка со масло,а на втората се мачка кечап,и се става рендана шунка и кашкавал.Се мотаат корите и се сечат на мали ролатчиња.Од нив во калапза мафинисе ставаат по 3,а одозгора се полеваат со сместата од:
    3 јајца
    400гр. млеко
    200гр.павлака
    пола м.л пециво
    сол,бибер :)
     
  19. babyusa

    babyusa Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    14
    Ај ве молам доколку некој има добар рецепт за cupcakes да ми каже кај што испаѓаат некаде околу 10 , сакам да го изненадам дечко ми за годишнина.... јас да ги направам по можност некој по лесен рецепт :)
     
  20. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Babyusa, во основа скоро секоја торта може да биде модифицирана во cupcake, па ако дечко ти има омилена торта - пробај со конкретниот рецепт, но испечи ги во модлички за капкејкс и декорирај со филот од истата торта, но дури и обичен шлаг крем (не шлаг пена) врши добра работа. Немаш специфицирано каков вкус бараш, па еве неколку рецепти (сите проверени и успешни):

    http://www.jamieoliver.com/recipes/reci ... m-cupcakes (безглутенското брашно, слободно замени го со какво сакаш и за десетина направи 1/2 доза)

    http://www.marthastewart.com/314063/ban ... kes|314063 ( дозата е за 12 стандардни тортички)

    http://smittenkitchen.com/blog/2007/06/ ... k-bottoms/ (може и стандардно крем сирење, излегуваат 12 стандардни тортички ).
     
    На Acka22 и babyusa им се допаѓа ова.