Мафини со вишња и чоколадо Потребни состојки: 2 јајца 150 грама шеќер 200 мл млеко 125 гр маргарин 250 гр брашно 1 пециво вишњи 100 гр чоколадо јајцата и шеќерот се матат па се додава изладеното млеко во кое претходно се растопува маргарини на крај се додава брашното измешано со пециво. Смесата е за 24 мафини Калапот се полни 2/3 од смесата и одозгора се ставаат сецкани вишни и сецкано чоколадо
Ајде и јас да ви пишам еден вкусен рецепт за солени мафинки. Најпрво ја загревам рерната на 200 степени. Во еден сад ставам 1 чаша брашно, малку оригано и 1 пециво.Додавам околу 150-200гр урда ( може и со сирење, јас не јадам затоа со урда), 150-200гр салама, иста количина колку и урда, 1 чаша млеко, неколку капки кечап, Убаво ја мешам смесата да се изедначи, потоа ставам едно јајце и само го разлевам и малку промешувам низ смесата колку да се соедини. Ја оставам смесата да отстои во садот 5 минути и во меѓувреме ја мачкам тавата, односно калапите со зејтин и со голема лажичка ги полнам скоро до горе, не скрос затоа што си нараснуваат додека се печат. На крај со рака врз тавата наросувам малку брашно за да не се залепат. Се печат околу 25 минути, зависи, ќе видите си заруменуваат кога ќе бидат готови. Многу се вкусни и топли додека се, дури и следниот ден се превкусни.
Нашите омилени мафини по дома: http://allrecipes.com/recipe/banana-oat-muffins/ Експресно се прават, нема утка, особено се вкусни следниот ден. Бананата дава влажност на тестото и не се суви. Јас наместо белиот шеќер го заменувам со жолт, а би пробала и со кафеав. Исто така додавам и цимет.
Мислам дека добро се чита рецептот. Случајно ги најдов во некое старо списание и морав да ги пробам. Превкусни се, ајварот без сомнеж им дава некој пиперкаст специфичен вкус. Сочни се ептен, јас плус им додадов и малку морков за да ми бидат пошарени.
Моите омилени благи мафини. Рецептот го земав од * Мој рецепт * - 200 гр. брашно - 50. гр овес - 100 гр. шеќер во прав - 3 кафени лажици прашок за пециво - малку сол - 160 мл. млеко - 60 мл. растително масло - 2 јајца - семе (јас го користев она од тегличе на виталија, со 4 видови на семиња) Првин се мешаат цврсти состојки, па се додаваат течни. Кога се промешуваат состојките, треба само малку да се промешат. Намачкајте калап со путер, додадите смеса во калапот (околу 2/3 да биде полн), поспете одозгора со семе. Се печат во рерна загреана на 200 степени, 20 минути. Кога се готови изладени можат да се полијат одозгора со малку мед. Омилените солени мафини - Мафини со сирење и маслинки - чаша и пол обично брашно - пола чаша пченкарно брашно - пола кесичка прашок за пециво - малку сол - 2 јајца - чаша млеко - пола чаша масло - околу 400 грама сирење и сечкани маслинки (заедно) Се мешат во длабок сад сувите состојки (брашно, пециво, сол, рендано сирење и сечкани маслинки по избор), а посебно се матат јајцата, млекото и маслото. После се додаваат течните во сувите состојки, убаво се промешува, да нема грутки. Се ставаат во калап за мафини (со хартиени корпи или без), и одозгора се посипат со сусам. Се печат 15- 20 минути на 180-200 степени, во зависност од рерната.
дури сега ми текна да ја отворам странава да најдам некој рецепт па видов дека си прашала ако веќе не си се снашла јас користам порцелански филџани за кафе до пола некаде се полнат и исто испагаат како калапи
Вчера правев: 4 јајца 10лаж. брашно 1 фил. зејтин 1 печиво 180мл. јогурт ...и по желба филџан со маслинки/сирење/салама
Силиконските калапи за мафини како се користат? Треба прво калапот да се стави во тавче па така на печење или директно калапот во рерна?
Ако е поцврст калапот, може и директно во рерна, ама подобро е да го ставиш во тавче, бидејќи силиконските калапи се превиткуваат лесно и може да ти истече смесата и мафините да бидат со неправилни форми.
До сега само еднаш правев мафини, чоколадни... Успешни беа, многу сочни и вкусни. тесто за 24 мафини: - 90гр. какао - 170гр. врела вода - 375гр. брашно - 1 лаж. пециво - 1 лаж. сода-бикарбона - 1 лаж. сол - 250 гр. маргарин - 350гр. шеќер - 4 јајца - 200мл. кисела павлака крем: -500мл. слатка павлака (хопла) -250гр. чоколадо Тесто Какаото се меша со водата. Во друг сад се меша брашното, пецивото, содата и солта. Маргаринот и шеќерот се ставаат на пареа додека да се стопи маргаринот, и кога ќе се добие еднолична смеса се трга од оган и се миксира дури да се олади (околу 5мин.). Кога ќе се олади едно по едно се додаваат јајцата. Потоа се додава водата со какаото и убаво се меша. Пополека се додаваат сувите состојки и на крај киселата павлака. Калапите се подмачкуваат со маргарин и се полнат околу три четвртини. Се печат на загреана рерна на 180 степени околу 15-20 мин. Се оставаат потполно да изладат. Крем Се загрева хоплата (не да врие). Во друг сад се крши чоколадото и се става во него топлата хопла и се меша дури да се стопи чоколадото. Се миксира за да се згусни хоплата. Се остава да се излади па се филува. Ако ви се гледаат многу 24 мафини, направете 12 со пола од смесата... .
Девојки, знаете некој рецепт за мафини со овес и интегрално брашно? Сакам да направам, но рецепт никако не можам да најдам. Фала ви
Сакам да прашам нешто, може прашањето ќе биде глупаво но итно ми е. Дали може дидиректно да се печат мафините во хартиени корпички ставени во тавче?
Здраво моето прашање е дали калапите ги полните скрос или не ? јас имам калап за 24 мафини ,го купив од Веро отприлика големината е колку хартиените корпиња. Дали дупла смеса е доволна за 24 мафини со таа големина ?
@sanie калпчињата за мафини секогаш се полнат 2/3 за да има место каде да нарасне тестото без да се прелее.
Да јас ги имам си печам без проблем и солени и благи мафини, или во тафче па во рерна или директно на решетка, мнг лесно се оделува мафинот после печење и лесно се мијат, може и во машина за садови.
Kalapcinjata pred da gi napolnite so smesa gi premackuvate li i so sto.nekna pravev vo hartieni korpicki tesko mi se vadea.sega si zedov silikonski ama da si prasam pred da gi isprobam
Мора да ги премачка или со маргарин, па брашно или со масло. Имам слушнато дека од паштети што се кутивчињата, да сси ги собираш, и во нив да си правиш мафини ем не требало мачкање, ем не се залепувале, и многу лесно со вода и сјај се миеле.