Спојлер: Рецепт 3 чаши брашно 3 чаши кисела вода 3чаши шеќер 3чаши масло 3-4 лајчиња какао 1 лајче сода бикарбона Се печат мафини или торта цела од смесава И се прелива со врел прелив Од 1 лажица масло 4 вода 80 грама маргарин 2 чоколади за кување 2-3 ванили 1 лажица капучино Прееевкусно
рецепт за мафини што се убави да се јадат и наредниот ден откако ке се направат? и дали хартиенит корпички треба да се премачкаат со нешто и со што
Јас во последно ги правам секој ден, превкусни се нема утка ем обични ем ефтини 3 јајца и 1 жолчка со шеќер ги матиш, и кога ќе е готово додаваш топено чоколадо, а потоа 2- 3 лажици какао, и 2 лажици брашно. Убаво измешаната смеса си ја ставаш во калапи, и ги оставаш да се печат, зависно ако сакас како мене вантрешниот дел да е течен ги оставаш 5 мин, а ако сакаш поцврсти 10 мин.
Здр сакам да прашам дали ги имате замрзнувано зошто јас сакам да правам па во длабоко да ставам зс не ми се за сеа дали ле и биде неш ако стојат до 6ти ве молам пишете ми
Какви се тие лепенки за мафини за декорација? Има ли некаде да се купат готови како стикери лепенки за мафини од фондан или како оние слики за торта?
Барав вчера во Рамстор и ми се чудеа... Како се користат лепенкиве, треба ли да се лепат врз бел шлаг како сликите за торта или немора?
Ги има во Рамсторамата , јас таму ги видов https://issuu.com/ramstoremallvesnik/docs/ramstorama_218 Во долниот лев агол, на страна 46, не знам зошто се чуделе продавачките. Ги немам користено.
Темава не е баш активна ама ај да си прашам, да не ги има некој направено мафините на овој начин ? https://www.crnobelo.com/hrana/rece...-so-cokolado-za-koi-ne-treba-da-pravite-smesa. Успеваат ли?
Сакам да направам некои мафини, ама да се интересни на изглед, не знам со што да ги декорирам. Внука ми ќе биде прваче, па на таа тема, нешто со букви, бројки. Не сакам со фил или фондан да се украсени, бидејќи немам искуство со фондан. Некоја идеја ако имате, споделете.
Нова сум тука но одамна ве читам. Инаку ги утепав од правење годиниве солените мафини од @Annath и со мармалад на trendafilka Ептен ми се погодија
Земав метална тава за мафини, никогаш немам користено. Се мислам дали треба да ставам хартија во калапчињата или нема потреба? Пример, со силиконски лесно се вадат, не знам од металнава дали ќе се залепат?