Во хартија кога печеш секогаш ќе ти се залепат, ако имаш купено готови некогаш ќе забележиш дека и тие се прилепени. Кога ги прават јас ги ставам во калап претходно намачкан со зејтин и брашно (или какао ако правиш чоколадни). Откако ќе се испечат остави ги да се изладат и кога ќе ги вадиш помини од страните со тап нож.
Правев пред 3-4 дена ... Рецептот го најдов овде на ФЕМИНА ,http://www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/чоколадна-лава .... Лесни се и одма се прават , за 10тина минути имаш преубава ЧОКОЛАДНА ЛАВА
Танана!!!Супер ми испаднаа од рецептот на ситно сецкано сајтот што некоја феминка го постирала во темата.Само што јас додадов во некои од нив ореви и мармалад од сливи...Прекрасно чоколадно задоволство
луѓе јас ја правев таа чоколадна лава, ама калапите не знаете колку ми се мали, смешка се и пола од смесата ми остана, 2 дена во фриџот ја чував, во еден длабок сад и сега ја гледам викам ајде, во микрото ја турив, за 1 минута чоколадна лава Aма тоа тестото и живо не е лошо е не, ќе се печеме 8 минути овде плус во мааали модли.
Обожавам мафини. Купувам готови и ги украсувам со шлаг, мрвици... Многу ми е криво што не сум нашла калап. Знаете ли каде има да си купам? Инаку еве одличен рецепт, многу е вкусен: http://asouthernfairytale.com/2011/04/1 ... -cupcakes/ Само да имав калап. Пишете ако знаете каде има. А до тогаш, ке си јадам рецепти за мафини како колачи.
да се самоцитирам, ова да не го пробувате, зашто течна столица ќе ве фане. Jас малце каснав, ерупција на црева... а замислете да се замезев асално. A може и дека живо го мцнав малце, непечено, може и од тоа
ги обожавам<3. Еве еден рецепт и од мене.Овие секогаш и ги правам на мама за 8 март. Едноставни се за правење и нема многу пари да истрошете за ова. 2 шолји брашно 1/2 шолја шеќер 1 лажичка прашок за печиво 1/2 лажичка сол 1 јајце 3/4 шолји млеко 1/3 шолја масло за јадење Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта. Во друг, помал сад изматете го јајцето и додадете ги млекото и маслото за јадење. Така изматени, додадете ги на сувите состојки од другиот сад и мешајте ги заедно додека смесата не се соедини. Сега кога смесата е готова, треба да го одберете вкусот за вашите мафини. Можете да бирате во мноштвото од опции како парчиња чоколадо, кокос, разни видови овошја, јаткести плодови. Изберете го оној што вас најмногу ви се допаѓа или мешајте неколку одеднаш, на пример ореви и суво грозје или чоколадни парчиња и банана. Најдобро е да ставите 3/4 шолји од ваквите додатоци, но ако ви е премногу или премалку можете да скусите или да додадете. Затоа, мафините се едни од омилените колачиња – даваат простор за експериментирање во кујната, а крајниот резултат е секогаш одличен. Ни преостанува уште печењето. Најдобро е да ги печете во калап за мафини, но доколку го немате, како замена можат да ви послужат хартиени корпи за печење. Калапот или корпите треба да ги намачкате со масло за јадење и потоа во нив една по една ја истурате смесата. Се печат на температура од 200 Целзиусови степени околу 18 до 20 минути.
Е па драги мои, конечно, после многу (промашени) експерименти, ваша Annath си го пронајде идеалниот рецепт за мафини. Викендов го правев, ми успеа од прва, и мислам дека никакви други нема да правам, само овие (и по некој солен мафин, секако). Штом и сопругот ми ги бендиса (а тој не сака мафини и слични тестести колачи), значи дека се навистина добри. Па, thanks Nigella! Еве го клипот http://www.youtube.com/watch?v=w9h9Y1VxTbs Еве го рецептот со точна грамажа. Суви состојки: 250г брашно две лажички прашок за пециво (кај мене двете лажички беа цело ќесиче) пола лажиче сода бикарбона 175г шеќер (обичен или кафеав по избор, јас ставив обичен) ќесичка ванилин шеќер 2 лажици какао 150 г сечкана чоколада (јас ја користев црната чоколада за готвење од КАМ) и плус 50 г за одозгора Убаво се мешаат во длабок сад Течни состојки: 250мл млеко 90мл масло едно јајце екстракт од ванила или рум (тогаш не мора ванилин шеќер) И овие состојки се промешуваат колку да се соединат и се мешаат со сувите, со маталка (миксер никако), колку да нема грутки ( а нема да има ако течните состојки се ладни). Се ставаат во хартиени корпи во калап за мафини, се поросуваат со чоколадни парчиња одозгора и се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 15-20 минути (јас ги печев 15 минути). Мене ми излегоа 15 парчиња чоколадна фантазија - уживајте!
Само да прашам дали ги печеше директно во хартиените корпиња наредени на плех или ти беа ставени во калап за мафини?
Ги печев во хартиените корпи во калап за мафини... ако ги печеш на обичен плех ќе ти се разлее смесата во калапите и мафините ќе имаат неправилна форма. Барем моето искуство така покажа. Ако немаш калап за мафини, можеш да ги искористиш алу-корпите на Фино, мислам дека ги има во секој поголем маркет, по 10 парчиња се во пакување. Ама тие се поголеми од обичните хартиени корпи.
Ех, фала, ама немам видено од ФИНО но ќе побарам, инаку тие од КАМ што ги правев во обични хартиени не ми се разлеаја многу убави беа, само нели зависи од смесата така да.... фала!
Браво imorena изгледаат многу вкусно А бебушот да е жив и здрав си има супер мамичка што ќе му готви вкусни јадења
Девојки ми треба ваша помош. Сакам на љубениот за роденден да му направам vagina cup cakes, а тие би изгледале вака: Проблемот е што не знам од што да го направам тоа розевиот дел горе. Гледав видео на интернет како да го направам, само не знам од што го прават тоа (го нарекуваат buttercream, само не знам што му е преводот и рецептот). Секоја помош би била добредојдена http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 3W6NcHtWlQ
дури сега го видов прашањево sorry. Не, не ги мачкав со ништо, ако се убаво печени, нема да се лепат многу ама алуминиумските мораш да ги премачкаш со масло или путер, сеедно.
Јас имам прашање - како да не ми се сушат мафините?? Дента кога ќе ги направам се супер, следниот ден за во канта...
Мајка ми често прави мафини и прекрасни ми се http://data.whicdn.com/images/25999781/tumblr_m0j49oJ1CZ1roljzko1_500_large.jpg
Да не ги печеш подолго случајно? Пробај да им скратиш малце од времето за печење, мене 3дена ми стојат и пак се сочни внатре.
Е ове не го имав видено Не знам колку ќе му се допадне на дечко ти, освен ако не е Mr. Pussy од Сексот и градот, мене ми е многу вулгарно, ептен се реални па и 36, дали ќе може да се справи со нив ?