1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мафини

Дискусија во 'Рецепти' започната од Marilyn-Monroe, 11 октомври 2011.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас во моите мафини ставам сецкано чоколадо, на мали коцкички, но не повеќе од 2-3 редови.
    Ако ставиш премногу, делчиња од чоколадото се лепат за тавчето и тешко е да се извадат.
    Инаку, имам секакви комбинации, некогаш го средината ставам малку оревчиња, половина јатка поделена на 2, или по некоја вишна или јагода, од слатко најчесто.
    Тоа ги прави прилично сочни.

    Откако ќе се испечат и ќе се подоладат едно 4-5 минутки, горниот дел го брцнувам во стопено чоколадо.
    Ги оставам така околу половина час, а потоа ги покривам со обична ќеса.
    Мафините ми стојат свежи 3-4 дена.
    :)
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Фала многу за одговорот! И јас ги правам така, некогаш со овошје, некогаш со чоколадо.
    Еднаш ги имав покриено со кеса, па следниот ден ко мрсни беа некако :worried:
    Од сега - колку луѓе - толку мафини :lol: :lol:

    Не верувам дека ги печам многу долго, 15-тина минути... Од сега ќе земам подобра мерка, како што напоменав - колку луѓе толку мафини :)
     
  3. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Уфф, мојот омилен десерт, па уште ако јас си ги правам мх мх. Често знам да експиремнтирам со рецептиве, ама мислам дека го најдов вистинскиот, нит се лепат, нит ништо, префкусни се.

    125 грама стопен путер
    250 грама шеќер
    2 јајца
    2 банани
    1 ванила
    1 пециво
    сосема малку сода бикарбона и сол
    500 грама брашно

    Се матат шеќерот и путерот прво, па се додава едно по едно јајце. Се пасираат бананите и заедно со ванилата се додеваат во смесата. Брашното, пецивото, содата и солта се мешаат и додаваат во смесата. се печат на 200 степени од 15 до 20 минути.

    Јас ставам и цимет, бидејќи го обожавам, оревчиња... знам да ги направам и со јаболко, рендано. Излегуваат 24 од средните калапчиња.
     
  4. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Да прашам дали има посебни од тие хартиените корпиња што се за печење зошто мене сите исти ми гледаат? Имам печено на тие од КАМ и внатре корпињата ми изгледаа исти како оние за именденски слатки.
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Во друга тема го видов ова, лудило е, дефинитивно ќе го порбам ова за велигден.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Хахахаха не мислам сите 36 да ти правам, ќе треба цел ден во кујна да се оставам :D 1-2 доста му се, ги имаше постнато на фејсбук, па затоа мислам дека ќе му се свиѓаат :)
     
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ги правев мафините според рецептата на Annath и можам да потврдам дека се перфектни. Внатре се сочни, а не тестести. Едните ги направив со сецкано чоколадо одозгора, а во другите ставив вишни. Како и да е, можни се повеќе вариации и начини на декорација, битно основната рецепта е одлична. :clap:
     

    Прикачени фајлови:

    • P6144907.JPG
      P6144907.JPG
      Големина на фајлот:
      74,5 KB
      Прегледи:
      772
    На Chimera, Divinebutterfly, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    24.963
    Пол:
    Женски
    Јас ги правам овие чоколадни мафини, рецепт од една другарка, излегуваат преубави,воздушести,сочни..

    -230гр брашно
    -260гр шеќер
    -2 јајца
    -60гр какао
    -240мл млеко
    -113гр стопен путер
    -1 лажичка ванила
    -1 лажичка пециво
    -1 лажичка сода бикарбона
    -1/2 лажичка сол
    -150гр ситно сецкано чоколадо


    Во сад се ставаат сите цврсти состојки ( брашно,шеќер,какао,сода,ванила,пециво...).
    Во друг сад се матат јајцата, не со миксер,туку нежно со маталка, се додава претходно стопен путер, малце оладен и млекото. Се мешаат сите состојки заедно,и откако ќе се добие хомогена смеса се додава сецканото чоколадо.
    Со полнат калапите не многу повеќе од пола во висина,бидејќи нараснуваат доста.
    Се печат 20мин на 180'C-200'C.


    Инаку,сега ги правев мафините од готова смеса од Dr.Oetker и се исто ептен вкусни.
    Плус се побрза и полесна варијанта.
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.327
    Девојки,пред да ја ставам смесата во калапчињата,дали да ги ставам оние хартиени корпичиња,ама страв ми е да не ми се залепат за калапчињата...Или прво да ги премачкам со маргарин :?:
    И какво чоколадо ставате внатре,за готвење или да купам некое друго .?Трендафилка имаше пишано дека става коцкички чоколадо внатре,па сакам да ги правам така
     
  10. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Од кога пекам за мафини луѓе. Се живо и диво испревртев за да најдам рецепт за мафини. Ама гледам има многу рецепти, па ќе ја терам мајка ми да прави. :D
    Ми се свиѓаат мафините на Пеперминт. :inlove: Прочитав дека се по рецептот на Анатх. :)
     
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    овие се преубави јас ги пробав мајка ми ги направи :) :) :) од мафините овие најмногу ми се допајгаат...
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас би ви ги предложила овие мафини со мармалад, ги правев двапати досега, само со половина доза, ми излегуваат 6 во силиконското тавче, ама малку се поголеми од овој нормалниов калап.

    Тестото е многу мекано, а мармаладот внатре дава многу убав шмек.
    Првиот пат ги правев со мармалад од кајсии, а денес со сливи и ги снемува за 5 минути.

    Единствена моја варијација е што во тестото додавам лажица какао, оти не ги сакам бели колачињата, и малку цимет и ванилин шеќер за поинтензивен вкус.
    Вистинско домашно колаче за мерк, веднаш се готови.
    И куќата мириса на колачиња, супер. :mm:
    Печете ги точно 16 минути на 200 степени, за да имате крцкаво дно.
     

    Прикачени фајлови:

    • 100_3438.JPG
      100_3438.JPG
      Големина на фајлот:
      308,5 KB
      Прегледи:
      937
    На zhap4e, angela.kostova, Talita и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Мафини...
    Лесни за подготовка (дваесетина минути се да измешаш и уште толку за печење)
    Економични (потребен е малку мастрав, а повеќе фантазија)
    Со правилно чување неколку дена остануваат свежи, а може и да се замрзнат
    Погодни за...доручек, вечера, ужина, за на работа, и што е најважно - здрав оброк за децата за на училиште.
    Благи - со парчиња чоколадо, со мармалад, слатко, со свежо овошје (боровинки, капини, вишни). Солени-со шунка, маслинки, виршли....и што уште не.
    Ништо од домаќинлукот без тавче за мафини.

    Во прилог-моментално најомилените со боровинки


    http://chasovipogotvenje.blogspot.com/2 ... _4891.html
     
    На DeMelo, bittersweet и Annath им се допаѓа ова.
  14. Muffin.Love

    Muffin.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    15
    Епа вака, мајка ми направи мафини ама солени и ја прашав за рецептот и испадна дека тестото било истото она што се прави за касато. Е сега, го правиш тестото и го ставаш во плех со посебни вдлабнатинки за мафини и одозгора ставаш што сакаш ама да е солено на пример мајка ми става сецкана чајна, маслинки, сирење... и многу се вкусни. :D
     
  15. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Сега вака кога гледам баш ми се јаде ќе направам некој ден дур трае распустот
    :D
     
  16. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    3.419
    Пол:
    Женски
    Мафините за првиот роденден на мојот син :)
    Не беа баш нешто посебно вкусни, но се вклопуваа во роденденската тема - циркус...
    Важно децата многу ги бендисаа :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Mafini.JPG
      Mafini.JPG
      Големина на фајлот:
      167,2 KB
      Прегледи:
      723
    На ванилала, mal.ecka, Gea и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Според рецептата со боровинки, овојпат со капини
     

    Прикачени фајлови:

    • P9095100.JPG
      P9095100.JPG
      Големина на фајлот:
      66,5 KB
      Прегледи:
      662
    На midnight.flower, slavica999 и Annath им се допаѓа ова.
  18. bibercence

    bibercence Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Морам да признаам дека откако купив силиконски модли за мафини веројатно се поправив неколку кила. И несамо јас, туку и другарките со кои нон стоп нешто јадеме. Еве го последниот од низата мои омилени мафини .... многу едноставен плус детално опишан...

    Мафини со овошје и бело чоколадо
    [​IMG]
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.244
    Пол:
    Женски
    Еве еден рецепт за солени мафини од мене... некаде го имам пишано, во некоја тема, ама го прилагодив малку, па често го правам за појадок. Од состојките излегуваат 12 парчиња мафини (класичен калап за мафини), и брзо имате вкусен појадок.

    Потребно е:
    чаша и пол обично, бело брашно
    пола чаша пченкарно брашно - дава крцкавост
    прашок за пециво
    сол
    две јајца
    чаша млеко
    пола чаша масло
    400 г сирење, кашкавал, шунка, сланина, кисели краставички, маслинки - по желба ставете што сакате, да биде до 400 г, не повеќе.

    Се мешаат сувите состојки - двата вида брашно, прашокот за пециво, солта и сирењето/кашкавалот (или што и да ставате - важно да се измеша убаво со брашното, за да не ви слегне на дното на мафините, оти после тешко се одлепуваат). Посебно се матат јајцата, млекото и маслото и се додаваат на сувите состојки. Убаво се меша и се става во хартиени модли во калап. Се посипува одозгора со сусам/ким/крупна сол (по желба). Се печат 20-30 минути во рерна загреана на 180 степени.

    И... voìla!
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC02494.JPG
      DSC02494.JPG
      Големина на фајлот:
      330 KB
      Прегледи:
      631
    На mal.ecka, ванилала, kjukli и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Испробано, најдобри солени мафини:

    Мафини со маслинки

    500 гр брашно
    1 прашок за пециво
    3 јајца
    250 мл јогурт
    200 мл масло (маслиново, но и со сончогледово се супер)
    100 гр издробено сирење (отприлика му ставам, колку 1 филџан)
    200 гр исецкани маслинки
    лук во прав

    Ги бијам состојките одеднаш со миксер, ја ставам смесата во калапи, претходно измачкани со путер (Првокласен маргарин Кристал).
    Ич да не се мачите со хартиените калапи. Можеби навистина е полесно во нив, особено за чистење, ама многупати досега ми се залепиле во нив, зашто составот им бил различен од универзалните. Плус, со маргаринот директно во калап добива многу подобар вкус.
     
    На zhap4e и Trendafilka им се допаѓа ова.