јас ги направив по рецептот на ана, многу беа вкусни, но оти калапчиња неможев да најдам никаде, беше недела, и ги направив во тие дома што ги имав, и излегоа поголеми од колку што можев да ги замислам битно си ги изедовме
Надвор од рецептурава ми треба мислење за силиконските модли за мафини. Калапите искрено ми делуваат сомнително, а на нет читам дека широко се употребуваат. Ги користи ли некој?
Мислам дека Трендафилка ги користи, ама верувам дека се побезбедни за користење од тефлонските калапи. Знам дека со нив се пече на максимална температура до 180 степени, што е сосема доволно за мафини. Инаку, совет за да не ви се лепат мафините, односно да не се слегнува мастрафот lol: зборов ми е врв) што го користите, секогаш мешајте го со брашното - ако се работи за суви состојки или пак за парчиња овошје - нема да се распаднат и нема да потонат на дното на колачот. А мафините печени во хартиени корпици лесно се вадат од нив кога сосема ќе се оладат.
Јас тука најдов силиконски и си земав едно табличе оти беа на попуст и плус немаше во куќава модли за мафини. Направив еднаш до сега, и не излегоа лошо мене најмногу ми беше страв да не имаат мафините некој чуден вкус на пластика ама супер си беа. На сама кутија во која беше спакувам калапот пишуваше да не се изложува на температура над 220 степени, така да ако зимаш пази на тоа. Јас сум задоволна и некако полесно се мијат за разлика од металните.
Имам 2х12 тефлонски калапи, но некогаш не ми стигаат, сакам одеднаш да ја распоредам смесата подеднакво во сите, за да немам варијации од најголемо до најмало. Силиконски гледав, ефтини се и со симпатични изгледи, но материјалот сам по себе ми дава чувство на сомнеж, во рака не се држи стабилно, а не да држи флуид во себе. Ќе земам и ќе пробам, за експериментирање сигурно ќе ми се најдат. Инаку, мафини со мармалад (од дуњи), испробано! Брзо, едноставно и прекрасно.
Јас печам во силиконски калапи, прво пробав од страв на 180, па на 220 степени, за да на крајот стигнам до 250 степени за печење, и топ се, гајле немаат. Полесно се мијат од тефлонските и не им треба многу подмачкување со путер или зејтин. Супер се, ако си најдете некое по пристојна цена купете си го, ги препорачувам. Имам и за куглоф, и од тоа сум задоволна.
Завчера правев мафини со банана, и навистина супер испаднаа: 200г брашно 1 прашок за пециво (или лажичка прашок со лажичка сода бикарбона) пола лажичка сол 3 голами банани, испасирани 150г шеќер 1 јајце 80г растопен путер Се загрева рерната на 175С. Се мачкаат модлите, или се користат хартиени калапчиња (јас нив ги користам). Се меша брашното, прашокот за пециво и солта. Бананите, шеќерот, јајцето и растопениот путер се мешаат заедно (најлесно со миксер). Се додава смесата со брашното и се меша додека се добие еднородна смеса. Се става во калапите. Се пече 25-30 минути во претходно загрената рерна. Најмногу ми се допадна што не се исушија мафините и до денес, а им се допаднаа на сите што ги пробаа.
Јас сум ептен незадоволна од тефлонските модли Ми лепат, се сум пробала, сношто правев по трилионити пат, и не, не бива, веројатно не сум ги погодила Кога видов не бива, си ја турив смесата во куглоф и си испеков, си сечев парчиња и си поминав со гостите :geek: Додуша дека поровко троа малце подлебелки ги исеков ама битно беа превкусни, мислам беше на Трендафилка рецептот, од тука го читав, со мармалад Силиконски немам, ама дека се подобри се подобри, еднаш позајмив од кај другарка ми(ми требаа повеќе и да не црцкам по 12) и веднаш се одлепија. Само една маана беше што потемнале кај што капнало озгора, и грдо изгледаше, ко немиени
Јас имам модла од Dr.Oetker и супер сум задоволна - користам додуше и хартиени калапчиња, ама и делот што не го собира во нив веднаш се вади. Иначе ја купив книгичката со рецепти за мафини од Топер, и баш сакам да пробам некој деновиве
Прв пат ги правев, можеа и подобри да бидат ,зборувам з а вкусот некако повеќе ги печев и како по суви беа , а инаку многу убава форма си добиа и доста нараснаа. За следен пат др. рецепт .....по овој рецепт ги праев овој пат http://www.tortijada.mk/mk/kolacinja-i- ... ffini.html
Решив да си купам силиконски калапи за мафини.И така одам јас во продавница и и викам вака и вака ми треба силиконски калап за мафини, и ми вика што ке праиш со силиконски земи си тефлонски,и викам зошто подобро е тефлонски? Ми вика па да ,иначе како ке ги испечиш со ова ке ти се растопи овие се за замрзнување нешто во облик на овие калапиве И ме зачуде и мене и си реков да не не се такви,фатив си излегов и не купив А и да не бидам офф топик ги имам 3 пати правено тие мафините од фемина што ги имаше ЧОКОЛАДНА ЛАВА,подобри мафини неам пробано
Со основен рецепт за мафини се навикнав да правам премногу варијации: 2 чаши* брашно 1/3 чаша масло 3/4 чаша млеко 1/2 чаша шеќер 1/2 лажичка сол 1 кесичка прашок за пециво 1 јајце Потоа искористете ја имагинацијата: какао, ванила, цимет, мармалад, џем, слатко, свежо и суво овошје, црно и бело чоколадо, мак, сусам... *Чаша=250 мл
Добро е ко не ти рекла земи си паштети и чувај си ги кутивчињата па прави во нив Не најсериозно,познавам луѓе што прават мафини во кутивчињата од паштетите,викаат дека и добро се печеле.Малку мене ми е чудно Туку да не бидам оффтопик,да кажам мене ми се мафините многу убави за јадење.Но досега немам павено,сакам да ги пробам да видам да направам нешто да видам што ќе испадне. Ајде ветувам во најскоро време ќе направам па ќе ви се пофалам
Талита еве јас имам ваков од Вико продавницата и секако дека може да се пече и во нив инаку за што друго би служеле И секако дека не се растопува
Ооо, боже господе па ќе им текне ли некогаш да видат што продаваат пред да го продаваат. Ако се растопуваат силиконските, зошто цел свет ги користи? Прашање на личен избор е дали ќе користиш тефлонски или силиконски калапи. Мене кај тефлонските не ми се допаѓа што треба или да ставам корпичка или со ноже по печење да ги одделам, а ми се случило и да не ми се извадат убаво. Овие два пати што правев со силиконските сум задоволна, а и претходно имам правено со други силиконски кај другарка ми и исто ме бендисаа. Мајка и на другарка ми користи силиконски калапи за печење веќе 10 години уназад и уште и се здрави и прави.
Мафини со цимет и јаболка 2 рендани јаболки 2 ч. брашно 1/2 чаша кафеав шекер 1 л . пециво 1/2 лажица цимет 35 гр. ореви 250 мл. млеко 1/3 чаша масло 2 јајца Се рендаан двете јаболки. Во еден сад се ставаат брашното , шекерот , циметот и пецивото.Се прави една дупка во средината и се додаваат ситно сецканите ореви. Во друг сад се ставаат млекото , зејтинот , и јајцата и се мати со миксер. Потоа течните состојки се додаваат во другиот сад и се добро се меша со лажица. Се печат во загреана рерна на 180 степени.По желба се поросува со прав шекер
Трендафилке да си жива и здрава за рецептов...... ги правев вчера (2 дози) и денеска веќе нема . Сите ги испофалија и ме прашаа од кај сум го зела рецептот ( а јас само мудро си молчев )
Значи вака, за сите оние кои се мислат за силиконските калапи, ги препорачувам на Делимано. Ги имам дома, коштаат 500 денари и вреди за секоја пара. Овие другите ги немам пробано, ама со овие на Делимано не треба да ги мачкате со масло, издржуваат и до 250 степени во рерна ( испробано) и се мијат многу лесно. Ги правев Мафините со јаболко и цимет и беа превкусни.
Сеа си ги правев и јас. Само имам еден проблем неможам одпосле да ги превртам тоа ми се подува горе и не стојат како на Трендафилка право што може да е ?