Ги правев чоколадните од Трендафилка, од ситносецкано. Децата многу ми ги бендисаа, ама мене тестото ми се виде малку суво, во принцип сакам помрсни теста. Не знам дали сум претерала со печење, или такво си е тестото. Ако знае некој рецепт со помрсно тесто - ќе бидам вечно благодарна. Или да прочепкам кај браунис, што е сигурно, сигурно е
Пошто јас сум тежок, непоправлив зависник од чоколада, ова е најпрекрасната работа што можам да ја вкусам. Но обожавам експериментации па затоа некогаш не ставам какао, и чоколадните стопени коцкички доаѓаат до израз, мафините се шаренки, и уште повеќе пуфкасти. Ораси, бадеми, лешници, се е добредојдено. Ги обожавам!
Јас сум голем љубител на солени мафини. Порано многу ги правев, ама сега немам време. По ден рецепт се држев и си додадав внатре што сакам. Совршени беа. Истиот рецепт може да се користи и за благи. Сега постојано барам време да правам, ама кога и да си дојдам дома ме претрупуваат со јадење, се грижат за мене ко да планираат да ме печат. Инаку ги правам во тефлонско тaвче, што не го потмачкувам со ништо, само со малку масло, ама ептен малку, со една четкичка ги поминам сите, или една салфетка натопам во масло и ги поминам сите. И никогаш ми се немаат залепено. Треба да го најдам рецептот и да го пишам. Доцна е сега да тропам низ дома
Ариел, тоа е истото тесто на Најџела што јас го имам постирано. Не се суви мафините, напротив, супер се. Инаку, за мафините со банана кои претходно беа поставени... прекрасни се! Голема благодарност до девојката што го стави рецептот
Ама со парите што ќе ги даде за две мафинчиња, дома ќе си направи цела доза ..па ќе јаде и јаде и јадееее
Која мака... ништо побрзо не се прави од мафини... за пет минути измешано, за десет минути испечено. Додека да се наткренам до О ла ла, ќе направам десет дози ЕДИТ: Их па ништо не сум напишала во постот за Ариел, а планирав... Ариел, не печи ги многу, или стави помалку брашно. Или пак повеќе прашок за пециво, ќе бидат повоздушести и помеки.
O la la да ми го грицнат газот за 60-70 ден. мафин. Мене толку ме чини мастрав за доза од 12. Плус, чувството кога ќе се проба нешто што сам си го зготвил е - незаменливо. А мафини ако е мака и готвење, тогаш... што остана да се каже друго?
Јас ги направив на Koritsaki со јаболко и цимет и како ми излегле, уф уф мераци. Наредно превење ќе им ставам и кремпутер од цимет, не се сомневам оти прсти пак ќе се излижат, па и со една кафица...абе мераци
Ги правев овие со тиква, јас ги правев со мед, само им додадов какао и ставив повеќе цимет, многу сакам цимет! И да, ги печев помалку, околу 15 минути, дури и малку ми се препекоа Многу, многу се вкусни! Децата не беа импресионирани, разбирливо, навикнати се на стандардните, чоколадни, со парченца чоколадо во нив. Ама ги изедоа за вечера МАФИНИ СО ТИКВА (за 12 мафини) 1,5 шоља брашно пола шоља шеќер или мед 1 прашок за пециво 1 лажичка цимет + ако сакате и ѓумбир, каранфилче, пимент, морско оревче 1 јајце пола шоља млеко или јогурт 1 шоља динстана тиква 1/4 шоља зејтин измешајте сé и сипете во подмачкано тавче за мафини или во тавчето ставете хартиени чашки за мафини и печете ги мафините околу 20 мин. на 250°C. Рецептот може да се најде и на следниов линк, подоле на страната: http://www.sitnoseckano.com/pumpkin/
Конечно ги направив мафините со јаболка и цимет според рецептата на Коритсаки. Многу вкусни. Јас третина од брашното го заменив со интегрално. Освен цимет, ставив и мускантно оревче и некое истолчено каранфилче. Ги декорирав со глазура од лимон и шеќер во прав. Така добија уште поубав шмек, малку киселко и освежително. Овие моиве смотанковци не ја сакаат таа глазура, па за нив само ги наросив со шекер во прав
Денес купив силиконски калапчиња за мафини, секое калапче е посебно , не се како тие целосните... И сега имам една дилема не знам дали сите калапчиња да ги наредам во плех за печење или директно да ги редам во рерната ве молам ако некој има вакви посебни да каже како ги употребува , благодарам
Да ги испофалам на Ариел мафините со тиква. Прво ме бендисуваат затоа што се со тиква, а второ затоа што не треба многу состојки. Тоа што треба јогурт супер ми дојде, имав еден со рок пред истекување а немав мерак баш да го пијам. Излегуваат 12 побајачки големи мафини и супер се. Доста мекани и сочни, ама ова може да беше затоа што ставив малку помалку брашно. Јас исецкав и два реда чоколадо и тоа им ставив, абе мераци. Препорачувам, таман за доручек ќе ми бидат цела недела. Следни ми се во план овие со јаболко и цимет, ги испофаливте сите јас покусо да не останам.
Денес ги направив, прекрасни се. Само немав пченкарно брашно па ставив 2 чаши бело брашно. Ми излегоа 17 парчиња. Инаку за да не ви се лепи на тефлонските калапи, премачкајте ги со масло па набрашнете ги. Фала Annath за рецептов.
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи Не знаев каде, па ај тука да го поставам прашањево - каде да купам модли за мафинси (каде се најквалитетни и најефтини)? Има различни големини на модли или една големина е ?
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи има разни големини..јас ги земав од супер тинекс беа на намаление околку 350денари цела модла со 12 калапи за мафини(имаше и поситни за околку 15 мафини) и топ ми се погодија...се правам во нив... скоро ич зејтин не користам за премачкувње и многу лесно се мијат...мислам лаиме беше фирмата или така нешто.. нема утка во супер тинекс ги има само нив...јас сум презадоволна
Кулинарски прашања, совети и брзи идеи ФАЛА за инфо! Досега не сум правела мафинс (освен оние со готовата смеса од Кам), па кажи ми - смесата директно ја ставаш во калапот или ја ставаш во оние хартивчињата? И ПЛС пиши некој рецепт на мафинси.