Јас за новава ни ги направив тие што беа на Фемина-ва на насловна ама кожа не ме држеше па го сменав малце рецептот ама не бев нешшто задоволна, најверојатно што ги оставив 5 мин повеќе да се печат и бојата од едно паковање ми беше малце па не испаднаа баш црвени . Еве ги
Јас да се јавам и за на коритсаки мафините со јаболка и цимет. Одлични се! Нешто не ми пораснаа многу, а кога беа топли почнав да се сомневам дека нешто сум згрешила, ама оладени се одлични. Повеќе се осеќаат јаболката, јас ставив малку цимет зашто од многу некако тежок ми е мирисот и вкусот, и дефинитивно следен пат би одела и со повеќе ореви. Пак си носам за доручек
Ана одамна си го напишала мислењево ама јас сега го видов па би сакала да те прашам од каде имаш сознанија дека палентата зелена е канцерогена имам дома залихи па да ги фрлам,маж ми само таква купува а од кога искочи ова со аферава на човек да му биде страв да јаде се што е српско! Иако немаме сознанија и нашата од жито лукс од каде е? Дали е навистина наша И морам да ти ги пофалам рецептите прекрасни се!
Еве ги моите,немав само шлаг тогаш да ги декорирам Ама затоа им ставив чоколадо и желе (само требаше желето од горе над нив по некое време да ги ставам,ептен се стопи внатре) Иначе по рецептот на Annath,фала Annath П.С. А тоа едното најгоре е без кошничка,од самата модла,само ја премачкав со маргарин и излезе супер А и друг пат повеќе брашно ќе им ставам.
МАФИНИ ОД ТЕСТЕНИНИ Состојки: - 300 гр макарони - 150 гр салама - 150 гр кашкавал - 120 мл јогурт - 2 јајца - сол, оригано, црн бибер Подготовка: Сварете ги макароните, исцедете ги и претурете ги во подлабок сад. Изрендајте ја саламата и кашкавалот, додадете ги зачините и промешајте. Настрана изматете ги јајцата со јогуртот и додадете ги во макароните. Убаво измешајте. Калапите за мафини намастете ги и со црпакла полнете ги до горе. Премачкајте ги со јогурт одозгора и нарендајте малку кашкавал. Во средината ставете кругче зелена масликна за декорација. Печете на 200 степени околу 15на мин. Оставете да оладат доволно за да можи да се извадат од калапите. Декорирајте по желба. Спојлер Превземено од sk.com.mk
чоколадни мафини: Cocтојќи: 120 гр. чоколадо 100 мл. млеко 1 лажица нес кафе 250 гр брашно 1 пециво 3 јајца 100 гр. шеќер во прав 50 гр. суво грозје подготовка: во тенџере се ставаат чоколадото и маргаринот и се топат на пареа. потоа се додаваат млекото и нес кафето. Cе трга настрана и се додаваат јајцата претходно убаво изматени се мати се со лажица и се додава сувото грозје и сецканото чоколадо. Cе печат во модлици
Хелоуу, врти сучи јас тукааа Да ви кажам, го најдов совршениот рецепт. Кој е љубител на ептен чоколадни работи ептен ќе му се допаѓа. Денес дома две тури им направив и двете ги изедоа Вака, има во Кам една смеса за мафини околу 80 денари е. Е сега таму пишува да се додаде на смесата две јајца, 80 милилитри масло и 125 милилитри вода. Ама јас на смесата(покрај јајца и масло) и додавам: Две големи лажици несквик, една цела искршена чоколада за готвење, и место вода ставам 130-140 милилитри млеко. Матам некои 4 минути и печам на 200 степени точно 22минути. Го пронајдов совршениот рецепт до најсовршена точка. Дури и корпи идат заедно со смесата. Сепак, тоа не значи дека ќе престанам да експериментирам, ама кога ми требаат мафини за сигурна работа ќе одам со овој рецепт. Едина работа што ме иритира е што не можам да најдам рецепт за фил одозгора. Најдов неколку ама не ми се свиѓаше ниту еден. Сакам да ми испадне како оној фил врз индијанките што се става, ама буквално тој оргиналниот. Дајте некоја слаткарка нека ми пише лп, нема да го издадам рецептот ветувам
Еве ми ги моите,уште една тура,ги правев за гостите за вчера,па убави излегоа Овај пат подобри,бидејќи увидов дека им треба малце повеќе брашно. Овај пат им ставив и шлагче,обично,ама убаво беше Еве и за шлагот,една обична рецепта: 3 лажици брашно 120 милилитри млеко 100 грама шеќер 110 грама путер 1 лажичка лимонов сок боја За да го направите шлагот, почнете да ги загревате млекото и брашното на слаб оган. Постојано мешајте ги додека да се спојат и додека да можете да го видите дното на садот кога мешате. Тргнете го садот од оган и оставете смесата ја да се излади. Изматете ги путерот и шеќерот во длабок сад. Додадете малку свеж лимонов сок и продолжете да матите. Потоа ставете ја изладената смеса од брашно и млеко и убаво матете неколку минути.
Дивајн, може и со Хопла да пробаш за шлагот одозгора - мене некако поцврсто ми делува така кога го приготвувам, а ако сакаш да ти биде во боја - стави си прехранбена во каква боја сакаш. И одозгора трошки во боја или пак Бонитоп. Ептен се убави за око - се најадуваш само со гледање.
Да,можи Само што заборавив да купам шлаг пена или хопла ете (а ми текна ко се вратив дома),па морав домашно нешто да употребам Ај нареден пат ќе пробам,штом препорачуваш А и повеќе шлаг ќе ми излези така со хопла.САкав и некои мрвици нешто да ставам,ама м ги изеле За нареден пат ќе се опремам повеќе Фала за предлогот
Немојте да ви текне во мафините да ставите парчиња крембанани Мене прееска ми текна па тоа белото од бананчињата додека се печеа мафините излезе на површина и почнаа да течат, да се дуваат, да се прават меури, да пукаат... не знаев кај да се завртам, едвај го измив тавчето после, а мафините беа целите со дупки хахаха и тврди како камења. Ете така, знам дека се учи од сопствените грешки, ама еве вие понекогаш и од туѓите земете пример
Оваа рецепта ја прочитав на еден наш веб-портал. Една моја другарка по таа рецепта ги правеше и и испадна превкусни-прсти лижевме МАФИНИ СО КОКОС Потребни состојки: 150гр шеќер 120гр путер 2 јајца 300гр брашно 100гр кокосово брашно 250мл млеко Кора од еден лимон 2 лажици какао 1 лажица бадемово масло Прашок за печиво Ванилин шеќер 50гр кокос Припрема: Во посебен сад матете ги путерот и шеќерот со миксер и постепено додавајте ги јајцата едно по едно. Во оваа смеса додајте го прашокот за пециво, брашното, кокосовото брашно, кората од лимон, бадемовото масло, какаото и млекото, па мешајте се додека смесата не се соедини. Оваа приготвената смеса сипете ја во калап за мафини кој претходно сте го намрсиле со путер. Печете на температура од 180 степени целзиусови околу 30тина минути. Извадете ги мафините од рерна, послужете ги во чинија за сервирање и врз нив посипете кокос. Добар апетит! Добар апетит!
Мала помош за сите што прават мафини-во Џамбо се продаваат корпички 100 парчиња се 59 ден. јас секогаш во калапчињата ставам корпичка и неспоредливо е бидејќи после тепсијата не се замарам да ја рибам многу многу дополнително ги чуваат свежи мафините 2-3 дена, ова секако доколку ви останат, кај мене се јадат уште истиот ден, ама еднаш направив 3 дози па затоа си знам
Ај да ве прашам, дали може да се направат во тепсија обична, само што ќе се стават во тие корпички, навлаки? Или мора во посебен калап?
Можеш да ги ставиш во хартиени корпички, ама корпиќките да се ставени во калапи, зошто може да ти се расцветаат, рашират хартиените корпички во печењето.
Само во корпички хартиени наредени во тепсија не може...може да купиш посебни модлички, се продаваат на парче и тие да ги наполниш со тестото за мафини и да ги наредиш во оична тепсија, само што мислам дека тие модли, поквалитетните се околу 50 ден. парче, а подобар калап за 12 мафини е околу 400 ден.