1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мафини

Дискусија во 'Рецепти' започната од Marilyn-Monroe, 11 октомври 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.156
    Допаѓања:
    138.703
    Јас многу пати сум правела мафини само во хартиени копички и до сега не ми се случило да ми расцветаат. Сигурно над 30 пати имам правено во корпички без калапи, ако не и повеќе.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    И јас имам правено само во хартиени корпички во тавче, кога купував од Кам оние мафини што се спремни за печење :tmi: и супер ми излегуваа

    патем, во калапчињава јас не ставам корпички, со путер и брашно никогаш не ми се лепат и не останува ни трошка за рибање отпосле :)
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Ариел, може да ми кажеш какви корпички купуваш и од каде?
    Јас се убив од барање такви некои поголемки, ама не најдов - имаше само од оние најобичните ко за бомбици, ама премалечки се. :$
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    ^^^ Мишела поголеми хартиени корпички имаш во Базаро и во Џамбо, 100 корпи се околу 60 денари.
    :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Јас ги печам во тава за мафини, не ставам корпици. Вдлабнатините ги премачкувам со растопен путер, во тенок слој со четкичка, па во фрижидер 10-15 мин. за да се стегне путерот. Потоа ја ставам смесата и ги печам. После печење малку ги оставам да се оладат и ја првертувам тавата. Мафините сами паѓаат и никогаш не ми се случило да се залепат.
    Јас имам лошо искуство со шарените корпици. Еднаш ги печев во нив, мислам од Џамбо беа, и дел од бојата на корпиците ми остана на мафините.
    Во Веро имало корпици обични наменети за печење, но не сум побарала, вака им го фатив редот.
     
    На kravce и Mishela им се допаѓа ова.
  6. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Во план ми е да направам сама од дадениве домашни рецепти во темава, а до сега ги правев овие (полуготови :lol: ):
    П.С.:И многу добро испаѓаат! ^_^
    [​IMG]
     
  7. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Имам едно прашање. Ако немам хартиени корпички, дали ако го подмачкам плехот, оној со калапи, со путер, ќе се залепат пафините или ке има тешкотии при ваѓањето?
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    ^ Искористи го советот на Peppermint и ќе немаш гајле. :)
    Денеска направив една доза солени мафини држејќи се до ова подоле и не ми се залепи ниту едно мафинче.
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас вчера направив, ама немав корпици, башка со таква форма како модливе наши тешко дека ќе најдам, бидејќи се коцкасти. Освен путер, ставив и малку брашно и не ми се залепија :)
     
  10. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Која рецепта е најдобра? :?:
     
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    ^^Па сите се убави,зависи како ги сакаш,можиш се да ставиш во нив,ова е основата за благите мафини,а гледам има и за солени,побарај низ темава,имаше баш добри,макар што мене мафини на благо ме асоцираат :) И фала на Мерлинка за рецептата,супер ми излегоа :*

     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bibip

    bibip Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    101
    1 јајце
    прстофат сол
    пола шоља шеќер
    1 шоља јогурт
    1/3 шоља зејтин
    1 ш. брашно
    1ш. овесни снегулки
    1 лажиче цимет
    1 пециво
    2 јаболка изрендани
    (јас некогаш ставам лешник и сецкана чоколада)
    Се добро се меша и се става во калапчиња, се пече на
    200 C околу 20 мин..
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас синоќа ги направив оние по рецептата на Annath и супер испаднаа :)
    Ставив се како што беше наведено, освен сол бидејќи во смесата ставив сирење, сецкана шунка и сецкани маслинки. Ако ставев и сол мислам дека ќе беше пресолено, вака си е таман.
    И одозгора ставив сусам, за 25 минути ги извадив, ги наредив во тањирче и им оставив порака за Добро утро на моиве. Денес кога станав, ништо немаше станато :lol:
     
    На teddybear, Peppermint, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Муффинс со маслинки од рецептот на Аннатх
     

    Прикачени фајлови:

    • muffins.jpg
      muffins.jpg
      Големина на фајлот:
      43 KB
      Прегледи:
      571
    На Annath и teddybear им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Мафини со банана, цимет и мед ( рецепт од ОфНет )

    Порции

    12 лица

    Состојки

    300 гр. брашно саморастечко
    1 лажичка прашок за пециво
    1/2 лажичка сода бикарбона
    1 лажичка цимет
    100 гр. кафеав шеќер
    сол
    75 гр. путер стопен
    125 мл. млеко
    2 лажици мед
    1 лажичка екстракт од ванила
    2 јајца
    2 банани испасирани

    Подготовка

    Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тавче за 12 мафини ставете хартии за печење во секое калапче или намрстете ги со путер. Во брашното додадете го прашокот за пециво, сода бикарбона, цимет и прстофат сол. Додадете го и шеќерот и промешајте. Во друг сад измешајте ги растопениот путер, млекото, медот, јајцата, бананата и екстрактот од ванила и мешајте додека не се соедини смесата. Во брашното направете дупка и додадете ја смесата со бананите. Измесете за да се соединат состојките (не месете премногу). Распоредете ја смесата во тавчето за мафини и печете околу 20 минути.

    На здравје!

    [​IMG]

     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Девојчики, ме интересира дали во Тинекс има модли за мафини? :^)
    Ве молам, не ми предложувајте да проверам во Џамбо, зашто кај нас нема. :sweat:
    Моево што го имам е малецко - собира само 9 (малку ни се :wasntme: ) и мајка ми го купила многу одамна, нема поима од каде.
    Ако не, да си барам ново низ продавничкиве за сваштарии. :D
     
  17. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Сеа ги правев овие мафини,многу се вкусни и ептеееееен лесни.
    Состојки:

    300 грама брашно

    150 грама шеќер

    2 лажици какао

    прашок за пециво

    2,5 дл млеко

    1,5 дл масло

    1 јајце
    Само што јас им ставив по едно лажиче растопено чоколадо со путер , во средината. И испаднааа преубави , меки. Само што и покрај тоа што има пециво не растат,малце скроз нараснаа така да полнете ги до горе калапите :)
     
  18. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225

    Има во Супер Тинекс, јас оттаму го зедов, 200 и нешто ден. со 12 калпчиња :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Тефлонски модли за 12 парчиња имаш во Тинекс, Веро и Карфур,околу 300 денари, но се КИНЕСКИ! Јас не би ти препорачала да купиш кинески, затоа што според мене - Бог знае што испуштаат на висока температура.
    Во Карфур и Рамстор има и германски, но се околу 950-1000 денари.
    Јас би ти препорачала да си купиш српски, има во продавничките на зелено пазарче, цената е 380 денари.
    Исто така, сега се најактуелни силиконските модли-имаш во најразлични форми, но и тие се кинески. Иако (според продавачките) силиконските најмногу се продаваат и се полесни за одржување (полесни за миење и нема потреба да се мачкаат), јас не би купила кинески.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Завчера ги правев овие мафини по рецептот на Annath:

    и супер ми излегоа. Само или мојот калап не е класичен ;) или кога вели Annath 1 чаша мисли на 200мл, а јас мерев со чаша од 250 мл, па ми излезе смеса за 24 мафини и повеќе, a имав еден калап само за 12 мафини, па останатата смеса ја ставав во
    кутивчиња од паштета (ич не сакам да употребувам кутивчиња од паштета и ја карав свекрва ми дека ги собира, ама што убаво ми се најдоа во моментот :lol: :$ ).
    Денес си купив уште еден калап па спремна сум да ја повторам постапката :lol: со тоа што малку ќе го изменам рецептот - ќе намалам од белото брашно а ќе додадам палента - би требало да бидат по крцкави.

    Инаку во однос на калапите, дали биле кинески или германски, мислам дека нема врска, пошто веќе сите држави увезуваат или готови производи или суровини од Кина, така што не е гаранција тоа каде е произведено. А и во денешницава со што ли не се служиме и што ли не конзумираме, па сега со калапите за мафини ќе ја оправиме :^) .
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.