1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мафини

Дискусија во 'Рецепти' започната од Marilyn-Monroe, 11 октомври 2011.

  1. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Солените мафини можаT во хартиени корпички да се прават?
     
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Сите мафини можат да се прават во корпички.
    Мене лично така ми се поубави и поестетски. :)
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Јас вчера ги направив мафините со јаболка и цимет на Коритсаки :) .
    Многу беа вкусни, но малку ми се подзалепија корпињата за колачите бидејќи не ги подмачкав, но сепак лесно се одлепуваа :$ .
    Сепак, како за прв пат супер беа, на сите ни се допаднаа и ниту едно не остана :) .
     
  4. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Го повлекувам она болдираното!
    Денес правев мафини и во новиот калап, кој го земав од една локална продавничка, целиот ми се засмрде. Веројатно ги мачкаат со нешто за да не се лепи смесата за нив, или којзнае за што, некоја боја изгледа, па кога го ставив во рерна да се печат мафините целиот засмрде. Некако ми се чини токсично ќе да е :worried: . Среќа што претходно печев во стариот калап па ми останаа 12 мафини (со сиренце и маслинки) за дегустација :$ .

    Уште ми се :puke: од мирисот што го испушти калапот. Инаку само да напоменам :!: оној стариот калап ми е точно од кинеска продавница, но ниту мирисаше, ниту смрдеше - ништо! А овој демек не беше од кинеска продавница (како да не, овие од Германија да не набавуваат стока?) ама беше 200 ден (а оној од кинеската беше 120!).

    Мафините (првиот калап излегоа супер), според рецептот на Annath, само што наместо чаша и половина бело брашно, јас ставив чаша бело брашно и половина чаша палента =супер!
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    102.071
    Пол:
    Женски
    Јас ги правев овие моиве од ОффНет со банани и цимет, не знам дали дека калапчињата хартиени или не знам од што ама многу ми се растекоа, се споија, катастрофа, но на вкус, феноменални. Ми излегоа многу дека калапчињата мали, за нареден пат ќе си купам или од алуминиумските од Џамбо или тавче со модли ќе си купам :!:
     
    На Divinebutterfly и Mrs.Bass им се допаѓа ова.
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    со бели и црно чоколадо некои што не се печеле имало
    каков е тој рецепт??
     
  7. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    А да ве прашам....каде можам да купам убави калапи за мафини...може 10 или 12 да бидат и да бидат поголеми пошто јас само мали најдов....еднаш ставив мафини во корпички и пи станаа гигантски :lol:
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас најдов интересна рецепта која планирам во брзо време да ја испробам :)

    - 240 гр. брашно
    - 130 гр. шеќер
    - 100 гр. путер
    - 2 јајца
    - 150 мл. млеко
    - 1 прашок за печиво
    - 50 мл. сок од свеж портокал
    - 1/2 кора од портокал

    Се мешаат брашното, шеќерот и прашокот за печиво во еден сад, а во друг сад се матат јајцата, па се додава млекото, путерот, сокот од портокал и изренданата кора од портокал. Потоа сето тоа заедно се меша, смесата се става во премачкани калапи и се печат на 180 степени, 25-30 мин.
    Ми звучи вкусно, според рецептата сигурно ќе бидат меки и кревки, па ќе видиме што ќе испадне :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Лакомата јас во пмс :lol: ми спомна мимс торта со моркови па одма рецепт побарав. Најдов од истите состојки и мафини па тие ги направив.
    Мафини со моркови

    2-3 рендани моркови
    1 рендано јаболко
    175гр брашно
    150гр шеќер (јас и помалку ставив)
    1/2 лажичка сода бикарбона
    1 лажичка пециво
    1/4 лажичка сол
    1 лажичка цимет
    2 јајца
    1/2 шоља масло
    1/2 лажичка ванила екстракт
    ореви, бадеми, кикирики...по желба
    Се мешаат прво сувите состојки -брашното, пециво, сода, сол, цимет и шеќер. Оревите малку ги запеков :tmi: па ги столчив и ги додадов кај брашното. Во посебен сад се мешаат маслото со јајцата и ванила екстрактот. Смесата се додава кај брашното и се промешува со лажица. На крај се додаваат ренданите моркови и јаболко и тоа се заедно се промешува (нежно и полека :!: ). Се става во калапите за мафини па во рерна загреана на 180 степени. Се печат 20-25мин. Ги препорачувам :) мене ми беа многу вкусни, кората беше малку и крцкава, а моркови и така си обожавам, ама не се осетија на вкус.
    Одлучив и фил да им направам со путер, крем сир и шеќер во прав, но ја згрешив мерката со путерот изгледа, па многу тежок ми беше. (затоа само половината ги зашлакав :lol: ). Имам и слики, тоа од дома :$
    рецептот е од џојофбејкинг.ком, ептен лесни и убави рецепти имаат

    Утрово ги најдов и овие мафини со боровинки, па следни ми се на листата
    50 гр овесни снегулки
    150 гр интегрално пченично брашно
    1 прашок за печиво
    1 ванилин шеќер
    60 мл сончогледово масло
    100 гр мед
    3 лажици вода
    1 јајце
    Сок од половина лимон или лимета ( околу 30 мл )
    300 гр свежи или замрзнати боровинки
    Свежо изрендана кора од лимон
    Повторно, сувите состојки посебно се мешаат, па јајцата со останатите состојки. Се заедно и на печење :)
    рецептот е од црнобело.ком
    [​IMG]
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Направено, испробано...предобри. Дефинитивно најдобриот рецепт за мафини што сум јадела. И да..многу се меки. :wasntme:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Пробував денес да направам лава мафини но изгледа ги печев подолго отколку што треба :wasntme: НАреден пат само 5 минути,не 8.Иначе сепак вкусни се,пола ги изедов :lol: Еве како излегоа:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC02241.JPG
      DSC02241.JPG
      Големина на фајлот:
      328 KB
      Прегледи:
      459
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    А кажете ми од каде сте купиле калапи за мафини???? Сакам да купам поголеми зашто сите што сум ги видела се мали :!:
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Jaс си купив ново силиконско калапче со модли од пластичара.
    Ете ги и мафините - направив солени, внатре имаат морков и пилешка салама.
    Ми ги изедоа за неполни десет минути, само овие ми ги оставија. :|
    Модлите се во вид на цветчиња и не ми прават баш многу ќеиф, ама немаше обични.

    Утре ќе правам овошни, се опремив со пакетчиња замрзнато овошје. :mm:
     

    Прикачени фајлови:

  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    17ти Март, немој да мислиш дека калапите се големи како мафините, имај во предвид дека мафините многу нараснуваат додека се печат- се си мислам дека тоа те збунува кога ги гледаш калапите :).

    Инаку јас после многу испробани рецепти можам да кажам дека солените ми се поубави, а благите ми се некако, како да кажам- социјален колач, колку да има нешто благо, со шодае :)
    Сега да не се најде некој навреден, ама навистина, прво си велев што е работата сите прават мафини, вакви онакви, и кога го видов основниот рецепт ми стана јасно зошто. :)
    Мафините се брзи и декоративни, ама не се толку вкусни како што делуваат.

    Дефинитивно се враќам на мојата стара љубов- палачинките.
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.719
    ^ Јас правам мафини барем еднаш неделно, и воопшто не ги третирам како благо, туку како појадок :D
    Сабота или недела за појадок обавезно имаме мафини, а кога имам време правам и преку недела, за да им пратам на децата за ужинка во училиште.

    До душа и палачинките не ги третираме како благо, туку како оброк, само за разлика од мафините, најчесто вечера :D
     
  16. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Ај една молба Ариел ај сликни ги калапите да ги видам какви ти се??? Се утепав од барање калапи низ Скопјево :D :D
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.719
    Моите се стандардни тефлонски, за 12 парчиња, како овие:

     

    Прикачени фајлови:

    • Mafini.jpg
      Mafini.jpg
      Големина на фајлот:
      11,1 KB
      Прегледи:
      312
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Mojoт е точно ваков,како со цветчиња,големки се,не се мали,а го купив од пазарчето кај нас,од една продавница,има разни вакви домашни работи :) 200 денари мислам беше.

    [​IMG]
     
  19. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Епа баш вакви барам јас што ги гледам се по 2см многу се мали...кажи ми од каде ги купи овие ариел???
     
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    ^Од истиот модел имаш со 6, 12 и 24 калапи. Тие веројатно си ги гледала тие со 24 калапи што се. Треба да ги има во сите продавнички каде што се продаваат вакви тракатанци (тавчиња, ножеви, сервиси). Јас моето од гиго маркет си го земав за 270ден (со 12). Можеби има и во Веро и Тинекс :^)