" Када пораснем бичу жена мафијаша" Искрено па и не би сакала баш, цело време главата твоја и на фамилијата ти се во торба.
Не сакате да знаете какви покољи има правено италијанската мафија во минатиот век. Ужаси грозоморни. Освен што убивале случајни минувачи ако се со главата крената, се убивале и меѓу себе, на крвав начин. Во Палермо владеел таков покољ стравотен во 80ти години. Денешниов градоначалник што им е, успеал да се избори со мафијата колку толку, се криел по дупки, во други земји, и денес Палермо важи за мирен град.
Епа да, за жал тоа е вистинската слика ама тинејџериве тоа не го знаат, за мафија учат од турските серии и оние српскине Јужни Ветар и некој слични. На децава им е иструен мозокот со мафии, дроги, пиштоли (што од филмови што од песни поготово овие новиве српски), па ова со мафијава го сметаат ко нешто кон кое што треба да целат, им претставува синоним за успешност, што е многу страшно.
Повелете интервју од вистински мафијаш. Многу фасцинантно и опасно.. особено делот кога кажа дека пред да станеш дел од мафијата, ти треба да ветиш едно нешто.. "Ако мајка ти умира, а во истиот момент ни треба твоја помош, ќе ја оставиш мајка ти за да дојдеш со нас." Е тоа е мафијашкиот живот.
Италијанската мафија је мала маца за тоа што се случуваше во Русија и Украина после падот на СССР и комунизмот. Тотален хаос на улиците. Италијанската мафија е премистифицирана, а не се нималку опасни ко Латино бандите.
Не постои повеќе Италијанската мафија. По некое лито семејство е останато, ама не се ни прашинка од она што биле пред 50+ години
Па... зависи која, биди специфична. Но, генерално не... не би рекла дека ми е омилена. Слатко ми е да се заљубам во некој од мафија и он да се смени за мене, но јас со него не би отишла затоа што не мора да гледам убивања. I can fix him. Сите секси, облечени во црно, убави коли, дефинитивно мој прв избор за кариера и партнер ама no убивања и трговија со органи, just vibes. Што може лошо да се случи?
Интересно. Сакав порано да сум жена на мафијаш. Само да уживам во удобностите. Но имам познаничка која е со таков маж. Не сакате да знаете што преживува. Свекорот во затвор, сопругот и деверот биле во притвор, излегувале, кај и да тргнат она под стрес, некој ако тропне на врата триста филмови си прави, вели прво погледнува видео камерите, да не е случајно полиција. Детенце откако имаат уште пострашно е. Иако имаат врски насекаде. Стравот си го прави своето.
Не би сакала верувај. Треба да имаш муда големи за да го издржиш тој начин на живот. Мафијата во реалниот живот нема никаква врска со тоа што го гледаме на тв. Многу е полошо. Ако си лојален кон "шефот" ке опстаниш, а не очекувај чесност и лојалност од нив. Лесно те заменуваат. Бидејки сите мислат ако носиш пиштол и возиш мерцедес си мафија. Изгледот не те прави мафија, туку паметот, организираноста за некоја работа, умешноста да биде без доказ, сведок итн. А многу е лесно ке излезам од мерцедесот и ке се распафтам со пиштолот и јас сум мафија. Колку луге се вмешани, и на кој начин се работи и што е многу голема и широка тема. Мафијата повеке работи со мозок, а кога треба сила се покажува.
Абре стварно сакате некој мафијаш да ве украде и да ви даде 365 дена да се заљубите? Натаму иде гледам…
Мафија е нешто покрупно, над институциите и властите, големи пари во прашање, Лас Вегас го изградија мафијаши, ова погоре е нешто друго исто нелегално, неморално, неетички. иначе ги сфаќам типкиве што се палат по мафијаши, јер никој не сака најс гај
Секоја форма на организиран криминал е Мафија. Ние имаме државна мафија. Иначе немаше сеуште да се стотици функционери со крадени пари и никаде да не одговараат. *Се 'палат' на мафијаши, дур не ги скршат од ќотек, дур не им извадат пиштол. После ќе биди: Олеле мамо! боли!
Цитирав ако некој доктор ти каже во која аптека и лабараторија да одиш тој по автоматизам не е мафијаш, за политичари не би да коментирам оставам на тебе, свекор ти нели бил пратеник или и тој од поштените
Queen of South интересна серија, изгледајте ја. Исто и The Blacklist. После пишете дали сакате да сте мафијаши кога ќе пораснете или лежечки полицајци