1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мачеништво

Дискусија во 'Религија' започната од Bitter-Sweet, 1 декември 2017.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Читајќи некои текстови, почнав да размислувам за мачеништвото и се сетив дека нема тука таква тема па решив да отворам.

    Мачеништвото, најпросто кажано, значи да се претрпи нешто, да се поднесат мирно страдањата со вера во Бога. А бескрвното мачеништво значи борба со себеси, со своите страсти, оттргнување од сѐ земно и насочување кон небесното.

    Претпоставувам, нема верник кој не се восхитува на мачениците, на нивната вера, нивната сила и кој не ја чувствува нивната болка при страшните маки на кои биле изложени. Но, сите ние и се радуваме за нив, затоа што тоа им донесло слава, венец и место на Небесата. Мачениците на сите нас ни се пример какви треба да бидеме.

    Оваа тема е за споделување на маченичките подвизи, но и давање одговор на прашањето: Колку ние самите сме спремни да претрпиме во име на љубовта кон Бога?
     
    На Таа Сум, kikkki, LegallyBlonde13 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Мачеништвото на седумте браќа (Втора книга Макавејска; 7; 1-41)

    1. Така фатија и седмина браќа заедно со нивната мајка. Царот нареди да ги бијат со бичеви и воловски жили, сакајќи да ги присилат да јадат од забранетото свинско месо.
    2. Еден од нив проговори прв и рече: „Што сакаш да прашаш и што сакаш да дознаеш од нас! Ние сакаме повеќе да умреме, отколку да ги згазиме законите на нашите татковци.
    3. Тогаш царот силно се разгневи и нареди да се вжештат тави и котли.
    4. Кога ги нагорештија, царот заповеда веднаш да му го отсечат јазикот на оној што прв проговори, да му ја одерат кожата и да му ги сечат рацете и нозете пред очите на другите негови браќа и пред мајка му.
    5. И така, откако го осакати сосема, заповеда да го однесат до огнот и да го печат во тава, а кога од тавата се ширеше миризба на далеку, другите синови, заедно со нивната мајка, се поттикнуваа еден со друг, храбро да ги истрпат маките, велејќи:
    6. „Господ Бог гледа и навистина ќе биде милостви спрема нас, како што изјави Мојсеј во својата песна пред народот: Он ќе се смилува на своите слуги.”
    7. Кога умре првиот, го изведоа вториот на подбивање и, откако му ја одраа кожата заедно со косата, од главата, го прашаа: „Сакаш ли да јадеш пред дел по дел да го измачиме твоето тело?”
    8. А тој, одговарајќи им на јазикот на своите татковци, рече: „Не, не сакам!” Затоа и тој ги претрпе истите маки како и првиот.
    9. Испуштајќи ја својата душа, воздивна и рече: „Мачителе, ти ни го одземаш сегашниот живот, но Царот на славата ќе нè воскресне за вечен живот нас што умираме за Неговите закони.”
    10. Потоа беше изложен на подбивање третиот, па кога му го побараа јазикот, тој го покажа, подавајќи ги без страв и своите раце.
    11. И јуначки рече: „Од небото сум ги примил и не жалам да ги дадам за Божјите закони; се надевам дека пак ќе ги добијам од Него.”
    12. И самиот цар, и оние што беа со него, се вчудовидоа од смелоста на младичот, кој ги презираше маките.
    13. Кога умре тој, на истите маки го подложија и четвртиот брат.
    14. Пред да умре, тој рече: „Блазе му на оној што умира од човечка рака, тој треба да се надева на Бога – дека Он ќе го воскресне! А ти, мачителе, за тебе ќе нема воскресение за живот.”
    15. Потоа го доведоа петтиот и почнаа да го измачуваат.
    16. Тој го погледна царот и му рече: „Иако си смртен, ти имаш власт над луѓето и правиш сè што сакаш. Но не мисли дека Бог го напуштил нашиот народ!
    17. Само почекај, па ќе ја видиш Неговата голема сила: Он ќе те казни и тебе и твојот народ!”
    18. Потоа го доведоа шестиот, кој, приготвувајќи се за смртта, рече: „Не мами се попусто, ние го трпиме ова поради наша вина, зашто Му згрешивме на нашиот Бог и затоа нè снајдоа сите овие маки, достојни работи за чудење.
    19. Но не мисли – дека ти нема да бидеш казнет, ти кој се осмелуваш да се бориш против Бога,”
    20. Најдостојна, пак, за восхит беше мајката, која гледајќи ги нејзините седум синови како умираат во еден ден, великодушно претрпуваше затоа што се надеваше на Бога.
    21. Исполнета со благородни чувства и поткрепувајќи го својот дух со машка храброст, таа го поттикнуваше секого од нив со јазикот на нивните татковци, велејќи:
    22. »Јас не знам како се најдовте во мојата утроба; јас не ви ги подарив ни духот ни животот, ниту преку мене се образувал составот на секого од вас.
    23. Затоа, Создателот на светот, Кој го создал човечкиот род и на сè му дал почеток, пак милостиво ќе ви даде и дух и живот затоа што сега не се штедите заради Неговите закони.”
    24. Антиох помисли оти го презираат, сфаќајќи дека се подбиваат со него, го советуваше најмладиот, кој беше уште жив, и не само со зборови, туку и со заколнување го уверуваше, дека ќе го направи богат и задоволен, само ако се откаже од Законот на татковците, дека ќе му биде пријател и ќе го постави на висока служба.
    25. Но бидејќи младичот на внимаваше што му зборува царот, овој ја повика мајка му и почна да ја наговара да го посоветува својот најмал син за да си го спаси животот.
    26. По долго убедување, мајката се согласи да го посоветува сина си.
    27. Но кога се наведна над него и потсмевајќи му се на свирепиот мачител, таа му говореше вака на својот татков јазик: „Сине, смилувај се над мене. која сем те носела девет месеци во мојата утроба, три години со млеко сум те доела, сум те хранела, одгледала и воспитала.
    28. Ти се молам,сине, погледни ги небото и земјата и сè што е на нив и знај дека сето тоа Бог го создал од ништо, знај дека така настанал и човечкиот род.
    29. Не плаши се од убиецот, туку биди достоен за твоите браќа и прими ја смртта за да те придобијам пак, по Божја милост, заедно со твоите браќа.”
    30. Додека таа уште говореше, младичот рече: „Што чекате? Јас не ѝ се покорувам на царската заповед; јас им се покорувам на заповедите од законот, што им го даде Бог на нашите татковци преку Мојсеја.
    31. А ти, што си измислил вакви маки за нас Јудејците, знај дека нема да избегаш од Божјата рака.
    32. Ние страдаме поради нашите гревови.
    33. Па, ако живиот Бог за извесно време се разгневи на нас, за да ни покара и да ни поучи, Он пак ќе се смилува над нас, Своите слуги.
    34. А ти, безбожнику и најголем престапник од сите луѓе, не гордеј се попусто, не издигнувај се со празни надежи, кревајќи ја својата рака против слугите Божји,
    35. зашто уште не си избегал од судот Божји, Кој гледа си.
    36. Нашите браќа, кои ги претрпеа сега овие преодни маки, според Божјиот завет, добија вечен живот, а ти, според Божјиот суд, ќе добиеш справедлива казна за твојата гордост.
    37. И јас, како и моите браќа, ги предавам душата и телото за татковските закони, молејќи Му се на Бога, набгру да се смилува над Својот народ, а ти, во маки и страдања, да признаеш дека е Он единствен Бог.
    38. Со мене и со моите браќа нека заврши гневот на Севишниот, кој со право го постигна нашиот народ.”
    39. Царот, наполно избезумен, се разгневи на него пожестоко отколку на неговите браќа, доживувајќи го тешко особено подбивањето.
    40. Така и тој го заврши својот живот, а да не се оскверни, исполнет со надеж во Господа.
    41. По синовите умре и мајката.
     
    На Таа Сум, sonuvana, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Мазохизам. Тема за во Психологија. Овој дел од верското учење никогаш не ми се допаѓал ни најмалку. Тоа загрозување и уништување на сопствениот живот за нешто кое не постои.
     
    На gjoker4e, x.Daisy.x, buba4e89 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Опсесивно-компулсивна болест во религијата-фанатично да се повторува и прави нешто безначајно на кое од верски причини му се придава преголемо значење.
     
    На gjoker4e, x.Daisy.x, BabyStyle и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    33.297
    FB_IMG_1512173501284.jpg
     
    На sparklie, x.Daisy.x, Asistentkа и 11 други им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Токму тоа и било - тортура. Исус не бил ни првиот ни последниот што бил распнат на крст. Римјаните најчесто распнувале луѓе што се бунтувале против Римската власт (како што биле еврејските зелоти). Тоа била јавна и срамна егзекуција, која имала за цел да внесе страв во коски во остатокот од населението за да не му текне на некој да го направи истото. Римјаните на Исус исто така гледале како можна закана кон Рим бидејќи така ги наговориле фарисеите, бидејќи Исус придобивал многу ученици и тие мислеле дека тој се спрема за бунт (востание) против Рим.
    После Исус и многу други христијани биле распнати на крст. Не по нивна желба како што некој погоре во постовите сака тоа да го прикаже, туку затоа што христијанството била илегална вера во Римската империја до 312г. и Римјаните сакале да го искоренат. Но интересно е тоа што и покрај смртните закани, христијаните не можеле да го порекнат тоа што нивните очи го виделе и нивните уши слушнале.
     
    На ♡BuBaLe♡, Asistentkа, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.975
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos а зошто баш на крст ги распнувале? Во тоа време крстот имал некое значење, или од тука се формирало истото? Гледам дека си упатен повеќе, затоа те прашувам.
    Ако смета, нека се избрише.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Немал крстот никакво значење. Ниту пак секогаш била формата баш онаков крст како што го знаеме денес. Некогаш било и баш како буквата Т, некогаш било само столб (како што инсистираат Јеховините сведоци дека било). Ниту за Исус не сме сигурни како изгледал крстот и затоа целото она фетиширање на крстот како некој магичен знак е чисто суеверие. Едноставно римјаните не се замарале они многу околу изгледот на дрвото за распнување. Битно им било да има каде да му се заковаат нозете и рацете и да има простор над главата да се напише неговата пресуда.
     
    На Asistentkа, Victorian, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Па, чим живееш во тој период на Римското Царство, ако не е твоја желба брутално да те убијат, нема да бидеш христијанин. Глупи луѓе.
     
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Иако спремноста на човек да го жртвува сопствениот живот во име на своите верувања и идеали е можеби нешто достојно за почит, мачеништвото во религијата е издигнато до ниво на морбиден фетишизам; започнувајќи од величањето на мачениците во христијанството, завршувајќи со радикалните муслимани за кои маченичката смрт е билет од прва класа директно за во рајот.

    Исус кажал толку многу паметни и поучни ствари, направил толку многу добри дела, а христијанството најмногу се фокусира на неговото мачење и смрт, до тој степен што за свој симбол усвоило римска направа за мачење и убивање на осуденици. Да се поистовети учењето на Исус - учење за љубов, добрина, благост и простување - со крст е, во најмала рака, промашување на суштината на христијанството.

    На крајот на краиштата, постојат многу подобри начини на кои некој може да биде добар верник и добар човек од тоа да се умре со маченичка смрт.
     
    На sparklie, x.Daisy.x, PaLaVa и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.499
    Допаѓања:
    33.297
    Да, најчесто тоа е да се живее ко маченик...:|
     
    На BabyStyle, Asistentkа, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Маката е неизбежен, неизоставен дел од животот и тоа е факт. Но нејзиното величење, идеализирање и посакување е еднакво на мазохизам.

    А религијата има голема улога во кондиционирање на верниците на мазохостички пориви, претставувајќи го мазохизмот како некаква доблесна особина и посакувана човечка карактеристика - фокусирајќи се на и глорифицирајќи го начинот на кој човек умрел, наместо на тоа како го живеел својот живот.
     
    На x.Daisy.x, Asistentkа, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez стварно мислиш дека некој смета дека како човек умрел е поважно од тоа како живеел или грешно разбрав?
    Според мене, поважни се делата низ целиот негов живот, маченичката смрт е како вид на бонус. Некаде прочитав дека тоа е директен пат кон Царството Небесно. За да некој го заврши животот на таков начин, се подразбира и дека бил целиот свој живот чесен и верен на Бог, дека го возљубил со сето свое срце, во спротивно не би ни избрал да пострада во името на таа љубов и верба.
     
    На Таа Сум, ♡BuBaLe♡ и Rama им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    Ја читам темава и тоа што ме интересира е зошто?
    Зошто некој да умре со измачување за да добие некаков бонус? Зошто е тоа директен пат до Царството Небесно? По која логика?
    Зошто Бог воопшто би сакал некој да е измачуван? Нели Бог е љубов? Вие би дозволиле вашето дете да умре со мачење?

    Не знам, не ми е јасно.
     
    На x.Daisy.x, JollyGirl, Asistentkа и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Затоа што некогаш верниците биле омразени. Не дека сега не се... биле, се и ќе бидат. Затоа што ги терале да се откажат од својата вера или едноставно само ги мачеле и исмевале, а тие силно го љубеле Бог и одбрале смрт, измачување, наспрема откажување од верата своја и вртење грб на својот Бог.
     
    Последна измена: 2 декември 2017
    На Таа Сум, Rama и crimson им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки

    1. Мачеништвото е воздигнато до ниво на морбиден фетишизам во исламот, католицизмот и православието. И можеби и во уште некоја религија. У католичката и православните цркви така настанал и култот на светците, со тоа што многу маченици ги нацртале со ореоли на главата и ги направиле светци и сега им се клањаат им се молат на нив итн. Сепак такво нешто нема во Библијата. На пример кога Ирод му ја исекол главата на Јован Крстител, пишува дека учениците го закопале и толку. Ниту го величале, ниту го направиле светец, ниту му се молеле потоа, ниту му се клањале на гробот - ништо од тоа.
    Кај христијаните протестанти кои настојуваат да се држат о Библијата и само до Библијата - нема вакво величање на мачениците.

    2. Гледам погоре некои атеисти се исмејуваат со идејата дека некој би умрел за своите идеали и убедувања, притоа мислејќи на верниците. Well, би ги прашал дали знаат дека и многу атеисти биле убиени заради своите идеали и убедувања?
     
    На Asistentkа, daylight и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не мора да значи. Во христијанството верата во Исус е таа што спасува и обезбедува пат до Небото. Исус јасно рекол:
    „Јас сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа до Отецот, освен преку Мене“ (ев. Јован 14:6, Библијата)

    Во Библијата никаде не пишува дека маченичката смрт е патот до Небото, туку Исус. А на едно место апостол Павле вели:

    „ ...и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува“ (1 Коринтјаните 13:3, Библијата)

    Значи ако не е мотивот од љубов, џабе е некој и жив да биде запален „во името на Бог“, тоа ќе биде залудно.
    Знам на пример едно православно житие каде што еден монах ја напуштил својата мајка и се пикнал во некој сув бунар и таму останал до смрт. Ниту бегал од некој, ниту се криел од некој, туку едноставно така си решил - да влезе во бунар и таму да си остане до смрт :|
    Дали тој загинал маченички? Да. Ама дали било од љубов? Не. Напротив, тој ја напуштил мајка му (значи покажал нељубов кон неа) и отишол да се самоубие во сув бунар. Значи тој покажал нељубов ни кон сопственото тело и живот. Пострадал залудно, без никаква корист. Пикањето во сув бунар не било мотивирано од ниту една Исусова заповед во Библијата. Тоа тој го направил чисто од свои некакви си чудни мотиви.
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Па, не дека ја мислам, туку фактите го кажуваат тоа. Самиот факт што титулата „маченик“ стои до нечие има кажува дека на тоа што умрел маченичка смрт му се придава и тоа како големо значење.

    Земи ја за пример Злата Мегленска, т.е. Света великомаченичка Злата Мегленска - ако си го читала нејзиното житие, ќе знаеш дека освен тоа што била посветен православен христијанин и верник и тоа што одбила да си ја смени верата, макар и по цена на животот, таа немала никакви други дела и заслуги зад себе.

    Посветени православни верници има и имало милиони, луѓе кои одбиле да се потурчат исто така - па испаѓа дека титулата „света“ и’ припаднала на Злата од проста причина, т.е. единствено поради тоа, што умрела со маченичка смрт.

    Постои цел култ изграден околу мачеништвото на Злата Мегленска, така што, да апсолутно тврдам дека мачеништвото во православието, христијанството и религијата во генерала, е издигнато на морбиден пиедестал, а дека опседнатоста со него е на ниво на мазохистички фетишизам.
     
    На Someonespecial, Asistentkа, daylight и 5 други им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Не било толку едноставно. Некого можеле лажно да означат дека е христијанин со цел да го оцрнат, бидејќи политички не бил подобен или од некоја друга причина, на пр. да му се осветат.

    Римската империја не ги прогонувала христијаните едноставно само затоа што не верувале во истите богови. И евреите верувале поинаку, и германите и бритнаците во тоа време па сепак не ги прогонувале и убувале (освен при воени судири и бунтови).

    Христијаните биле трн во око поради тоа што живееле и подучувале пристап кон животот и општеството каде хиерархијата на надредени и потчинети, водењето војни, трошењето народни пари на разврат би станало излишно. Дури откако христијанството, поради не доволна будност и постојаност на раните христијански заедници, доволно се издеформирало примајќи во себе бројни пагански елементи и запоставувајќи го учењето на Исус од Назарет за љубов кон ближните, рамноправност и чесност (на пр. секој да живее од трудот на своите раце, а не од брутално собирање даноци од сирмошниот народ) било прифатено како рамноправна (и „безопасна„) религија од страна на Константин и компанија.

    Кога потоа низ следните векови Христовиот Божји Дух повторно го оживувал изворното христијанство повикувајќи во живот духовни заедници како павлиќаните, богомилите, катарите и тн. тие од страна на световните и „христијанските„ власти биле прогласувани за еретички и ѓаволски - прогонот продолжувал, но под поинакво име и методи.
    Бог не сака никој да се измачува, и измачувањето само по себе не носи никаков бонус.

    Меѓутоа понекогаш божјите пратеници (вистинските пророци, мистичари и други просветлени мажи и жени) согледувале дека поради тврдоглавоста на голем дел од луѓето но и разновидни манипулации на темните битија т.е. божјите противници, не можело да дојде до позитивна промена во свеста на човештвото. Воедно тие биле и свесни и со целосен увид дека со смртта на нивното физичко тело не завршува и можноста за нивното позитивно дејствување. Тоа не значи дека тие, а уште помалку Бог, ја посакувале смртта или измачување на нивните физички тела! Mеѓутоа ситуацијата стигнала до точка кога друг излез немало, бидејќи народните маси не дозволиле поинаков развој на настаните. Исто така спознавале дека на тој начин даваат можност мрачните битија да ја спознаат токму бесмисленоста и безизлезноста на нивните намери против Бога и божествениот свет. Имено и покрај прогонот и смртта, божествениот свет продолжува да постои и повторно неуморно се враќа да дејствува во различни форми и во овој свет, а темнината во своето беснеење постепено ослабнува игуби, бидејќи темнината нема бесконечен извор на енергија, таа е само отсуство на светлина, а не извор на светлината. На тој начин темните битија имаат можност да направат споредба и да си го постават прашањето - дали сакаат да останат во темнина или да се преобратат кон светлината.

    Слично како што секој нормален родител не сака ниту тој да страда ниту сака да ги гледа своите деца како страдаат, но е сепак подготвен да се жртвува себе си за спас и добробит на децата, така и Бог и божествените битија се подготвени на лична жртва доколку гледаат дека со тоа би им помогнале на човечките души. Но тоа нема никаква врска со садо-мазохистичкото фанатичното глорифицирање на болката и смрта како што тоа некои религии го прават. Тоа што религиите го прават наликува на родител кој си нанесува физичка болка кога гледа дека неговото дете страда, без при тоа да вложи напор (вистинска жртва) за да превземе нешто со цел да го намали или запре страдањето на децата.

    Исус не сакал да умре со таква срамна и маченичка смрт, ниту пак Бог го испратил со таква цел. Од Христовата објава „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ наменета за луѓето на денешницата и иднината дознаваме дека отпаѓањето од Бога речиси ја достигнал својата кулминациска точка што за последица би имало постепен но незапирлив распад на божественото создавање а со тоа и на сите души во безлична етерична смеса која потоа би можела да се обликува наново но според желбите на Сатаната. Христос отелотворен како Исус од Назарет им покажувал како луѓето да живеат за да повторно се издигнат во својата заборавена божествена природа, со што пак духовната енергетска дезинтеграција би била спречена. Но со оглед на тоа што мнозинството го отфлила неговото упатување, морало да се пристапи кон потешката опција. Тоа значело преку предвремена смрт на крстот, да се раздели огромниот духовен светлосен потенцијал од Христовото духовно наследство до сите луѓе и души. Тоа се разделило во форма на духовни искри - тнр. Христова спасителска искра - кои трајно оневозможиле натамошно отпаѓање и пропаѓање на душите во безличен етер.

    Голем број христијански религии погрешно веруваат дека со жртвата на крстот Исус ги откупил гревовите на човештвото. Кога тоа би било вистина, тогаш светов би бил безгрешен а луѓето здрави и среќни би живееле во мир и трајна благосостојба. Но Христос преку жртвата овозможил заштита на душите од распаѓање и енергетска подршка за преобраќање, а натрупаните гревови секој сам треба да си ги препознае и со Христова помош ги исчисти преку спознавање, каење, простување и молење за прошка како и поправање онолку колку што е тоа уште возможно и потоа да продолжи да живее според божествените упатства за кои Исус говорел и ги живеел за пример. Само така човештвото би дошло до траен мир и благосостојба.
     
    На Asistentkа и crimson им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Оваа тема се однесува на верско мачеништво. Кого го интересираат индивидуални чинови на саможртва од ликови кои по некоја околност биле атеисти, нека пронајде друга тема за да прашува тоа што не знае. Се рабира дека христијаните остануваат најпрочуени мазохисти, уште во петто одделение се учи како кутрите ги фрлале на лавовите. Претпочитање на смртта пред животот, свирепо измачување пред мирна егзистенција со своето семејство, тоа било некое масовно лудило застапено кај таа секта.

    Мислам дека религиозните убедувања ја збуниле Злата поинаку да ја канализира одбивноста што ја чувствувала кон манијакот кој сигурно го перцепирала како непривлечен... Сторијата е всушност црна хроника од османлиско време, а на црква и народ останало да се занимаваат со глупости.

    Не можеле да го означат ако јавно го отфрлал христијанството. На која основа, како тоа би го објасниле? Римјаните политички неподобните ги убивале и порано, како Спартак или бунтовници од било која провинција. Немало потреба никого да клеветат дека е христијанин.

    Затоа што римската сиромаштија не се преобраќала во јудаизам или во германска религија, туку христијанството се ширело забрзано.

    Идејата за еднаквост меѓу луѓето е човечка, не божја, и е резултат на промена во свеста. Христијанството само донесе 1000 години мрачно доба во Европа; наталожи психолошки, сексуални фрустрации и инхибиции, кои до ден денес се далеку од искоренети; веројатно придонесе и во колапсот на Римската империја, правејќи од Римјаните пасивно население и задирајќи во дел од основните принципи врз кои се градела таа цивилизација.
     
    На Gosh, Asparagus и Lella им се допаѓа ова.