Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мачеништво

Дискусија во 'Религија' започната од Bitter-Sweet, 1 декември 2017.

  1. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Болест,нема што да се разбере. Причините за тоа се јасни и јасно е како да се спречи наместо да се лечи,но ако се спречи кој ќе ја полни црковната каса под закана,присила дека е грешник дека треба да се мачи за да си ги искупи земните гревови? Денешнава религија и религиски догми со ништо не е поврзана со Исусовото учење со човечноста која треба да ја носиме сите во себе,негуваме и развиваме до повисоки нивоа на постоење.
     
    На Sanjichka007 и daylight им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Нека е дури и така... но од каде доаѓа импулсот за промена на свеста кон подобро? Тоа е Бог - космичката сè-свест. Од човековиот слободен избор зависи дали, кога и што сака да прави со тоа.
    Догматското, институционализираното „христијанство„ кое се темелеше и темели на слепо верување, практикување традиција и алчност донесе такво мрачно доба и страдања од секаков вид - токму затоа што се отклонило од изворното христијанство, од учењето на Исус кое е етичко, психотерапевтско, позитивно. Правете разлика помеѓу практицирање на учењето од Исус и слепото верување во Исус а притоа практицирање на своите човечки инхибиции и небулози.
     
    На Asistentkа и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  3. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Можам да го замислам оскудниот живот кој го живееле мачениците.
     
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    2.799
    Пол:
    Женски
    И да е црна хроника на едно време, тоа не го менува фактот дека умрела маченички, поради своите морални принципи, достоинство и силен карактер. Ги имала сите човечки квалитети, живеела богоугодно сигурно.
    Впрочем, немала преголем избор, тажно е да се исмева и доведува во прашање дали сторила нешто со што би го заслужила епитетот маченичка.
    Маченици се сите чесни, мали луѓе, чии обични животи се прекинати на суров начин.
     
    На Таа Сум, Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски

    Извини мила моја, но јас воопшто не ги гледам мачениците како добар пример.
    Господ не оставил на оваа планета нарекувајќи не сите грешници, го деградира овој земјен живот во кој треба да му коленичиме, да го молиме за гревови што не сме ги направиле, да веруваме во нешто за кое немаме докази, танталови маки имаме секој ден...епа што е многу, многу е...не ми треба ниту слава, ниту венец.
     
    На BabyStyle, Gosh и crimson им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Со ова се согласувам. Низ историјата имало многу сурови периоди на разни видови опресија и брутално задушување на различни идеали кои не одговараат на интересите на една власт.
    Всушност, кога е во прашање насилното мачеништво, она што најмногу ме погодува во тие приказни е суровоста и насилството од страна на мачителите, способноста на едно човечко суштество да се изживува врз друго поради таква причина. Исто како што е случајот и во други наредни времиња со научници кои пострадале поради своите идеали што пак се косат со институционалното христијанство, кое тогаш веќе имало сосема друга улога во општеството.

    За среќа, тие времиња во цивилизираниот свет се поминати одамна. И не, верниците со самиот факт дека веруваат во Бога не се сега омразени, далеку од вистината е тој факт. Има сè уште и секојдневна нетолеранција и предрасуда меѓу различни религии, но, пак за среќа ќе речам - во нормални услови и цивилизиран свет останува само на тоа и тука нема никаква споредба.

    А, за бескрвно мачеништво со откажувања, и општо дека мачеништво треба да биде некаков идеал и пример во реалноста на денешните луѓе - секако, ни најмалку не се согласувам.
    Кога учев филозофија во средно, знаете кој ми беше еден од омилените правци? Утилитаризам - т.е. стремење кон најголема можна количина добивка и среќа за секого како највисоко добро.
    Тоа е за мене реална и здрава цел во животот, сосема нормално е секој да се стреми кон тоа што го прави задоволен и среќен (секако не по цена на повредување друг), па и материјално да биде снабден за пристоен живот, и во тоа не смее да се гледа ништо погрешно.
    Трубењето за идеали со откажување од секакви задоволства, па и уште полошо - некакво претставување на страдањата од реалниот живот како нешто и најмалку добро, како лекции и сл., е едно од нештата што најмногу ги прави непривлечни религиите за современи луѓе кои длабоко размислуваат на овие прашања.
     
    Последна измена: 3 декември 2017
    На EvAngelos, Gosh и Asistentkа им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.687
    Допаѓања:
    79.810
    Пол:
    Женски
    Оф бе девојче...Читај Библија пред да пишеш нешто по твое.

    Божјиот збор гласи ЌЕ БИДЕТЕ НАМРАЗЕНИ ОД СИТЕ ЗАРАДИ МОЕТО ИМЕ. Е ова ти е факт, а не твојот изваден од ракав. Душичка. :D Патем, еве ти и уште еден цитат:
    Матеј 24:35 „Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.” Така да, не можеш ти да извртуваш нешто што е од Бога. Што е вистина, вистина е.
     
    Последна измена: 3 декември 2017
    На Таа Сум и buba4e89 им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Божјиот збор не вели дека секогаш и сите верници ќе бидат намразени заради Христовото Име. Имало, има и ќе има луѓе кои ќе бидат мразени и прогонувани заради Исус. Во Шерјатските земји следува смртна казна за муслиманите што ќе одлучат да станат христијани. Еве баш задутре (на 5ти Декември) врховниот суд на Америка ќе решава за христијанскиот слаткар (Џек Филипс) кој одбил да направи геј торта за геј свадба. Веројатно ќе си добие голема казна за тоа.

    Ама генерално someonespecial е во право, бидејќи денес, во поголемиот дел од светот, луѓето што веруваат во Бог не се омразени. Еве земи ги православните кај нас на пример. Иако сите верски заедници се еднакви пред законот, верската заедница МПЦ ги ужива најголемите права и привилегии во државава. Власта им дава бесплатни земјишта за градење храмови, им прави почести, ги вика на свечени отварања, до пред некое време ги внесуваше и поповите по секуларните факултетите да ја „благословат“ учебната година, православниот богословски факултет го пикнаат под државниот универзитет УКИМ - нешто за што може да сонуваат другите верски заедници.

    Многу ми е мило што те читам како се повиквуаш на Библијата. Камо да го правеше тоа и кога станува збор за молење на светци, на икони, палење свеќи за живи, мртви, обожавање на богородица итн. За овие работи православец не се повикува на Библијата, затоа што не му/и одговара напишаното во неа :)
     
    На Lella, Gosh и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.687
    Допаѓања:
    79.810
    Пол:
    Женски
    Не се, сѐ додека ќутат. Ако проговорат, ако почнат да разобличуваат и да ја говорат вистината Божја, тогаш во нивни очи стануваат дури злобни и негативни. И ете ти омраза.
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Хмм имаш право, еве на пример ја секогаш кога ја говорам вистината Божја на форумов и тоа директно со цитати од Светото Писмо, во очите на православците станувам злобен и негативен. Секогаш кога пишувам дека во Библијата нема ниту една молитва упатена до светец, дека единствена икона во Библијата е „иконата на ѕверот“, или дека апостол Петар одбивал да му се поклонуваат, дека ангелите одбивале исто така да им се поклонуваат и велеле само на Бог да му се поклонуваме, дека никој не ја обожавал богородица, дека Исус и се обраќал со „жено“ (а не мајко) итн.... православните збеснуваат и ме намразуваат бидејќи нивните уши не сакаат да ја слушнат Библијата по овие прашања, не им одговара Библијата на овие места па затоа ја сум негативен, злобен итн :)
     
    На Quincy и Gosh им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Бог не постои, не постојат ниту мрачни сили, се што ти се допаѓа, и што не ти се допаѓа кај луѓето е нивна природа. Човекот дели многу особини со животните, од нив поразличен го прави само повисоката интелигенција.
    Што се однесува до Исус, иако некои го замислуваат како хипик, во таа книга библија, каде е главен лик и од каде ги црпите сите податоци за него, можете да му ја забележите строгоста и арогантната нота (син на татко). И он јасно кажува таму дека нема да промени ниту збор од стариот еврејски закон (кој патем, изобилува со човечки инхибиции). Надвор од таа книга, за постоењето на Исус и зошто тој умрел, може да се шпекулира. Едно е сигурно, божји син и пратеник не бил, оти е невозможно.
    Јас сум против ставање на главата во торба, на крај, светот им остана на оние кои одбраа да живеат. Ајде, можам да разберам човек да умира борејќи се за слобода, подобар живот, леб, дури и за моќ некако можам да разберам зошто го правеле тоа... ама да подлегне на човечка казна, плашејќи се во спротивно да не го стигне божја, е најголема глупост.

    Кој тука ја исмеа неа? Таа умрела, затоа што ја киднапирал манијак, сигурно лик кој го доживувала како крајно одвратен. Вистинското прашање кое треба да си го постават верниците е зошто нивниот госпо дозволил да и се случи нешто толку траорно?
     
    Последна измена: 4 декември 2017
    На Црна Ружа и Gosh им се допаѓа ова.
  12. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Бог е љубов. Бог е седавател. Бог не КАЗНУВА. Бог не учи условно кажано како преку " мачеништво" да бидеме подобри луѓе. Овде гледам многу погрешно го сфатиле зборот тако звани атеисти и припадници на други христијански " цркви ". Мачеништво во денешно време значи да се откажуваш од СОПСТВЕНОТО ЕГО, СОПСТВЕНАТА СТРАСТ ( пиење, дрогирање, прељубништво, коцкање) и СОПСТВЕНОТО САМОЉУБИЕ. Во православието како МАЧЕНИШТВО се зема и бракот и монаштвото : " Според учењето на Црквата, има два пата за стекнување на смирението, т.е. на спасението. Има два начина за да се последува Христа: монаштвото и бракот. Христијанинот треба да одбере помеѓу овие две (сп. Мт 19,10-12), а третата опција – девство во светот, светоотечкото предание не ја препорачува како многу опасна. Монаштвото и брачниот живот претставуваат испитани експерименти, на кои ако сериозно им се пристапи, водат до Царството Небесно. И двата начина обезбедуваат поволна атмосфера за стекнување на смирението: монахот целосно се откажува од својата волја, предавајќи се на апсолутно послушание кон својот старец, а брачникот е постојано во ситуација да го лимитира своето јас, во полза на другиот".
    Доколку секој би правел што сака и би се однесувал како сака ќе настане Анархија. И мачеништво пак ќе речам условно кажано нема само во православието. Учењето за смирение го има и во источните религии, во разно разните учења.
    И дајте доста со дигресија и со глупости лупетање. Глупаво е да плукате по православие ислам или кое и да е верување. Не верувајте ама не плукајте:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Такво нешто Исус не кажал! Тоа е веќе очигледно ако се погледне неговото учење за љубов кон ближните и непријателите.

    Тој зборувал за Вечниот непроменлив закон дека од него ништо нема да се укине, а не за еврејскиот закон кој луѓето самите си го создале но со цел да му придодадат „врвна„ важност го прогласиле за Божји - токму тоа е она дејство на мрачните сили кои на тој начин сакале да си постигнат придобивки. Ако би рекле овие сулуди инхибиции се законот на темнината, ретко кој би ги следел... но ако речат, знаеш што тоа е Божјиот закон тогаш со таквата манипулација можеле и можат да придобијат многумина.

    Многу нешта запишани во Библијата не соодветствуваат на вистината(инхибициите што ги спомна на пр.), и токму поради тоа Бог испраќал во сите времиња пророци кои им го покажувале патот на луѓето и наново , соодветно речникот и колективната свест на дотичната епоха им ја објавувале вистината.
    Вистинските христијани не се плашеле од Божја казна бидејќи знаеле дека Бог не содржи во себе зло па оттаму Бог никого и не казнува. Човекот самиот себе си се казнува вршејќи погрешна сеидба во нивата на животот како што е кажано во споредбата од Исус. Работата е што откако ќе се спознаат длабоко и доживеат некои работи не можат повеќе да се негираат(на пр. дека не треба да се убива и војува, не треба да се искористуваат другите и тн.), па макар и кога оние кои тоа го немале спознаено да им се заканувале и со смрт. Бидејќи, поради погрешниот однос и упорност на другите луѓе не им бил оставен излез и тие биле дури и убивани. Но тие знаеле дека сепак и покрај тоа нивниот живот продолжува во отадестраното. За разлика од тоа нивните егзекутори и подржувачи на прогонот продолжувале да живуркаат во илузијата која тие ја нарекувале живот, за потоа и да ја страдаат низ разновидни ситуации судбината која некогаш им ја намениле на другите.
     
    Последна измена: 4 декември 2017
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Прашањето потекнува од верувањето на Боговите.
    Во минатото се знаела целата историја за тој поим.
    Денес мачеништвото има друга верзија.

    Едит: Бог постои.:!:
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @EvAngelos де, де, и вие си организирате конференции и забави и прослави под покровителство на Иванов и Талат Џафери, само мислам тоа не е темата на дискусијата.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.687
    Допаѓања:
    79.810
    Пол:
    Женски
    Господ нека ти е на помош.
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Ако сакаш и копија од сметката од салата Борис Трајковски ќе ти обезбедам, да видиш дека целосно е платена од ЕПИ (Евангелско протестантска иницијатива) - која што е здружение на сите протестнатски цркви во РМ. Иванов и Џафери ни денар не дадоа. Покровителството беше повеќе како поздравен говор, подршка, соработка.
     
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Well, that explains a lot. :D

    Шала на страна, жал ми е за луѓето кои на бракот гледаат како на мачеништво, од било какви причини и побуди, а сепак остануваат во него.
     
    На Lella, Sanjichka007, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не мора.
    Јас лично сум против било каква подршка за било која религија од страна на државата, ама веќе ако државата решила да подржува религии и религиски здруженија, не гледам зошто најзастапената религија би требала да има еднаква подршка со минорни религии.
    Со други зборови, и тоа ви е многу.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Со други зборови поима немаш што значи секуларна држава, а уште помалку што значи тоа дека сите верски заедници се еднакви пред законот.