Исто колку што ти не знаеш што значи тема на дискусија, затоа што во 90% од темите дискутираш за работи тотално неповрзани со темата Каква врска има подршката на државата со мачеништвото?
Фигуративно кажано е ова со бракот. Не се мисли на брак каде мажот ја тепа жената.Туку откажување од своите интереси и ставање на "маса" заедничките интереси. Нели две тела една душа. П.С. Мачеништво е и да ја мразиш работата што ја работиш, ама не давш отказ зошто земаш плата.
Е така ептен си се изнамачил за вербата во Бога. Поголемо мачеништво би било да не работиш ништо иако немаш ни за храна затоа што не сакаш да работиш нешто што не те исполнува и решаваш дека нема да дозволиш да те води материјалното. Ама тогаш пак не си маченик туку мрза. Факт: ни еден од тука нема да стане маченик, никој нема да ве прогонува во име на религијата, освен ако не се жалите дека ве малтретирале по форуми Дури жал ми паѓа за мазохистите на форумот
A сте слушнале за православниот монах што се измачувал качен на столб? Симеон Столпникот го викаат и го празнуваат како светец. Според неговото житие објавено на сајтот на МПЦ, се вели дека Симеон на 18 години побегнал од родителите и се качил на столб. И таму си седел, се молел и нејќел да се симне. Неговиот столб бил бисок 6 лакти, па потоа му направиле друг од 12 лакти, па 22, па 36 и најпосле му направиле столб висок 40 лакти. И тој таму си седел и си се молел. Луѓе поминувале, го гледале, некои веројатно се чуделе што прави човеков пребегнат од дома и качен на столб. Неколку пати мајка му дошла да го види, а тој не ја примал и горе од столбот и велел: „Не ме вознемирувај сега мајко, ако се удостојам ќе се видиме во оној свет!“
Замисли некои за ова веруваат дека е некаков животен подвиг, духовен дострел достоен човеков да го направи и светец, па и да му се молат и сл. Сфаќам јас други да те мачат со цел да направат да се откажеш од своите идеали, со цел да одиш спротивно на твоите убедувања, да те тераат да лажеш, да направиш некое злодело, а ти да истрпиш мак и притисоци но да останеш доследен до твоите вредности и убедувања. Но самиот мазохистички да се мачиш, да се пикаш во бунари или да се качуваш на столбови (како православните светци), да си го бодеш телото (како дервишите) со цел да добиеш слава од луѓе кои се „палат“ на такви работи, е тоа, нека ми простат за искреноста, ама според мене тоа е забегано.
Уште една во низата антиживотни парадигми кои произлегуваат од омразата кон радоста, кон енергијата, кон убавите ствари во животот. Мислам дека воздигнувањето на мачеништва и слични состојби се измислени од луѓе кои не можеле сами да се радуваат, па ако не можат тие зошто да можат другите?
За мене пример за мачеништво се сите светци,кои биле прогонувани од местата каде ја проповедале верата Христова,притоа биле убивани со копје т.е бодени во стомак за мачна и бавна смрт,врзани на запрежна кочија и влечени по земја,главата отсекувана,па фрлање живи меѓу сурови животни,и уште на стотици други примери,и сето ова за да се откажат од верата во Исус. Ама погодете што? Овие никако не се откажувале,ни по цена на најголемите земни страдања и затоа се удостоиле со вечен венец,на небото покрај Христос. Смејте се колку сакате,ама воопшто не е смешно,ни мазохистички. 21 век сме,а јас им се восхитувам на нивната жртва и љубов кон Бог,што за воља на вистината,сега не постојат такви луѓе кои ревносно би го дале животот за Бог. Малку има потсмев и извртување на суштината на темата,ама нека
Не се смееме ние на тие маченици кои биле гонети за да се откажат од својата вера. Се смееме или поточно им се чудиме на паметот на оние кои никој не ги гонел, никој не им се заканувал, а самите избегале од дома, напуштиле самохрани мајки и се симнале во сув бунар или се качиле на некој висок столб (како примерот погоре) и таму седеле и самите се измачувале себе си со цел да бидат во центар на внимание или да добијат некаква слава. Овој погоре дури и мајка му ја бркал кога таа доаѓала да го види. Кутрата сакала да го натера да си дојде дома, да не му фаќаат сеир луѓето што поминуваат. Греота.
Кога би се појавил во сегашната реалност таков случај како со монахот на столб погоре, не да е некаков пример, туку би бил случај за психијатријата. Бидете малку реални... А според мене, во религиското учење би било многу поправилно и поучно таа натприродна сила – Бог, да го искоренува тоа монструозно насилство со кое ги третирале мачениците и нив да ги поштедува и да им ги спречи тие маки. Ама тоа е само мојата идеалистичка филозофија
Кога би видела на улица некој човек како си мава боксови у глава и се гребе по лицето, дали би си помислила дека е предодреден од Господ за хмм „свој маченик“ (што и да ти значи тоа) или би си помислила дека е за на психијатрија?
Добра ти е форава,ме подзамисли малку Но,мојот одговор е следниот:секако дека би помислила дека тој човек што се тепа со боксови е за на психијатрија. Ев,не ми ги извртувај зборовите,јасно и гласно тврдам дека од денешен аспект,не постојат луѓе или маченици да ги наречам,кои би им парирале барем малку на оние ревносни маченици т.е Светци од првите векови Не се прави дека не разбираш што ми значи тоа предодреден од Господ или пак може не знаеш стварно во нашата вера и Црква секој еден светец,е прогласен или предодреден со Божја промисла,ете така
Настрана од тоа кој повеќе се мачел, тоа е субјективно. Друга ми е поентата. И човекот што поминал само со една шлаканица од прогонителите на неговата вера е поголем духовен маченик за верата, отколку човекот што се качил на столб и таму седел со години од чиста лудост или од потреба за внимание и слава. Вториот маченик е психијатриски маченик, маченик на својата лудост, а не духовен маченик за верата. Првиот е пример за храброст и истрајност, а вториот е пример за греота човек, греота затоа што тогаш немало психијатриски установи да се погрижат за тој човек. А уште поголема греота се црквите што ги прогласиле овие умноболни луѓе за светци и што денес им се молат.
Wtf?! Човеку,ич не си компетентен да кажуваш кој треба или не треба да е прогласен за светец. Океј(не сум ни јас,можеби)ама ти уште помалку имаш право да ми зборуваш за светци и моја Црква,кога не си дел од истата таа Црква. Тука се повлекувам
За тука ли е? 40 години крената рака. Си истрпил мака ама во топ 3 божества е сега. Треба да ти текне.
Добро, тој Симеон Столпник, тоа што го правел, го правел за себе и во свое име. Ама оние кои не се откажувале од христијанството, во време кога било забрането, макар по цена да бидат измачувани од властите, подгревале политички тензии.