Дечки ве молам некој нека даде совет како да се спасиме од уличните мачки кои постојано се качуваат и влагаат на нашата тераса. Буквално прават лом!! Влакна на сите страни, мочано насекаде, смрди корне. Имаме мало дете од 1 годинка кое фаќа се наоколу и става се во уста и за нас е престресно ова. Дали некоја мрежа, ограда, средство што ги брка??? Предлагајте ако знаете?
Дали случајно оставате храна таму? Бидејќи најчесто мачките доаѓаат така ако наоѓаат храна и така се навикнуваат и доаѓат на истото место. Ние исто така имавме проблем постојано низ двор сите улични мачки поминуваа и седеа и помекогаш и беа агресивни, но потоа сфстивме дека доѓаат по храна која што ја истураме во кеси во канта и го сменивме тоа па се одвикнаа.
Со мрежа или друг вид ограда ќе го решите проблемот. Јас седам на први спрат и секогаш се качуваа додека не заградивме таму од кај што влегуваат.
Како може да е мочано насекаде кога мачка кога моча моча каде што има земја не на тераса и веднаш го закопува?
Машките мачки мочаат стоечки. Го имам запазено моментот. Прво се галат дали од дрво дали од нешто било што. Дали така "се палат" или што и да е ама се вртат и мочаат.
И да ставите некаква мрежа или ограда не знам колку ќе го решите проблемот. Мачките и таа мрежа можат да ја прерипаат.
Шо тропаш зелени бе тете во секоја тема? Не знаеше дека се хранат мачките со птици? Прости луѓе насекаде страшна работа, колку да цитира некој, излечила фрустрации за денес. Како досега сум заборајла на игнор да те клам, ај чао. Ќе едуцирала таа, цел ден шо останала на фемина.