Најодвратно животно ми е мачка. Толку ми се морбидни, страшни и одбивни... не можам да опишам. Секогаш чувстувам немир кога поминуваат покрај мене или кога ме гледа така страшно, кога зјапа во мене ми доаѓа да ја убијам или да избегам далеку од неа. И баш пред некој ден мораше да бидам сведок за едно убиство од страна на мачка. КОлку убаво си летаа 3-4 врапчиња, малечки, а едно беше шарено (имаше и по некој жолт и зелен пердув), ама многу нискко летаа....кога одеднаш скокна еден црн, грд, одвратен, голем мачор и во уста го фати тоа шареното врапче Јас одма почнав да фрлам со камења поголеми од него, бев спремна да го убијам, да го акнам во глава, викав, се дерев, фрлав, ама имаше ограда помеѓу нас а тој брзо трчаше и си замина со врапчето во уста, кое што уште мрдаше и бараше помош Толку се чувствував глупо, тажно, повредено дека не можев да му помогнам...многу ми беше жал и уште ми е....и дефинитивно заклучив дека мачиштата ми се најомразени животни. Не сакам да видам мачка, ни мала, ни голема...ми се повраќа кога ќе видам такво одвратно суштество. Нека се убијат сите одвратни мачки. Модератор: Пост преместен од СДК.
Мачорот дејствувал во согласност со своите инстинкти. Тоа се вика природа и е сосем нормално. Твојата реакција и омраза воопшто не е нормална.
Што има ненормално што мразам мачки? Ги мразам, одвратни ми се, одбивни...секој човек мрази по некое животно, епа јас мразам мачки.
@JollyGirl Абе може не ги сакаат сите животни, ама да ги мразат џоа ѓаволи да се, до толку, не верувам дека има некој. Anyways, СДК Јас мислам дека кога мажите би добивале менструација, таа недела во болница би ја лежеле
@JollyGirl ok е да не сакаш мачки,но да маваш со камења по мачор дека уловил врапче...Тоа дефинитвно не е нормално.
Хаха добро бе оладете, секако не ја ни допрев мачката и ете де не е нормално....ај сеа зборувајте си за друго.
Спојлер: БУ! Ненормално е да си ја труеш душата со толку беспотребна омраза. Нити ти направиле нешто, нити ќе ти направат. Може ете да не сакаш мачки и да не сакаш да ги галиш, ама да маваш со камења и толку искрено да мразиш нешто невино - не, не е нормално.
Мене ми е најомилено Многу ги сакам, имам дома, не можам денот без него да го замислам, ми дава позитивна енергија и кога и да видам маче по улица само, ми е жал и ако имам нешто во мене му давам да јади.
Ми звучиш ко мајка ми Хаха се напив дијазепам и се смирив, за да не се трујам со омраза Стварно бе види слатки колку се (во спојлерот твој) , како да ги мразиш вакви суштества... И сигурно имам трауми со мачки од детството, што не се сеќавам баш, инаку друго објаснување нема зошто ме нервираат толку.
Имаш evil eye look од моите две мачки кои мирно предат во мојот скут во овој момент, едното црно пантер, другото бело снегче
Ниту мене ми се омилени, посебно ме нервираат во сезона на парење, со тие страшни гласишта. Ама имав мачки како мала,не сите ми се одвратни. Нејсе, мм не ги поднесува, буквално се ежи од нив. Кога беше мал, тргнал кон влезот во зграда, било темно. Оддеднаш скокнала огромна мачка и му се залепила со канџи за гради. Можам да замислам што траума имал. Можеби и ти си поминала слично
Мене пак ми падна жал за мачорот. Што знае тоа? Животните немаат разум, тие играат на карта убиј или биди убиен. Природен инстинкт на сите видови од фамилијата мачки им е да ловат. Се надевам не си го повредила мачето. Бидејќи знам како е дома да ти дојде маче сето испогребано па дури и криви и тоа поради некои „мразачи“ кои си зеле право да маваат на мој мачор. У три лепе сум ги отерала. И јас не се мирисам многу со кучињата, ама на крај памет не би ми текнало да ги мавам со камења. не бидејќи можат да ме нападнат, туку затоа што се животни и не се свесни за своите постапки. А за омразата немам што да кажам, разбирам и трауми и сè, ама поради некоја мачка која којзнае какви трауми самата доживеала да се тепаат и дури убиваат други мачки е бесмислено и глупаво. Како на пример јас да го мразам целиот човечки род поради некој убиец во Индија да речеме. И патем да се надоврзам, ова не се однесува на тебе лично, туку на сите кои пристапуваат со вакви глупави предрасуди за некое животно. Совет од мене: пробајте да им ја гледате позитивната страна на сите животни. Сите си замислуваат дека мачките биле намуртени, користољубиви, злобни, не знам какви... Вистината е дека е обично животно и не е можно да има вакви особини. Може да биде само помалку или повеќе пријателски настроено со луѓе. И уште ова, сите животни чувствуваат кога некој ги сака или ги мрази, но мачките, за разлика од кучињата, нема по секоја цена да ви рипкаат околу нозете весело, туку ќе бегаат од вас. Можеби токму затоа мачките ми се омилено животно, на некој начин се поистоветувам со нив. И уште еднаш да не сте помислиле на некакво насилство врз животни, секако, освен ако не се работи за живот на човек, а врапче... сериозно? Не било за врапчето, бидејќи било мачка што го убила, затоа.
Да се регистрирам и јас во мразачи на мачки. Мојата одбивност кон нив оди дотаму што дури и оние кои обожаваат и чуваат мачки ми се несимпатични, би рекла, иако малку претерано, но немам доверба во луѓе кои сакаат мачки. Нелогично е, знам, but I can't help myself.
Јас порано многу мразев мачки, ми го тепаа кучето. А тоа срце, само сака да си игра а тие го гребеа, целото беше рани од нив. Сега ги сакам, али оне мене не ме сакаат, кога и да поминам низ маало тие маалските мачки ме гледаат како да ми кројат план за убиство, а башка секоја вечер ми се парат под прозорецот а јас ги прскам со вода да бегаат, им рушам романтика, нормално ке ме мразат. Инаку зборот ми беше, што се толку препирате кон некој што не сака мачки ил и кучиња. Секој си има причина. А и научно е докажано дека мачките не гледат како одвратни големи суштества, не мразат.
Мене па ми се несфатливи тие што имаат било каква омраза према некое животно. Некако немам доверба во нив. Пример, јас смртно се плашам од инсекти, ама не ги мразам де. Чудни ми се оние луѓе што “сакаат“ само луѓе, ама нејсе, не можеме сите исти да бидеме. На крајот на денот, сами си ги бираме тие со кои ќе бидеме блиски.
Требаше да претпоставам дека ќе се фатите за зборот -мразам премногу сериозно, ко да ние што не поднесуваме мачки секојпат кога ќе ги видеме ни доаѓа нагон да ги повредиме или слично. Едноставно не ги сакам во моја близина. Како ти инсекти, ама ти не ги мразиш нели, а јас штом видам мачка очите црвени ми стануваат, ок. Нема потреба да се делиме на оние кои сакаат само луѓе а животни не и обратно, затоа што не спаѓам ниту во едната ниту во другата група. Има животни кои ми се мили и кои сум ги имала и имам за домашни миленичиња, и такви кои не ми се. Мачката ми е некаде на најдолна граница од овие вторите. Не знам од каде таа голема одбивност, ама ете.
Не сум знаела дека има доста на кои мачките им се одбивни. Јас од мала го имам тоа чувство, а посебно по една глетка кога видов мачка како слатко жвака глушец, целата закрвавена у муцката. Мачките ми асоцираат на злоба и подмолност, а воопшто не ми се мили и покрај тоа што знам и да ги погалам некогаш, ама ете, не ги сакам !
Мал поздрав за оние што не сакаат мачки!! Е вака да си знаете, оке? Шала на страна, секој има право да нејќе нешто. И ја нејќам змии..секој вид на влечуги и инсекти. Ме ужаснуваат. Ама не ги ни мразам. Само нека стојат подалеку од мене.