1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мачки - мили или злобни миленици?

Дискусија во 'Дом' започната од JollyGirl, 9 ноември 2015.

  1. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    7.836
    Мене мачките ми се посебно мили,дури ми се помили од кучињата.Секогаш сум чувала мачки заради да ловат глувци околу куќата.Сега станот ми е мал,но кога би можела да земам миленик,сигурно тоа би било маче.Многу сакам животни.
    За тоа дека мачето фатило врабче, е нормално.Тоа му е инстинкт.Но,иако имам чувано мачки не сум сакала да убијат друго животинче во мое присуство.Знам еднаш си се галевме со моја маца и наеднаш рипна и зграби едно врабче.Толку брзо,дел од секунда се одвиваше ситуацијата.Веднаш рипнав по неа и ја фатив за вратот,за да го пушти.Но,веќе беше касно вратот на врабчето беше скршено и испушташе душа.Кога видов ја оставив да си го земе.Пробав да помогнам,ама касно.Инаку моите мачиња многу сакаа да фаќаат и гуштери и си играа со нив пред да ѓи изедат.Секогаш кога сум можела сум ѓи ослободувла,иако не ми се мили рептилите,сепак не сакам да умрат.
    Ова што го правев можеби не е во ред и што се мешав,само не ми дозволувало срце нешто да гледам дека ќе умре и јас да му завртам грб.Таков карактер сум.
     
    На koritsaki и Tinushka им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.602
    Допаѓања:
    173.632
    Пол:
    Женски
    Пораснав со кучиња и во тоа време нив ги обожував. Одвреме навреме ми доаѓаше по некое маче во двор кое го хранев, ама сите тие по некое време си заминуваа. Се додека едно маче ми го украде срцево и тогаш знаев дека тоа е тоа. (драматичен осврт на работите) :lol:
    Сега знам дека никогаш не би се вратила само на чување куче. Кучињата ми се слатки папучарчиња кои додека ги храниш ќе трчкаат по тебе и ќе ти мафтаат со опашката, додека пак мачките се грациозни, елегантни и самостојни животни.
    Имам мачка која ако не кажам дека имам мачка дома, никој нема да ја примети. Ниту изгребала мебел, ниту нападнала некој, воопшто не е агресивна, што дури можеш да ја гњавиш до миле воље и ништо да не ти напраи. Со оглед на тоа што сите ги дефинираат мачките како непредвидливи, јасно ми е дека можеби некогаш би ме изненадила со некоја нејзина реакција.. ама за воља на вистината неретко истото знае да се деси и кај кучињата.
    COEH_w0WIAAh9jK.jpg

    Во принцип сакам животни и им се посветувам. И ако некогаш повторно живеам во куќа со огромен двор, сигурно би чувала и огромно куче таму. Ама ако треба да бирам, бирам мачка. :)

    http://www.buzzfeed.com/floperry/reasons-you-should-fall-in-love-with-a-cat-person#.wpYdK3L5wq
    -Because when a cat chooses you it’s a great day. And when a cat person chooses you it’s a very special honour. :)

    http://catladyconfidential.com/2015/07/23/who-is-the-modern-cat-lady/


    п.с. нешто гратис :lol:

    2mos.jpg
    tumblr_m4hy09gICJ1qfd67jo1_400.gif 8f18852005f7d39a79ec87826704905f.jpg
    :l:
     
    На Istata od vcera, koritsaki, ku4ence и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.431
    Пол:
    Женски
    Обожавам мачки! Ми се гледа и по аватарчево. Мили ми се.
    Дома чувам две. Не ми се случило да ме нападнат тие или некоја друга мачка.
    Секогаш сум играла со разни мачиња, и од уличните па не ме изгребале, нит па нешто друго.

    Викаат мачките и кучињата осеќаат добри и лоши луѓе. Од лошите бегаат.
    Не сакам луѓе што не сакаат мачки. Или кучиња.
     
    На Istata od vcera, koritsaki, ku4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Немам чувано дома маче, ама срцки ми се :inlove:. Многу ми се мили, и многу сакаат да се галат. И често кога ќе видам маче, сакам да го погалам. А тоа дека се лицемерни, можеби дека мачките потешко се сврзуваат со сопственикот отколку кучето. Но не значи дека мачињата не можат да бидат добри пријателчиња :).
    И навистина не е фер тоа што си сакал да фрлиш камен по маче само затоа што уловило врапче. Тоа им е природен инстинкт за да живеат. И лавовите убиваат, па ајде да почнеме да ги убиваме. Мене ми се имаат пуштано кучиња, еднаш како помала три ми се затрчаа, среќа еден човек им свика, ама сепак сакам и кучиња.
     
    На koritsaki, LaraSolare, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Темава лелее :D

    Имав една мачка ко помала и беше многу чудна. Ја сакав бидејќи беше моја. Така ни се тупна и ја задржавме, ама таква мачка со лош карактер :lol:да не ти се верува дека постои.
    Нејсе, доби мали мачиња и само бегаше од нив. Ја закључував во една просторија само за да биде со своите малечки, тукушто родени, за да преживеат, таа бегаше од нив и ја наоѓав на друга страна од просторијата додека не отворев врата таа да избега.
    Што мајка-мачка беше ова? :lol:

    Па после невини, мили суштества биле :^) Мачките се ептен прорачунати суштества, само корист бараат :lol:
     
    Последна измена: 10 ноември 2015
    На Istata od vcera, Annath, t-sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Сеа ќе ти кажат дека таа мачка имала карактер :rofl:
     
    На Istata od vcera, Annath и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  7. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Си фрлала со камен по мачка? :^) Ја искрено да видам некој така да фрла со камен по животинче ко што носам солзавец директ у очи па нека види колку пече и боли, мразела мачки па и текнало да фрла со камења, со кое право ма? Мрази си за тебе и игнорирај ги. :^) Тие секако ќе продолжат да ловат или од глад да умрат? :^) Според све не ме чуди и ,,да"" да речеш.

    Јас многу ги сакам мачките, мили ми се и шират позитивна енергија, еве кучињата воопшто не ги чувствувам блиски но никогаш омраза не сум почуствувала, некогаш и мили ми се што се такви лојални по природа ама да ги мразам? :^) Тоа значи проблем со себе да имаш.

    (А мн ми е интересна оваа Бриџет :D поголем хејтер не сум видела у живот, само нз дали стварно е таква или изиграва "интересна" :yawn: од толку мн постоови што имам прочитано еден нема позитивен. |(Колку огорчена жена, мајкооо|()
     
    На Istata od vcera, Tinushka, LaraSolare и 4 други им се допаѓа ова.
  8. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    @JollyGirl

    Кога веќе си решила да пркосиш на законите на природата, следен пат наместо да фрлаш камења по мачки, впери ја пушката во маалскиот ловџија или касапот, кои безмилосно раскрваруваат врабци и разни други животнки секој ден. :)

    Ова е само уште еден доказ дека човековото лицемерие нема крај. Да мразиш животни, а поголема закана од тебе за нив да нема...
     
    Последна измена: 10 ноември 2015
    На Istata od vcera, Nausicaa, LivingGlam и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    :inlove::inlove:
    JMf7FoJ.png
     

    Прикачени фајлови:

    На koritsaki, Sahlene, Nausicaa и 8 други им се допаѓа ова.
  11. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.123
    Допаѓања:
    20.268
    Пол:
    Женски
    Дома не можам да чувам, ама пред зграда сите си ги ранам. Особено имам едно, први другарчиња си сме. Одам од продавница, и му купувам виршли, месен нарезак, туна, паштета, било што (нели да е на разновидна храна :rofl:), па уште на продавачките им велам... ај пакетчето од виршлите сечи го со ножица, за мачето е, хахаха. Ама па многу е мило и слатко... вечно се гали!!!
     
    На Nausicaa, Tinushka, MilaP и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Аliсe

    Аliсe Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    6.979
    image.jpg Ако ви доаѓа некое од овие да убиете или повредите,не знам...

    И да,имам мачка,пред четири месеца роди едно маче и уште секој ден го лиже и му дава да цица :lol:
     
    На koritsaki, Nausicaa, Tinushka и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    @AnaKarenina Сигурна сум дека во животот не си чувала мачка. Те имам прочитано во друг пост дека кога си била кај другарка ти стоела лицемерна нејзината мачка, и ти била одбивна.
    Тоа е така бидејќи мачките не животни кои имаат доверба во секој. Нема никаква врска дека се лицемерни, а уште помалку дека само шетаат, а се враќаат само за јадење. Не знам од каде си ја добила оваа информација, но можам да те уверам дека не е точна. Јас чувам 2 мачки моментално, и тоа надвор, бидејќи живеам во куќа. Најголем дел од денот седат на чергичето пред врата, а на зима во куќичката. Се случува и да се рашетаат по неколку дена, ама тоа најчесто во месец на парење. Тогаш обично се хранат еве со врпаци, глувци итн. Но секогаш, буквално секогаш се враќаат дома.

    Општо познато е дека мачките се приврзани за територија, а кучињата за луѓето.
    Но тоа не значи дека мачката ќе се откаже од тебе и сл.
    Потврдувам дека одговоров на прашањето е дека не се злобни, ниту лицемерни туку тоа е впечатокот на луѓето кои никогаш не чувале мачки или оние кои имаат природна одбивност кон нив (која да бидам искрена, никогаш нема да ми се разјасни).
    Ајде само размислете си, како може животинче кое го чуваш, го сакаш, го храниш, се грижиш за него да не се приврзе за тебе. Нема да се приврзе зошто те засакало, туку од проста причина што гледа дека со тебе ги има условите за живот.

    Мачките се како интроверни личности - немаат доверба во тебе ако и ти немаш во нив, затворени, повлечени и не се пријателски настроени со странци.
    А луѓето тоа си го поистоветуваат со злоба, лицемерие и што ти ја знам. Ама кога ќе размислам подобро, не е само за мачките, луѓето така велат и за интроверните луѓе.

    Едит: Ја видов статијата на @Jenniffer и се изнасмеав гласно. Колку глупости изнатрескале овие. Прво: нема теоретски шанси јас да викнам на некое од моите мачиња и да не дотрча веднаш. Ете, јас, cat owner го тврдам ова. И овие сликиве од намуртени мачки, па и прикажани се во текстот како најзлобни суштества што постојат, па уште и не можеле да сфатат зошто сè уште ги сакаме. Свашта по светов, значи, свашта!
     
    Последна измена: 10 ноември 2015
    На Istata od vcera, LivingGlam, LaraSolare и 4 други им се допаѓа ова.
  15. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Прасичиии :inlove::inlove::inlove::l:
    Ја и тоа на аватар што ти е го сакам :D
     
    На koritsaki и Аliсe им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @Lella изгледа за мачките на братучетка ми имам пишувано, она чува три :D Веројатно од таму го имам добиено впечатокот дека се прибираат дома само за јадење, они се такви, сите тројца :lol: Едниот мачор едно време го снема, туку така, исчезна некаде :| Сирото девојче го бараше низ цело маало, а после неколку месеци сам се врати, којзнае кај заскитал. Многу често се случува тоа мачките, не знам зошто. Исто и на братучед ми мачките така забегуваат, па некогаш се враќаат повредени, веројатно се тепале со други мачки. А куче освен ако не се изгуби, или па ептен да го малтретираат дома, така нема да избега :?:
     
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Да, како што реков. Мачките се диви суштества, додека кучињата му биле најдобар пријател на човекот уште многу одамна. Мачките имаат природен инстинкт да избегаат во дивината и да ловат. Но, ете и во случајот на братучетка ти, се враќаат дома. Бидејќи се приврзани за територијата. Но секое животно си има свои карактеристики, и тоа што можат да одат да се прошетаат одвреме-навреме нема да ме натера да ги сакам помалку. Бидејќи знам дека по неколку дена, најмногу недела-две се враќаат. :)
     
  18. macence994

    macence994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    353
    Пол:
    Женски
    неможам да замислам како лугето можат да мразат мачки или кучиња , тоа се мили суштества .
    јас ги сакам и мачките и кучињата но од мала сум израстана со мачки околу мене дури имавме и кученце што си играше со мачките и заедно спиеја некогаш кога е топло надвор ..
    И ако не ги сакааат немора да ги маваат со камења , и некои луге се мразат па не се маваат со камења кога ќе се видат туку само се одминуваат .И ако не ги сакате слободно одминете ги а не да ги мавате ,сепак тоа не е ваше право ..
    Ние дома имаме две што си ги чуваме наши , и3-4 што ги храниме сепак животинчето повеќе цени што си му дал да јаде отколку човекот
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl твојата игнорантност...
    [​IMG]

    Немој да ми кажеш дека ждереш пилешко.

    А, да ви раскажам за моето куче како „не“ ждере живи животни.
    Имаше едвај 4 месеци, а улови гугутка. Од прозор. Ја измачуваше иако не беше гладна, цел двор и цела куќа беше со пердуви од гугутката. Таа сирота остана без опаш и не знам како преживеа (или дали преживеа воопшто...). Мојата мачка многу ретко лови, а кога лови сака да ми се заблагодари (за разлика од кучето... таа не сакаше да припари до нас, камо ли да ни се заблагодари за тоа што ја храниме).

    Животните, за разлика од нас луѓето, не убиваат без причина, не напаѓаат без причина. Сето тоа го прават за да опстанат. Со кое лице го обвинувате животното, кое се води според инстинкти, додека луѓето ждерат лешови од бебиња кои биле прерано одвоени од родителите?
     
    На Nausicaa, Tinushka, kim.k и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    @Papillon.Papi Те чекав да дојдеш на темава и да ги убиеш. :D Токму така, заборавив да спомнам, и моите мачки ловат врапчиња, глувци и секакви животинки и потоа ми го носат пред врата да се пофалат. Понекогаш дури и ги пикаат во чевлите, колку денови само сум врескала и скокала. :D
    Не велам дека е прекрасна глетка, но никогаш не сум ги карала бидејќи уловиле, сакаат да се пофалат, тоа е сè. Да ти покажат дека постигнале успех, бидејќи ловот им е една од омилените активности.
     
    На Istata od vcera, Papillon.Papi, Tinushka и 1 друга личност им се допаѓа ова.