1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мачки - мили или злобни миленици?

Дискусија во 'Дом' започната од JollyGirl, 9 ноември 2015.

  1. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    elenacik.jpg


    Лично премногу обожавам мачиња, особено помалите. Не мразам ништо и никого, особено мали и невини животинчиња.

    Јасно ми е дека постојат луѓе кои не ги сакаат, но сепак сум против мавања со камени и слични нецивилизирани глупости спрема животните.
     
    На Istata od vcera, koritsaki, Dgirlll и 6 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.219
    Допаѓања:
    162.747
    Пол:
    Женски
    Не сум фан на мачки, повремено вдомив три мачки - мајка со две мали. Не ги чувствував толку блиско како куче, сепак кога ќе видам куче има инстанта поврзаност и љубов кон нив, кон мачките е малку поинаку. Неможам да речам дека неќам мачки, ама не ни сакам. Онака ми се во некоја златна средина.
    До сега само со една мачка сум почувстувала огромна поврзаност, беше најмилата мачка во светот.
    Денот откако заминав од местото, ми јави брачеда ми да ми кажи дека мачката избегала надвор и ја удајле кучиња. :shake:
    [​IMG]
    (рандом слатко маче, ако најдам низ пц мачиња шо имам сликано ќе ви пуштам)
    пс. нема една недела откако излегвав да се најдам со bby и по пат гледам едно маче со паковка од чипс на гла и упорно се враќа наназад со надеж да му излези паковката. Тргнав накај неа за да ја тргнам, се пикна под кола. Си прам океј, сигурно има излезено паковката сега и таман тргнав ја гледам пак излегва од под кола со паковката од чипс на гла и упорно одеше наназад :rofl: :rofl: :rofl:
     
    Последна измена: 10 ноември 2015
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    Не е точно дека доколку се жедни и гладни се мотаат околу тебе...мојата мачка и кога е најадена се мота околу мене сака да се гали сака во скут да ми лежи...доколу знае дека ја сакаш ке се мота во секој момент околу тебе...
     
    На Tinushka и Lella им се допаѓа ова.
  4. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Злобни миленици? Молаааам? Ако се однесувате лошо со нив, нормално дека ќе ве прават лом и нема да ве слушаат, е богами тогаш сигурно дека би рекле дека се злобни суштества. Јас искрено секогаш најдобро сум ги третирала мачињата што сме ги чувале и само мене ми доаѓаа, ми се галеа, предеа, што не. :)

    Мајка ми пак, не се однесуваше баш добро со нив, ги тепаше кога ќе ја изнервираа, дури еднаш едвај се опорави мачето, како истрауматизирано беше, мјаукаше, шеташе низ соба како нешто болно да е, ако ме разбирате.. и едвај го смирив, дали 3 месеци имаше.. А нормално мачињата и не ја сакаа многу многу. :D Само кога требаше да јадат хах. :)
    За жал моментално не можам да си земам маченце.. :(

    Заборавив да напоменам, бидејќи и баба ми многу ја сакаа мачките, често знаеа да и донесат некое глувче пред врата, како поклон хахаха.. Се сеќавам еднаш мјаукаше со глувчето пред неа и чекаше да и отвори баба ми. :rofl:

    Гледајте, срциња се :l:
     
    Последна измена: 10 ноември 2015
    На eloves, PogbaPol, Tan4ence и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Не знам како ја поврзувате мачката со злобата, ова ми личи на некоја од семе-синапово изјавите у стил „три чекори назад против малер од злобна црна мачка“, ама у реду е работата. :D

    Не се согласувам дека се користољубиви, злобни и не знам какви - мачките додека не „испитаат“ територија и не стекнат доверба дејствуваат колебливо. Од страв, не од злоба или од преголема желба да ви наштетат.
    Кога мачка ќе стекне доверба во некого, знајте дека добивате пријател верен до крајот од животот. :)

    Чував мачка можеби над десет години, имам пишувано за неа и низ други теми и не можам да најдам ниту една карактеристика, освен инстинктот за ловење - тоа го имаат сите животни од фамилија мачки, не е ли исто кога лавот ќе нападне зебра онака за да си игра со неа, а потоа ја убива во еден удар и ја јаде.
    Фрлете некое камче и по нив ако не, оти зебрата е мило животно, јаде само трева.

    Нејсе, засекогаш ќе ми остане врежана во глава сликата на мојот мачор кога дојде да се поздрави со мене во моментот кога очигледно сфатил дека е време да умре. Кога ме виде како доаѓам оддалеку, со последни сили се крена и почна да трча, за наглавечки да се „тресне“ во мене и почна да се гали и преде.
    Дури и почна да ми мјаука, а беше премногу стар и му немавме слушнато глас со години, што дури се зафркававме по дома дали ние воопшто имаме мачка.
    Ми ги стави шепите околу нога и не ме пушти некое време. Потоа го однесов во легло, му ставив храна (која патем не ја ни помириса) и тоа беше тоа, не го видовме повеќе, ниту пак откривме каде умрел.
    Нема поблагодарно животно од мачка, ама нема ниту човек кој со било што ќе ме убеди во спротивното.

    По долги години, пак се решив да чувам мачка и тотално истите карактеристики ги гледам и кај овој мачор - тој дури „протестира“ кога некој кој не ни е од фамилија пружи рака да го погали. Не напаѓа, но се потресува и културно се трга, иако питом, сомничав е со непознати. :lol:
    Ми доаѓа пред вратата во соба и мјаука за да се гали, ме чекаше од работа цело лето и трчаше до крајот на улицата за да ме пречека и тажен е кога гледа дека на некој од домашните не му е добро.
    Разбира пустиот, ама и културен е - не брка врапци, интересни му се само скакулците. Да го каменуваме и за ова, зашто скакулец е невино суштество исто така. :^)

    После прочитаново, се надевам дека нема некоја будала да го акне со камен и да ми се врати дома повреден до смрт.
     
    На Istata od vcera, LittleChili, eloves и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]

    Втората слика ми е врв. :rofl::rofl:
     
    На Istata od vcera, LittlePinky, CoverGirl10 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Jas si cuvam 2 doma persisko i angorka,imam i pekinejzer i ribi..abe nema zivotno sto mrazam,sega normalno ne gi sakam site.
    Koga se rodi sin mi imav samo 1 mace i kuce i site vikaa ke se rodi deteto ke gi frles zivotnite no toa ne e taka,pa jas nemam dusa covek sto mi napravil loso da go mrazam ne pak nevino zivotince.Inaku kaj mene edniot macor e mnogu smotan taka vika mm samo spie i jade a driot e lovdzija kako sto kaza @Lella mi nosi "pokloni" doma pa duri i mjauci dodeka ne ispadnam za da vidam da se pofali :lol:
     
    На fairy88 и Lella им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Испадна ние во темава се затепавме бетер од мачки :D Жени...
    [​IMG]
     
    На theowndemon, LivingGlam, Tinushka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Se cudam sto bara mojot post ovde.
    Go postirav vo Sakam da kazam i nema nikakva vrska so macki, kucinja ili drugi domasni i ne domasni (divi-navredliv zbor) zivotni.
    Ako moze nekoj da go vrati postot nazad vo sakam da kazam bi mu bila mnogu blagodarna.
    Mislata mi bese kolku e vazno da soslusuvame, da ne davame ocenki, da ne gi izbrusuvame lugeto od postoecki, da ne bideme nahalni, da si ja zatvorime ustata i da dademe vreme mozokot da preraboti se, i trista drugi raboti.
    Potocno postot e za PIS USTI.
    Blagodaram
    @RainBow mozda ti mozes da pomognes.
    Inace nemam nisto protiv milenicinja i nivni sopstvenici.
    Sekoe si ima svoja draz. Nekoe vreme sakav i jas da bidam sopstvenik na nesto, ama okolnostite ne mi dozvolija.
     
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Разбирам секој да има некое животно што не го сака, што му е помалку омилено... ама за мене еве и кога станува збор за човек зад чии постапки стои разумот, треба многу сериозни негативности за да го сметам за злобен, уште повеќе па за лично да речам дека го мразам, а не пак истото да го заклучам за животно и тоа заради постапка предизвикана од инстинкт за преживување.
    Еве моите не сакаат мачки, посебно мајка ми, онака ѝ се sneaky, creepy и непредвидливи :D Но, ме воспитале да не ни помислам на насилство врз било кое животно.

    За жал, сѐ уште немам чувано маченце дома поради горенаведената причина, но мене ми се најслатки и омилени, ме асоцираат на нешто мило, на гушкање, галење :sun: Па згора на тоа и итри, интелигентни, урнебесно смешни 8-|
    Како помала со маалско друштво пред зграда сме правеле куќички од картон со оставена храна, па и сега на улица кога ќе сретнам понекогаш ги галам и ги сликам... кај моите кум и кума и неколкуте другарки што чуваат исто едвај чекам да им ги видам :lol:

    Така да, она што не можам јас да го разберам е таква омраза како во првиот пост, дури и кон животни од кои сериозно се плашите, а не пак кон вакви мили суштества. Кога го прочитав постот на @s1a1n1d1r1a1 во СДК, со описот на душичето и ситуацијата што се случила, и јас се растажив и исфрустрирав, и јас да бидам сведок на таков настан би реагирала и би се почувствувала исто како да гледам булинг и насилство врз некое дете.
    А за Бриџет освен (facepalm), друг коментар немам. Конгречулејшнс, поглупа верзија на "не им верувам на такви и такви луѓе" официјално немам прочитано. :clap:

    Ај да ве видам кој има срце другачије освен вака да реагира на милиниве? 8-|

    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    Последна измена: 10 ноември 2015
    На PogbaPol, LittleChili, LaraSolare и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Нормален ЧОВЕК не мрази животни ;)
     
    На Istata od vcera и honest girl им се допаѓа ова.
  12. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.915
    Пол:
    Женски
    @Summerlover ме изнасмеа со гифот :D
    Инаку, мачки имам чувано од самото раѓање се до пред 2 години. Последниот пат чував две, машко и женско. Ги имам поставено во темата за миленици ако не се лажам. На сите што ни доаѓаа им беа мили. Колку ми беа само забавни за гледање, дека пар. Причината поради која престанав да чувам мачки е тоа што премногу се приврзував за нив, а секогаш ми бегаа. Се трудев само внатре да ги чувам, ни тоа не помогна.

    Вегетаријанец сум десет години, малку е да се каже дека обожавам животни. Сега чувам куче и на моменти мислам дека ме разбира повеќе отколку себе што се разбирам. Needless to say, сметам дека е абнормално толкава омраза да носат луѓето во себе кон некое животинче.
    Можам донекаде да разберам страв од животни, но нетолеранција, насилство и омраза никогаш нема ниту да сфатам ниту да оправдам. Тоа да не ви се допаѓа одредено животно е ваше право и не ми пречи. Меѓутоа, кога гледам или слушам примери како мали невоспитани дечишта удираат и малтретираат животни, цревата ми се превртуваат. Или пак видеото од пред некое време,кога си јачаа сељацине его со тепање на полумртов волк. Како мала, се сеќавам бев петто одделение, гледав клипче како малтретираат мало маче. Луѓе, трауми имам до ден денес од тие монструми. Врежано ми е сеуште во глава.

    И конечно, не мислам дека мачките се злобни суштества. Не можете да осудувате мачка заради вродениот инстинкт. Сум ги сакала отсекогаш, а и тие мене. Интересни ми се оние conspiracy theories за нив, доколку некогаш имате повеќе слободно време топло ви ги препорачувам :D
     
    На Lella, Miss666 и Tinushka им се допаѓа ова.
  13. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    27.477
    Пол:
    Женски
    Леле обожавам мачиња прекрасни сеее :inlove:
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Како воопшто може некој да ги мрази??? :^)
    My heart's melting :inlove::inlove:
    1625624_1119184648107507_10715806412382504_n.jpg
     
    На koritsaki, LittleChili, LaraSolare и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Пред само 60 години, мачките почнале да живеат во семејства, односно внатре, со луѓе. А, повеќе од 10000 години се снаоѓале со ловење на животни, исто како тигрите и лавовите денес. А, кучињата биле припитомени пред околу 32000 години, и пак има раси што се однесуваат бетер од мачка (Басенџито на пример, една од најстарите раси, е тврдоглаво куче, што тешко прифаќа дресура).
    [​IMG]
     
    На Istata od vcera, LaraSolare и Lella им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Со кое право ти на непозната личност и одредуваш дали е нормална или не???? Па уште смајли што намигнува ставила демек еј паметна колку си....(facepalm)
    Според мене не се нормални тие премногу што ги сакаат мачките и сеа што? Треба да ги навредувам дека чуваат дома мачки? КОј си сака нека си чува 560 мачки низ дома и нека си ги храни, нека се грижи, нека ги гушка....а јас никому не сум должна да објаснувам зошто и колку мразам мачки.
    Следниот пат не со камења туку со пушка ќе шетам.. Сум ги мразела и ќе ги мразам, и нема потреба од цитирања или означувања.
    А ти (некоја горе) што се закануваш со солзавец и 300 глупости, такви мислења можеш по дома да си кажуваш, пошто на интернет сите знаеме дека сме јаки..
    Фалачаопријатно.
     
  17. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Уште една светска војна изби во нова тема...
    [​IMG]
    Не знам што е во последно време со форумов, ама очи ќе си извадите бре. Кој попрв некому да му наметне мислење,само да се контра човек.

    Да се изјаснам на темава и јас. Мачки обожавам, спаѓам во група на луѓе што израснале со мачки. И ме гребеле кога ќе сум ги изнервирала(читај:тргање за опаш,кога бев малечка),па и кога ќе ги погалам од нигде никаде ќе скокнат наеднаш...Има една мачка в комшии ,стварно на моменти ме нервира бидејќи се качува по прозорци и тропа. Еднаш и ме касна кога ја погалив,а тоа не ме натера да ги замразам мачките,ниту па земав нешто за да ја удрам. Едноставно се чувствувала загрозено или па и смета кога некој ја допира и реагира на тој начин. Околу тоа дали се мили или злобни,мое мислење е дека секоја мачка е различна. Моите што досега сум ги чувала беа приврзани за нас,обожаваа да се галат,но имаше и моменти кога ќе збеснат.

    Мачките се такви,како што и погоре кажаа,понекогаш непредвидливи и саможивни,но навистина се приврзуваат за сопственикот. На моменти мојот мачор ме нервира бидејќи го удира кучето што го чуваат баба ми и дедо ми, му подвикнувам да престане и бега,не е непослушен. Не беснее многу,баш е мил бушавко што обожава да се мази 24/7. Секакви случки има со мачкиве,на моменти откачени и забавни,на моменти нервозни и гребат се' што ќе стигнат. Дали некому ќе му се допаѓаат или не,негова работа,се' е релативно,но не можам да разберам на било кое животно да се фрла со камења,да се удира безмилосно. Еве лично воопшто не обожавам булдози или па пинчери,едноставно грозно ми изгледаат,па ај сега да фатам камења да ги удирам само поради тоа што ми изгледаат грдо и како што рековте погоре за мачките-одбивни биле.

    И за крај,животно си е животно,не е човек па да е свесно за своите постапки,прават како што им доаѓа природно. Повеќе луѓето знаат да повредуваат отколку едно животно.
     
    Последна измена: 10 ноември 2015
    На theowndemon, Tinushka, Аliсe и 6 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl полека девојче,смири се. Требаше поубаво да ја извлечеш мислата дека не сакаш мачиња. Како што објаснија повеќето членки дека не сакаат мачиња. Еее има доста љубители на мачиња во форумот,треба да бидеш свесна дека ќе наидеш на контрадикторни мислења.
    Јас на пример не мразам мачиња.
    Порано чував машко-персиско маче многу беше педантно,игриво и мирно. Беше старо три-четири години. Мрзлив мачор беше само да му е топло и да нанка. Еднаш го нашол татко ми како спие во рерна,како успеал да ја отвори незнам.
    Имам доста случки,но за тоа друг пат.
    На мало маче неможам да му одолеам, нерасно мало маче кога ќе видиш оставено од мајката срце да ти се скине,неможеш да му одолееш.
    Слатки се,но јас ипак повеќе сум по кучиња од расата хаски.
    Без нервози девојки - кулирајте.
     
    На Istata od vcera, Tinushka, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ај намалете сите со тонот. За некои кои викаат дека омразата е претерана добро се покажавте со навреди и закани.
    Почетниот пост е земен од сдк поради тоа што имаше доста реплицирања, а сега има конкретен наслов темата, па задржете се на неа.
     
    На Abrakadabra и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Не е целта да тераме некој да сака мачки, само сдк дека во ред е нешто да не сакаш поради било која причина, но да мразиш до таа цел што би мавал мачка затоа што изела врапче е исто како да дојде некој тебе да дојде да те мава со камен затоа што јадеш свинско. Просто едноставно,тоа се вика ланец на исхрана и тоа е природа.
    И @JollyGirl Никој не те назначи како креатор на темата ниту пак треба дозвола од тебе да се отвори тема. Сите знаеме темата како настана, а со цел да се исчисти темата СДК, едноставно се отвори тема, каде секој си го искажува своето мислење, бидејќи мислењата во другата тема продолжуваа, мораше нешто да се превземе. Твојот пост е воведен бидејќи од него започна дискусијата.
    Ако не ти се коментира, одмини ја темата и крај.
     
    На Tinushka, MilaP, Lella и 3 други им се допаѓа ова.