^^^ А и ти ко од вчера да си на форумот и ко да не знаеш како одат работите, па во насловот -злобни си ставила. Нормално ќе има вакви постови. И јас еднаш бев сведок како моето куче фати едно мало маче и почна да го дави, па нормална реакција ми беше да почнам да викам и да го тргам, иако како што кажав сакам кучиња, не сакам мачки. Да беше туѓо куче пошто нема да знам како ќе реагира, може и ќе сум мавнела по него со нешто. Аман, ќе го утепав на лице место со камче, доста со драми. Не било нормално што мавнала, мене па баш ми е нормална реакција. Што ако обожава врапчиња и сака да го спаси, нема право? Или мачката е повредна?
Не дека ги мразам, ама кога би бирала меѓу мачка и куче, дефинитивно би избрала куче. Мачките се посериозни животни, те оставаат да си играш со нив само кога тие сакат, во спротивен случај добиваш предупредување гребнатинка. Знам некои луѓе кои се алергични на мачки, но да речат ги мрзам никогаш. Како мала ги сакав повеќе, сега не ми сметаат но дефинитивно ме фаќа малку паника кога некој ќе ми рече чувам мачка дома, па ако спие и ако се качува каде што треба и не треба не би сакала да пијам кафе... не знам можеби звучам малку опсесивно компулсивна, не знам дали од влакната се гадам или од самата помисла на мачка дома. Во двор нема проблем, така повеќе би го сакала ова животно
Мавнала некоја по маче се направи драма поголема од оние на Шекспир. Па како можете да не сакате мачки, па кјут сликици од мачиња, лелее како може да не се сака овааа, вие не сте луѓеее, бла бла блааа... Озбилни ли сте? Мене никогаш не ми било мерило дека ако некој сака многу животни е голем човек и обратно. Го имам и тоа и тоа видено преку примери во изобилие, така да излишно е да се коментира и да се прават вакви споредби. Ние човек со човек очи си вадиме, ама вака за мачки сме ептен срценца.
Не мразам мачки ама не можам да речам ни дека сум некој особен љубител на нив, инаку о б о ж а в а м кучиња Дома чуваме мачор веќе неколку години, мајка ми е луда по него а со мене не се согласуваме најдобро.. Не сака да се гали воопшто, не остава никој да го гали од домашните, сака само да се најади и да спие а за тоа време не сака никој да му се приближи.. Според мене мачките се егоисти, многу self-centered.. затоа и не ги сакам многу.. Сакам мачки кои што се мили и знаат да се галат, не како овој мојов дома
Јас па немам некоја љубов општо кон животни, кон мачки па поготово.Како слуги на ѓаволот ги доживувам, појма немам зашто.Па и психоанализа тука вакви биле мачките, такви биле, едноставно кога ги гледам од очите им извира злоба и тоа е тоа.Кон кучиња сум понаклонета, иако не сум чувала, на другарка кучката стара веќе уште ме препознава и ме пречекува на врата.Кога би имала можности куче секако дека би чувала, по можност хаска.
Одсекогаш сум била кучкарка така мајка ми ме вика. Најголема желба и ден денес ми е да имам свое куче, му имам смислено и име и се. Не дека не сум ги сакала и мачките - секое животно си има своја убавина и карактеристики, ама не ми биле баш најомилени. Во последниве неколку години се повеќе и повеќе ги засакувам, посебни се, си имаат свој откачен и специфичен карактер и тоа е тоа. Не секој ги сака и разбира и тоа е во ред. Да, знаат да бидат непредвидливи и да те гледаат чудно, ама знаат да бидат и мили и да се галат, треба само малце подобро да ги запознаеш и ќе сфатиш колку се интересни и посебни. Мојов мачор сијамец си го засакав најмногу, другарче ми е ептен. Се поврзавме ептен, му ги научив цаките и говорот на телото и многу лесно комуницираме. All you need is love!
Мојот стар мачор (умре од старост, последната средба беше идентична како таа што ја опиша @Mishela) беше многу приврзан за дедо ми. Мислам, сите не’ сакаше, ама со дедо ми имаа посебна врска. Последниот пат кога брза помош го носеше дедо ми на болница мачорот трчаше со викање по нив. После тоа неколку дена не јадеше, како да имаше претчувство дека се разделиле засекогаш. Мачето што сега го имам секогаш ме пречекува кога се враќам дома. Го препознава звукот на колата на дечко ми и истрчува уште пред да ја отворам вратата. Не е за храна, никогаш не му носам во тие моменти и добро знае кога е време за јадење. Едноставно покажува колку ме сака бе. Кога ги набљудуваш дека секое има свој карактер и многу љубов во себе (иако ја изразуваат на различни начини ) нема шанси да помислиш дека се злобни, лицемерни и неблагодарни. Сите 'мразачи' на мачки не ја виделе таа страна само затоа што гледаат да ги избегнат. Затоа и тие ве гледаат со недоверба. Бонус:
Сакам мачки и воопшто сакам животни. Единствено животно од кое се плашам е змијата. Незнам од каде тоа дека мачките се злобни ??? Позлобно од човек има ли ?
Уште една ситуација, заборавив да ја пишам погоре. Две мали мачиња во моето маало, братче и сестриче - неразделни. Нон-стоп си играа и се разбркуваа. Пред две недели го најдовме братчето изгазено од кола на паркинг, сестричката до него со наведната глава. Еве ја уште не е опоравена. Потажно суштество не сте виделе. Само стои со наведната глава и одбива да јаде. Едвај едвај ќе касне по едно залче на ден, така ја одржуваме во живот. Ослабе, не си игра, не се чисти, само лежи со наведната глава. Порано не оставаше секој да ја гали, сега само стои и нема сила да се бори. Ми се чини некој да оди да ја клоцне, нема да мрдне од место. И’ зборувам, ја галам, се трудам да ја хранам, ама има само минимално подобрување. Имаат повеќе чувства отколку што можеме да замислиме. Греота е да речеш за ова суштество скршено од тага дека е лицемерно и злобно. Па уште и камен да фрлиш по него.
И мојот мачор ме пречекува кога се враќам, ме осеќа уште кога идам по скали и веќе е пред врата чека да отворам. А кога ќе влезам прво што прави е следново: легнува на земја и се тегне чекајќи да го измазам убаво, а после оди по мене па дури и во вц влегува по мене. И така првите 10-15 минути секаде ме следи, ако седнам на компјутер одма ми доаѓа во скут и преде. Кога легнувам да спијам најчесто доаѓа и се стуткува до мене и така до наредното утро, стануваме заедно и си го почнуваме денот.
Сакам кучиња,а мачки не! Како велат:"Кучето се навикнува на човекот и никогаш не се одделува од него,каде и да одиш тоа со тебе ќе иди,а мачките се привикнуваат со куќата,значи ти каде сакаш замини таа ќе си остани онаму каде што има за јадење и за пиење-во куќата"
Извини, само да ми е мирна душата дека не сфатив грешно? Некој ждере човечки бебиња? Или за бебиња од животни зборуваш? Како и да е, не се најдов во постот... вегетаријанец сум, не јадам ничии лешови, ни животински, само се надевам дека никој не јаде човечки бебиња.
Инаку на тема мачки имам многу што да кажам... Но, ќе почнам од тоа дека буквално пораснав со нив. Уште од најрана возраст се приврзав за овие мили животинки со кои по цели денови заедно сме јаделе, играле и спиеле. Никогаш физички не ме нападнале, иако честопати играта преминувала во лов. Многу ме повредувало кога ги отровале и газеле по улици. Со месеци имам чувствувано празнина, и ден денес е присутна без оглед на тоа колку време е поминато оттогаш. Денес пак, во стан чувам мачорче речиси една година. Родителите, братчињата и сестричињата за брзо време му ги снема. Јас иако го одгледував цело семејство цели пет години, за жал ја немав таа моќ да спречам некои немили настани како прегазувањето на улица и труењето. Имено, ова единствено преживеано маченце имав прилика да го израснам и дресирам во домашни услови. Како резултат на тоа, денес тој знае да ми ги враќа предметите со кои играме, да се подига на две нозе и фрла топче со две раце. Потоа, отвара врати, зима и носи штипчиња до мене, кои трпеливо чека да му ги фрлам на подот за повторно да ги врати. Не велам дека неколкупати не се шмугнал низ излезната врата, но тоа се случувало дур беше малечок и имаше нагони за парење. Сега откако е кастриран повеќе не го прави тоа. Меѓудругото, обожава вода! Знам дека е некарактеристично за мачка, но тој кога сака да се искапи застанува под чешмата во кујна и со тие мили очиња гледа во мене чекајќи да му ја пуштам. Летно време пак, му го полнам легенчето со млака вода, во која влегува и ужива. Дури и зима го бара истото, но не му дозволувам од причина што ми е страв да не се разболи бидејќи нема каде да се исуши. Што се однесува до навиките за спиење..Тој никогаш не спие сам! Зима или лето е до нас. Иако има кутија која е полнета со меки прекривки, тој секогаш заспива до нашите нозе. Колку и да се вртиме во текот на ноќта, не станува. Најчесто спие со татко ми, но неретко знае и кај мене во соба да се шмугне. Наутро не додева, освен ако има потреба да излезе надвор по нужда. За јадење чека да станеме, ретко кога бара пред време. Од маса не бутка чаши, но затоа за клучеви, ролони и пенкала е тата мата. Затоа следен пат пред да удрите со намера да повредите некое животно, сетете се на овие постови во кои членовите пишувале колку добро искуство имале со животинките. Сетете се дека кога земате камен во рака го земате за да спречите два животи, не само еден! Подобро викнете и фрлете го на страна...
Сакам животни и никогаш не сум размислувала во насока дека со своето непредвидливо однесување на моменти може да претсатвуваат сериозна причина за да ги мразам. Несакањето на нешто претставува многу радикална форма која предизвикала некакви последици со кои не може секој да се носи и зад тоа се крие нешто подлабоко. Ако позитивноста е клучната особина која се стремиме да ја бараме во се и секојдневно, истата треба да ја пронајдеме и кај животните, домашните миленици. И тие имаат особини како и човекот и секоја средба со нив така ја доживувам и анализирам. Некогаш и добриот пријател знае да се прикаже во неочекувано злобно издание како и мачката или кучето. И неговите постапки болат, како што пече гребаницата. Оној што не го познавате доволно со мал пријатен гест ќе ве изненади и за кратко време ќе го класифицирате во групата на добронамерници. Така е и со животните. Иако мачорот што го имам е многу непредвидлив во обидите за изразување нежност, закитена со некоја гребаница од неговите брзи потези, многу ми е мил кога ќе го видам. Само со разменувањето на нежности со екстремитетите сме на дистанца. Знам дека на тој начин ја изразува милоста и внимавам исто како што двојно повеќе ги изострувам сетилата и со познати и со помалку познати. Човекот е најнепредвидливо суштество од целиот род на цицачи. П.С. Кога се дискутира на оваа тема, повеќе сакам кучиња. Искрено, се изненадив кога видов дека едно мислење за мачките ќе испровоцира дебата на која се испишале пет страни со меѓусебни разединувања на ставовите. Секој има право на свое мислење.