Овде уште еден „мразач“ на мачки. Никогаш не сум ги сакала, ниту пак тие мене. Тоа е. Едноставно ми се одбивни, дури ни мали мачиња не ми го менуваат мислењето. Имам дома мачор (надвор живее), дури си донесе невеста, трудна, се омачи, не знам колку роди, ама сите и испоумреа, освен едно, пошто не се грижеше за нив. Само ги туркаше од себе. Во глобала ги сакам животните и не оправдувам насилство врз нив. Ама не ме терајте да ги сакам мачките.
Тоа е тоа. Прифатете сите вие „мразачи“ дека додека немате дома мачка која ја сакате, галите и си играте со неа, ќе ви стојат лицемерни, користољубиви, злобни, а всушност ако расмислиме подобро ние сме и лицемерни и користољубиви многу повеќе од нив. Патем, за поединци кои сакале да ги убијат сите мачки кога ќе ги погледнеле така накриво, од моите две имаат злобен поглед. Мехехехехе... Несакање, одбивност донекаде ок. Мразење и желба за убивање и тоа без никаква причина, нешто не е во ред со вас. Мачките не можат да бидат злобни, по стоти пат кажувам, тоа што вам така ви се чини е бидејќи тие сфаќаат дека ги мразите, па ви враќаат мило за драго. После злобни биле и користољубиви, не повеќе од вас. Веќе два дена сево ова го држам во себе и не го пуштам да не излезам некултурна, ама доста беше. Мачките повеќе ги сакам од луѓето кои мразат мачки. Едит: Нормално било што сака да го убие Џоли мачето? Леле свашта. Маче бе, маче. Да убиеш маче поради свои лични необјасниви чувства. Свашта. Спојлер: бу
Јас во принцип не ги сакам, се изјаснив веќе, барем не сите. И не им ја сакам ни миризбата, ни гласовите, ама ете се случеше да најдам некое пред дуќан мало и прегладнето и ми се стажи па му најдам млекце да му дадам. Ама луѓе темава ви стана секташка, ко култ за обожување мачки. Се разлигавивте ептен. Некој погоре спомна дека оној кој не сака мачки сака да ги убеди другите дека и мачките не ги сакаат луѓето. Ама јас ќе кажам дека оние што ги сакаат мачки сакаат да ги убедат другиве кои не ги баш обожуваат како се тие ангели од небото Уште една тема клан за и клан против за меѓусебно вербално шамарање, додека мачките си кулираат И ко што веќе беше напишано, оној што обожува мачки не значи дека е голем и добар човек, и обратно! Всушност познавам жени што собираат мачки и ги хранат во цело маало, а толку се мрачни жениве, ни со кого не зборуваат, само со мачките, ко мачките мозокот да им го исцицале И ете, јас мислам дека со опсесивни обожаватељи на мачки нешто не е во ред. И тоа. Сега што да правиме? Мислам, излишно е да се троши време повеќе на мачки
Никаде не рековме дека сме „големи и добри луѓе“. И кога играме на таа карта, да ги оставиме мачките настрана. Како може насилник врз животни да биде голем и добар човек? Денес донира милиони на гладните, утре тепа мачки со цитирам: „камења поголеми од нив“? Тоа едонставно не може да биде. Каков сака нека биде, штом врши насилство врз животни, не само мачки, човек за мене не е човек.
Леле Скај се изнасмеав со болдот. Јас имав еден таков мачкар, мачки да го јадат и стварно беше себичен коа ќе се присетам, мачката и никој друг. Симптоматично понашање до толку што за таа мачка кога требаше некаде да се трга се бараа гледачи специјално и од сон се стануваше само ако замјаука оти нели бебето може да јаде или да пие сака.
Имам дома мачка, конкретно мачор... имавме и претходно, никогаш не сум ни добила желба да се галам со нив. Го чуваме за да нема глувци, си признавам, само од корист. А никогаш не сум добила желба да ја убијам и малтретирам. Не гледам поента во тоа. Ако не ја сакам, не значи дека ја газам под нозе.
Se ona sto ubiva od zabava, kako na primer macki i lisici, kako i lovcive na divec za trofeji, ne podnesuvam. Ako si ljubitel na zivotni, togas kako toa si pribral doma predator koj lovi od zabava, a ne od potreba za hrana ? I za kraj, ne sum mazohist do toj stepen da i se prilagoduvam jas na mackata koja apsolutno ne vozvraka ama bas so nisto za tvojata griza kon nea, tuku naprotiv, i durii r'sum ti pravi po domot. I ke ja pravdam deka takva i e prirodata Ako i e takva prirodata, neka si sedi u priroda !
И јас го мислам истото за опсесивните обожаватели на кучиња, па тоа е тоа. Секогаш ќе има две страни, не можеме да бидеме едногласни никогаш, а дека некои претераа во излагањата и од двете страни - претераа, но и тоа не е нешто ново. Ама да мразам кучиња само затоа што ме душкале, постоеле, лаеле и бркале мачки или трчкале по мене, тоа во никој случај. Патем, мразам етикетирања, ако сакам мачки не значи дека сум антисоцијален психопат-мизантроп, но тоа го кажувам така поради впечатокот што ми го оставиле необожавателите на мачки, не во склоп со твоето излагање, Скај. @Abrakadabra, домашните мачки не се такви, ама како сакате.
Кажав и претходно дека сакам мачки но да се надоврзам за нивната природа, мачките не може да ги споредувате со кучињата, ко прво тие од раса до раса се разликуваат а пак не од еден вид на животно до друг. Бидејќи секогаш ги ставате у споредба затоа кучето ви е поинтересно пошто е потемпераментно за разлика од мачката што е флегма. Но и тоа не е правило ја на пример имав маче што ми се качуваше на глава што не можеше мирно да седи цело време сакаше да си игра. <3 :3 и за лојалноста не е правило има тон примери како мачки одбиваат да јадат и се изгладнуваат ако нивниот сопственик е мртов или некаде далеку, или пак се враќаат со километри назад кај своите сопственици ако претходно биле дадени на друг. Исто така имаат некое шесто сетило да почуствуваат кога сте тажни или имате било каква физичка болка и доаѓаат до вас се галат и со својата енергија ја неутрализираат болката или негативната енергија. Всушност мачките се бесценети, мили, слатки и корисни домашни миленичиња кои што дефинитивно треба да ги имате. ако веќе толку мразите не чувајте, игнорирајте итн. но за камења и останати видови на малтретирања обратете се кај стручни лица дефинитивно ви се потребни. Меоw
Кога сум тажна или изервирана, ми застанува во скут и ја трие главата од мене. Дебел е, моите ми викаат дека ги имаме истите карактеристики, кога ќе слушнеме звук на приготвување храна, одма трчаме таму. Подеднакво сакам и мачки и кучиња, и општо, животни. Како мала омилено ми беше да си играм со домашните животни на село, има една фотографија од мене на две години како сум се качила на теле Еве мајка ми и татко ми не сакаат мачки, повеќе се по кучиња, ама не верувам дека некогаш добиле нагон за да клоцнат или повредат маче.
Уф, два предатори кои ловат имам дома. Куче и мачка. Башка расата на кучето гризли мечиња во америка убивала, а оригиналната намена ѝ била убивање на видри и лисици. Мачката поретко лови, зашто ја храниме 2-3 пати дневно со пилешко месо (не коски) и малце сува храна. Би рекла дека повеќе кучињата убиваат од мерак, затоа и ги придружуваат луѓето во лов. Така да аргументот не ти држи вода. Ако не го сакате ова ЗЕМЕТЕ МАЧКА. Патем, колку и да уништува работи скапи над 500 денари, нема да почнам да мразам кучиња. Но, морам да признаам дека поекономично е да се чува мачка (и го знаев тоа пред да земам куче).
Тoa е чувствo, џaбе ми дa читaм пoстoви и стaтии зa тoa кoлку се мaчките мили и дoбри, не ме интересирa. Истo кo глушец кoгa ќе видaм, не седнувaм првo дa прoучaм мaлку зa нив зa пoдoбрo дa ги рaзберaм, туку еднoстaвнo мoрници ме лaзaт. Сличнo и сo мaчкa сaмo вo мaлку пoблaгa фoрмa. И не ми требaaт лекции зa мaчки, немaaт ефект, еднoстaвнo се ежaм oд нив и тoa е тoa.
Обожавам мачки, и многупати сум пробала да ги убедам мојте да чувамо мачка, ама не сакале пошто пуштала влакна, шујбе им било, мачката демек животно од пеколот бла бла бла..да не видат мачки. А ја премногу ги сакам, ептен позитивно делуваат на мене. Општо сакам животни, ама мачки сакам највеќе.
Леле, како не ни е срам, предатор имаме дома, убива невини душички како глувци на пример. Во право си, еве трнав да си ги убијам мачките. Сигурна сум дека не чуваш мачка со олкава омраза кон нив. Тогаш кај се најде ти да ни кажуваш какви биле мачките и што правеле? Дали седеле со нас само поради тоа што им даваме храна, па дури и лом ни правеле по домот. Абе не знам кои филмови си ги направи сега, мазохисти сме биле. Сериозна си со ова што го кажа или само напамет си пишуваш? Бог да чува, луѓе, мачките ни се миленици, ги чуваме бидејќи ги сакаме и ништо досега не ме натерало да кажам, леле мачкава лом ми направи по дома, леле мачкава фаќа глувци... Уште еднаш ќе ви речам и да си знаете дека тоа што го мислите за мачките е сосема погрешно, сте го добиле тој впечаток бидејќи вие не ја сакате мачката. Да ја сакавте, немало да го добиете тој впечаток бидејќи поинаку ќе се однесувала со вас. И ве молам бев вакви глупости, како што вие ги сакате кучињата, така ние ги сакаме мачките. И не ви е срам да велите дека тие што чувале мачки биле антисоцијализирани, повлечени од светот или подруго кажано баби кои зборуваат сами со себе и живеат со 72 мачки. Ова вашево има име и се вика конзервативност. И попрво ќе станам crazy cat lady отколку да чувам во себе отровна омраза кон животно.
Тууу, бре, да се залагавме толку за човековите права како за животинските, кај ќе ни беше крајот. На темава, немам апсолутно ништо против мачките и да беа стварно злобни, зар толку луѓе ќе ги сакаа и чуваа како миленичиња? I don’t think so. У секој случај, ОК е – некој ги сака, некој не ги сака – секој човек си има некое животно кое му е одбивно. Ама, да се разбереме – едно е да не ги сакаш, друго е да имаш фобија од нив, а сосема трето е да ги мразиш, гаѓаш или шутираш. Единствените мачки кои не ги сакам се оние кои што обожаваат да играат ора и чочеци на хаубата на мојата сирота кола, по што таа изгледа вака некако: Ако мачките од моево маало имаат шесто сетило, тогаш тоа е за да осетат кога колата ми е тазе миена. Значи, мамицата... У иста категорија со овие мачки ги ставам и сите птици на кои самата глетка на моето јадно ауто им делува лаксативно. А иначе, ги имам начекано „на дело“, како весело си играат, рипкаат и цапаат со шепите по хаубата. Слатки се, не викам не.
Еве да се јавам и јас како животињарка (некој кој чувал разно-разни миленици низ годините, па дури и прибирал животни од улица). Во текот на мојов живот не сум чувствувала омраза кон ниту едно животно. Сум чувала и папагали и птици, риби, зајак, сум чувала куче долги години (после кое реков дека веќе ништо нема да чувам, бидејќи ме погоди нејзината смрт) и после долго време, сега моментално чувам мачка. Да, ја зедовме и поради тоа што сите глувци - штеточини од комшии само кај нас доаѓаа бидејќи сме во „сендвич“ помеѓу две куќи со мачки. Комшиската мачка не ја сакам затоа што има таква нарав - никаква и лоша, мојава мачка е бесна и знае да ме нервира, ама дека чувствувам омраза кон некое животно - не. Е сега, на улица попрво застанувам да погалам некоја мачка (ако ми се допадне), а не куче (иако кучиња повеќе сакам), затоа што мене па кучињата ми се понепредвидливи од уличните мачки. Мачка или ќе се погали или ќе избега, а од улично куче не знам што да очекувам. Единствено нешто што мразам и не поднесувам (а и имам фобија) се инсекти. Кон другиве сум friendly. @Bender Rodriguez ме изнасмеа. Мачки ти цапкаат и ти играат чучек на хауба, ама ако имаш во населба некое куче, гарант и гумите ти се замочани. Едит: Да се надополнам. За да биде некој или нешто злобно, треба да има развиена свест, барем според мене. Животниве си реагираат инстинктивно и тоа нема врска со тоа каков е нивниот карактер. П.С. Еден компромис за оние кои не сакаат мачки, а сакаат кучиња и обратно: Савана мачката е домашен миленик и е мачка со карактер на куче.
Не само савана, туку и Сијамските мачки. Сијамките го имаат надимакот "куче во тело на мачка" и секој сопственик на сијамка кој го познавам се согласил со ова.