1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мачки - мили или злобни миленици?

Дискусија во 'Дом' започната од JollyGirl, 9 ноември 2015.

  1. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Се обидуваш да се оправдаш себеси, дека нагонот за насилство кон било кое живо суштество е прифатливо? Може и јас на пр. мразам луѓе што мразат животни, па тоа ми дава за право да шетам по улица со пушка и да ги убивам? Уствари извини, за тоа кривично ќе одговарам. А бидејќи животните се крајно дискриминирани во оваа држава, секој може да изврши насилство врз нив без да биде казнет. И тоа ти е за тебе нормално, тоа што покажуваш сила и надмоќ над некој кој ништо не ти згрешил и воедно не може да се одбрани? И немојте само да кажете дека ова е нормално и дека без причина ја напаѓаме, кога јасно си кажува дека е во состојба да повреди животно. Не тоа не е нормално и е голем проблем. И не е до тебе, треба да има поголеми санкции за сите кои се изживуваат врз животните. Се додека никој не реагира, ќе си земаат за право да гаѓаат невини мачиња по улица, со оправдување дека “ги мразат и не можат да ги поднесат“. Не ги сакај, ама немаш право да ги повредуваш!
     
    На Summerlover, Edie.S, Hahn и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ги сакам сите животни и ми се мили, освен влекачите. Не ги мразам ама не ги сакам, зашто не можат да покажат никаква емоција, ниту пак некаква реакција.

    Дома многу сакаме куче, ама ние сме дошле до заклучок дека ние како семејство немаме услови за чување на куче, ниту пак доволно време за да го чуваме како што треба. Не мислам да земам, да го врзам во двор и битно јас имам куче, а како живее, не е битно. Реални сме си пред самите себе. Не сакам да земам на душа едно невино суштество. Затоа имаме сијамско маче кое го чуваме веќе две години. Пред тоа имавме и други мачори кои веќе ги немам баш заради таа причина што има луѓе кои ги мразат па фрлаат со камења по нив. :doh:

    Повеќето од луѓето воопшто не ни знаат да се однесуваат со мачки. Луѓево што доаѓаат кај мене, мислат дека мачкиве исто како кучињата, ако мрдне со опашот - те сака. :D Го имаат она всадено мислење дека мачките се користољубиви, злобни бла, бла... До мачка не се ни доближиле, не па да чуваат, а се' знаат за нив. И не само луѓето што не чуваат се со вакви размислувања, туку и луѓе кои имаат маче по дома, размислуваат вака, не му посветуваат воопшто внимание, го гледаат само како животно кое им ги лови глувците по дома и тоа е тоа. Фрли му за јадење, ако им прави многу влакна по дома, ќе го избркаат надвор и крај. Така се однесуваат кон миленикот, така и миленикот се однесува со нив. Кога ќе земете мало кутре, тоа уште вториот ден се радува на врата кога ќе ве дочека, а не ве ни знае, нит па се има толку поврзано со вас за два дена, туку таква му е природата, а кај мачките таа меѓусебна доверба се гради со години.

    Мојот мачор се радува кога ќе дојдам дома. Прв ме пречекува на врата. И не само мене, сите домашни ги пречекува. Спие со мене, јаде со мене... Му се имам посветено многу, па така сега знае што е "не" и послушува, разбира, знае да ми врати топче од хартија, му го фрлам и ми го враќа, си играме заедно, за него никогаш не сум уморна, никогаш не ми се спие. Јас се враќам од работа, тој ме чека да си играме. Има две години, а уште се однесува како да има три месеци. :D Застанува до мене и одма знам што сака да правиме. Таа врска меѓу сопственикот и мачето се гради многу време и треба многу труд да вложиш. Некогаш ќе го искарам и ми враќа, испушта звуци како да се кара и тој со мене. :D И многу е поврзан со нас. Со сестра ми се погоди два, три дена да не сме дома и двете. Не јадел, вода одвај со сила и не влегол ниту еднаш во нашата соба. А таму спие, таму му е јадењето, таму му е водата. По цел ден не' барал и спиел само во една кутија и толку. Се изненадивме, не мислевме дека така ќе реагира. Луѓе кои не ги познава, не ги сака и бега од нив. Нема доверба. Само со блиски другарки на сестра ми и дечко ми е ок. Друг никој не сака. Не се случило да ме изгребе или да ме укаса со намера да ме повреди, а знам да му досадам и премногу. Некогаш толку многу го гушкам, стискам, си мислам како ме трпи. :D Надвор оди само за до вц и веднаш се враќа, до сега фала Богу не се случило да го нема со денови. Што се не глупости се имаме изнагледано по дома од него. Циркузи. :drunk:

    Можеби и дека е сијамско маче па затоа има некои поспецифични карактеристики ама и обично маче сум чувала па пак бил поврзан со нас. Мачките имаат многу голем карактер и не сакаат да ги ставате на пониско ниво од вас, бараат почит, добивате почит и љубов.

    Луѓе, мачките не се користољубиви животни, туку мачките не се како кучињата па по секоја цена да ве сакаат и да ви се радуваат. Кај мачките треба да вложите премногу труд за да ја придобиете нивната доверба, па потоа да ве засакаат. Не треба ни да се споредуваат со кучињата. Не можете да споредите со куче, зашто се работи за сосема различни животни. Истите чувства можат да ги имаат кон вас, ама на различен начин ги покажуваат. Само тој што го има ова домашно милениче и вистински му се посветува, ќе каже дека мачките не се кроистољубиви и воопшто не се злобни, баш напротив. Ако еднаш ја придобиете нивната доверба, имате верно другарче. :l:

    Оние луѓе кои мразат било какво живо суштество и без размислување можат да го повредат, треба да си отидат кај стручно лице и да си видат од каде потекнуваат тие агресивни мисли, зашто тоа утре може да се пренесе и кон луѓето. Јас изгубив едно премило маче заради такви нелуѓе и мислете што сакате ама за мене тоа се лоши луѓе и не ги сакам во моја близина.

    Одете во Шведска фрлајте камења на сред улица по мачки, па да видите каде ќе завршите и со каква дијагноза ќе шетате цел живот. Ама овде кој што сака прави, затоа сме таму кај што сме.
     
    На Anna-Banana, Lella, Edie.S и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Ја најмногу од се сакам мачки.Кратко и јасно :inlove: Порано чував и сега сакам ама немам услови па така да ќе оставам за понатаму :)
     
  4. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
     
    На Lella, Lady Phoenix, Hahn и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Не сме сите исти и не може секој да сака мачки. Јас не ги обожавам нешто многу, но никогаш не би ја клоцнал, удрил или слично.
     
    На Mr. Right, crazylady, Kukla994 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.164
    Пол:
    Женски
    Не ги сакам и нема ни да ги сакам, ми е страв од нив, имаат нешто злобно во погледот, кој ме тера да им се плашам, :worried: но никогаш не би ги шутнала или да ја удрам и сл, сепак е животинче.
     
  7. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Сакале повеќе кучиња зашто биле помирни. Абе ајде. Како што мојава мачка дома ме има гризено и гребено, така ме имаат и кучиња и папагали и не знам уште што. Тоа не ми дава за право да мразам никого. И што читнав други постови на темава во фазон: " Ау, мачка никако, не верувам на луѓе што чуваат мачки" - мислам сериозно каде со паметов, не сме деца до таму да е работава луѓе да се делат така. Кој не ги сака нека не ги сака, тоа не е повод за омраза. :)
     
    На Lella, Lady Phoenix, Hahn и 4 други им се допаѓа ова.
  8. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    8.336
    Пол:
    Женски
    Не се чувствувам пријатно во присуство на мачки, воопшто, ми ствараат некој немир, ме фаќа некоја језа дека ке голтнам влакно, непредвидливи ми се, секогаш ми делуваат опасно.Уз пролаз ги одминувам не па да седам во иста просторија...нема шанси.
    Посебно кога ке им е периодот на парење, испуштаат толку морничави звуци, хорор филм.
    Искрено не ги сакам воопшто, мало маче ке погалам, ке го играм, ама голема мачка неможам.
    Што незначи дека мавам со камења по нив, едноставно ги одминувам и игнорирам.

    Затоа кучињата си ги обожавам, секогаш ранам, прибирам некое во дворот, баш ми се пријателчиња, уживам да се играм со нив воопшто не се пазам дека ке ме нападнат и сл.Секогаш имам убаво претчувство.
     
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Па ако си решила луѓе да убиваш заради животни...што да ти речам, убивај слободно....ајде излези со пушката, јас мачки ќе барам а ти оди луѓе убивај.
    И кое изжувување го прочита кај мене? Реков дека фрлив со камен за да го пишти врапчето, и нормално не ни го допрев мачорот пошто мачките се брзи, а и да го допреше каменот ај што ќе се случеше? Ќе го убиев? Не, сигурно немаше....малку ќе го допреше, па може ќе го пуштеше врапчето од уста.
    И ај не туку ми драматизирајте без врска, смешни сте.
    Дека сум фрлал со камен 500 страни се напишани, а тие што прегазуваат кучиња и мачки по улица и си одат ко ништо да не било, воопшто не се спомнати никаде, ни пак некому му е гајле....ама тие не се толку битни, битен е каменот (facepalm) и мојот обид за убиство на мачка.
     
  10. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека не смее да се да се удира ниедно суштество на оваа планета... за темава ссе крена поточно JollyGirl за твоето мислење се крена прашина но мислам дека до некаде се во право некои феминки... тука не станува збор за тоа кој кого прегазувал и дали бегал или застанал туку ти самата прочита го својот пост имаш признато дека си мавала по мачорот и извини вака но смешно си била сведок на убиство... па тогаш не сакаш 90 проценти од животните, се е тоа инстинкт и борба за опстанок која секако не ти дава за право да го удираш маваш, фрлаш по животното макар било на 500 метри или на 2 метри од тебе а најмалку со жар и желба да го убиеш.... и за крај бидејки мислењево ти е од СДК а не си ја птворила ти темава и не прашуваш лично ти дали сакаме мачки или не мислам да иде во канта и да се отвори соодветна тема па таму да коментираме дали сакаме или не мачки... ајде да престанеме со меѓусебно напаѓање...
     
    На Hahn му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    5.107
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се што кажа, и да потврдам за сијамките дека се многу специфични и на моменти стварно си имам помислувано дека се како куче во тело на мачка од примери што ми се случувале.
    Мајка ми исто не ги сака мачките и се држи на дистанца од нив, ама ги почитува сите животни и никогаш не би и паднало на памет да ги повреди.
    А мојов сијамец е единственото маче што го сака, не само зашто е мое туку затоа што ја освои уште првиот пат кога го запозна.
     
    На Daydream, Lella и Bloom19 им се допаѓа ова.
  12. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    И јaс ќе се придружaм нa групaтa штo не сaкaaт мaчки. :D
    Не знaм, не ги сaкaм и ништo не чувствувaм спремa нив. Некaкo кoристoљубиви се, дoaѓaaт кaј тебе кoгa се глaдни. И некaкo глупи ми се, ич не се пaметни. И вршaт нуждa нaсекaде. :puke:
    Зa рaзликa oд нив кучињaтa ги oбoжaвaм, плус се гaлaт, нуждa си вршaт нaдвoр и мнoгу се пaметни.
    А дa, зaбoрaвив дa кaжaм декa се ненoрмaлнo дoсaдни aкo седнеш дa јaдеш, aбе сaмo мјaукaaт и гребaт.:@
     
    На Kukla994 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Ija ne sakam macki, I da me ubiete tolku vi vredit (lalala)
    @Ketchup @Mr. Right
    Begajteee ce ne izdrackaat:worried:
     
    На Ketchup и Mr. Right им се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Заклучокот е дека повеќе ви се допаѓа и сакате животното да ви е на повик, кога сакате вие тогаш и да ве сака без да мора да воопшто да се трудите :D Нешто и со луѓето е така, знам :D
     
    На Lella, Lady Phoenix, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Не се, тоа објаснивме страници наназад.
    Ама можеш да не ги сакаш, тоа не ни смета.

    И тоа не е точно, ама како сакаш, еве.

    УРЛАМ. :rofl::rofl:
    Немаш поим колку се само интелигентни и мудри, се снаоѓаат во секаква ситуација.

    Почисто животно од мачката во однос на вршењето нужда нема. Мачката ја закопува дури и урината во песок, за изметот да не зборувам - никогаш нема да видиш измет од мачка на сред пат, од улично куче сум видела милион пати.
    Само ептен мало маче може да изврши нужда првите неколку пати некаде на подот или во двор, затоа што уште го нема инстинктот. Но, истото е и кај кучињата бебиња, па еве не гледам разлика.
     
    На Mr. Right, Daydream, Someonespecial и 16 други им се допаѓа ова.
  16. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Остави Мишелке, не можеш да се докажеш. Некои луѓе и да не знаат нешто не сакаат да ги убедиш дека грешат, а уште помалку да признаат дека не се во право.
     
    На Lella, Yowannty, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Тoa беше мoе мислење вo врскa сo нив, не знaчи декa сум вo прaвo, Мишелкa ме цитирaше и си гo кaжa свoетo, ете сo пoследнoтo штo гo нaпишa вo врскa сo изметoт се сoглaсувaм.
    Не мoрa oдмa дa се нaпaѓa, си гo кaжaв мoетo мислење вo врскa сo нив и тoa е тoa. :!:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Хахахахаха, не мразам јас луѓе не се секирај, тоа го наведов чисто за споредба, ама очигледно не ме сфати. И не се правдај сега дека без причина те напаѓаме само за каменот, сама во првите постови си спомна дека кога ќе видиш мачка ти доаѓа нагон да ја убиеш. Така да сама си се вплетка во оваа ситуација, јас само потенцирав дека немаш никакво право да кренеш рака, по било која основа на било кое живо суштество. Едноставно немаш. Толку од мене.
     
    На Lella и Independiente им се допаѓа ова.
  19. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Оф, ај не се наоѓај одма нападнат. Не мора да значи дека за тебе се зборува. Веќе страници наназад истото се пишува, и затоа напишав да не се докажува уште. :!: Имај си ти мислење какво сакаш никој не ти брани. Како што можеме и ние да имаме за некој кој мрази животни.
     
    На mirandaa, Summerlover, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  20. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    (facepalm) Епа тргни си ја фараонката од слика ако имаш таква одбивност, во Египет мачките се рачунале за Богови, дури и нив ги правеле мумии кога ке умрат.
     
    На Nausicaa, srcence1607, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.