1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мачки - мили или злобни миленици?

Дискусија во 'Дом' започната од JollyGirl, 9 ноември 2015.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Нели те е страв да те види стопанот на таа мачка по која си гаѓала со камен? Ти можеш да мразиш колку сакаш, ама на некого по чив миленик гаѓаш, ако ти се бирне и те подбере тебе со камења, па и да те погоди по глава, нема да те отепа само ќе те допре, малку. Без разлика маче, куче, клавирот на Цка, по туѓо ако маваш и те видат, сигурно нема да ти е смешно што потоа, а повеќето луѓе се спремни да си ги бранат милениците од напад на човек кој за разлика од животно барем треба да разбира со главата, не со нагонот.
     
    На Svetulkaaaaaa, Daydream, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Еве сега сфатив дека е џабе и километарски постови да пишеш и да им објасниш на делчиња дека не се во право и зошто не се во право, под тебе во постот пак со една реченичка ќе има: Штознам, глупи се, вршат нужда насекаде и секако она познатото користољубиви се.
    Некои поединци овде едноставно сакаат упорно да си ја трескаат главата в ѕид. На една тема се слатки душички, на друга со сето срце мразат невино животно. Како што рече Дејдрим, мачка трипати во живот виделе, а знаат сè за нив, знаат кога јадат, знаат како вршат нужда, и знаат колку (не) се паметни. :puke:
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.411
    Допаѓања:
    105.697
    Пол:
    Женски
    Незнам др какво мислење имате , ама јас многу си ги сакам , души милички , имав мачка 10 години сега за жал неможам да чувам (во стан живеам) ама да можев не една , пет би чувала

    [​IMG]
     
    На PaLaVa, Kaetana, butterfly* и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    И кога се злобни мене ми се најмили и најслатки на свет. :l::l::l::l::l::l::l::l::l::l:
     
  5. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.868
    Пол:
    Женски
    Сакам животни и од кога знам за себе сум имала миленик, куче или мачка.
    Конкретно за мачкиве, дали јас сум ја имала таа среќа ама сите ми биле паметни и културни. :)

    Последниот мачор што го чувавме кога сакаше да оди надвор си застануваше пред врата, кога му се јадеше или пиеше вода си застануваше пред мијалник, многу беше паметен. Брат ми го научи да го довикува со свиркање со уста. Не го довикувавме никогаш, само свиркавме и кога беше во близина веднаш доаѓаше. Секогаш дома сакаше да седи во наша близина, никогаш не седеше сам.Го познаваше дури и брчењето на нашата кола, па секогаш не пречекуваше и трчаше по неа до дома и застануваше пред врата да не пречека.

    И после вакво искуство никој не може да ме убеди дека мачките се неблагодарни и користољубиви. Ако ја одгледуваш со љубов и си посветен на неа, и таа знае да врати на ист начин.
     
    На Trxmx, Svetulkaaaaaa, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    131.221
    Во ред е да не му се допаѓаат на некој мачки, не е во ред да мава со камења со цел и желба да убие живо суштество.
    Од правен аспект, кривично дело е, ви ставав линк за човекот што го осудија затвор во Велес оти уби мачка.
    Од аспект на здрав разум секако не е во ред - аnimal abusers are five times more likely to commit violent crimes against people. Deviant behaviors such as animal abuse generally originate from a traumatic childhood. The American Psychiatric Association considers animal cruelty as one of the diagnostic criteria of conduct disorder.

    Не оправдувам обид за убиство на животно, ни мачка ни куче.
     
    На Petra777, Kaetana, mimi**** и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.998
    Допаѓања:
    3.736
    Пол:
    Женски
    Ne sakam bas macki. Odvratni mi se na izgled i ne mozam da zamislam da gi dopram mi e groz. Ne osuduvam nekoj sto gi saka. Poveke sakam kucinja. :)
     
  8. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    806e20b0-5ce1-0133-0bd8-0e34a4cc753d.gif
    #sweet #kitty #дебелкоо
    #забчиња
    поз до хeјтерите xD
     
    На PaLaVa, Petra777, mimi**** и 9 други им се допаѓа ова.
  9. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    многу сакам мачки и не мислам дека се злобни миленици. многу се мили
     
    На mimi**** и Marick14 им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    1447414942528.jpg Имате поздрав од домашниве :)))))
     
    На mimi****, presiosaP, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  12. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Да се изјаснам на темава и јас.

    Не знам колкава си и која си, но согласно твоиве зборови и реакции препосавувам дека си тинејџерка. Друго, болдираниве зборови ми укажуваат на крајна несозреаност, омраза, горчина и нечовечност и конкретно злоба од твоја страна.

    Сфаќам дека ти е жал за врапчето и се, но не можам да ја разберам омразата која ја носиш во себе спрема мачкие конкретно во случајов.

    Прва работа- Природна Селекција. Борба за опстанок во животинскиот свет. Посилниот го поразува послабиот. Предаторство.Синџир на исхрана, Трофичка пирамида. Не знам колку си запознаена со овие работи- но се учат по Биологија па и Природа и општество. Значи поминато минимум 4то одделение.

    Ти како најразвиено суштество во животинскиот свет со свест и размислување би требало да ги разбереш нивните инстинкти. Мачката го убила врапчето. Врапчето пак убива црви и инсекти за да се прехрани. Ние како луѓе, убиваме животни за да се прехраниме со нив. Зашто? Затоа што сме посилни од нив итн во ланецот на природата.

    Друга работа, секој си има животно од кое можеби се плаши или пак не го сака. Но толку силна горчина и нагони да го убие од банални причини не можам да разберам. Не ги осудувам оние кои не ги сакаат животните (конкретно мачките во случајов) затоа што тоа е индивидуа и не сие имаме исти размислувања, но ги осудувам оние кои им нанесуваат зло и им мислат вакви морбидни и нечовечни работи во свет во кој ние луѓето хиерархиски и најнапредно развиени сме поставени на врвот.

    Лично сега пристрасно ќе зборам бидејќи обожавам секакви животни, а чувам и мачка веќе 7,8 години.Дали си размислила дека тоа е можеби нечиј миленик кој си пробала да го убиеш? Еве сега, мојот мачор некој да проба или да се осмели да го повреди, а уште полошо ако сум сведок на тој настан, јас ке си земам слобода и дозвола да му наштетам како што и тој/таа пробале на моето најмило.
    Колку пати уловил и глушец или врапче па го донел или пак влегол кај комшиите низ прозор па си спиел на кревет. Никој ама баш никој не го повредил. И него го дават појаки мачки или кучиња, се враќал без месо на вратот, исцепен целиот по лице, па сега треба да одам да ги убијам сите маалски животни? И ова пак не враќа на првата работа која ја пишав за селекцијата.

    Користољубивост, злоба и не знам уште какви не епитети им дадовте на мачките не постојат. Тоа се само човечки особини кои можеби се и ваши лични!? Вакви човечки нагони за убиство за такви бесмислени работи па и мразење на луѓе што чуваат мачки е ваше некое психичко растројство кое нема на форум да си го излечите ако најдете уште 5-10 души кои се слични на вас и ве поддржат во темава.

    Поздрав од нас :*

    [​IMG]
     
    Последна измена: 21 ноември 2015
    На honest girl, Dgirlll, Kaetana и 6 други им се допаѓа ова.
  13. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Gi sakam i mili mi se,ne e bitna rasa posebno onie busavkite :) e sega mackite nemozat da ja izrazat ljubovta kon covek kako sto toa go pravat kucinjata na razlicni nacini,no mili se tie posebno koga se mali koga pocnuvaat da izveduvaat :D
     
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Фала за поздравот, многу ти е слатко мачето :sun: изгушкај го од мене и бакни го :hug:
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marich

    marich Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2015
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    не сум мн обожавател но не ни ми сметаат , ретко обврнувам внимание на мачки и тоа посебно кај една другарка дома што чува маче па си се милуваме. Иначе за злобници не верувам дека се
     
  16. JanMor55

    JanMor55 Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    најмили, најслатки домашни миленичиња :inlove:
     
  17. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Ne mi e jasno kako moze macka ili kuce bez razlika sto e kako moze nekoj da misli za zivotnite deka se zlobni,sala nastrana ama od lugeto pozlobni nema
     
    На PaLaVa, Tan4ence и JanMor55 им се допаѓа ова.
  18. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно - обожавам мачиња. Плашете се од луѓе, не од животни :) Не можам да сфатам вакво осудување, навистина :|
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    7.462
    Пол:
    Женски
    Мачињата ги сакам само на слика....многу ми се мили:)
    А кога навечер ме будат со вриштење....е тогаш ги мразам;(
     
  20. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    1.457
    Пол:
    Женски
    Секое животно мие мило,и сум против секоакво насилство врз тие невини,беспомошни суштества!;(
    Си имав мача,абе толку мило нешто,толку балгодарно,дружељубиво нешто немаше!:inlove:
    Секаде имдеше со мене,на продавница,до кај комшии,заедно учевме,заедно на лаптоп,дури и пред вц ме чекаше.:hug:
    Никогаш не вршеше нужда дома од мало гребеше на вратат и никогаш не се качуваше по маси.:!:
    Многу се сакавме со него ми поминуваше досадата,кога бев тажна знаев да си ја гушнам и да заплачам а то ќе ја сватеше мојата болка и ќе предеше,како да ми кажваше не грижи се јас сум тука ќе помини се!;(
    Ама некои луѓе се толку клети шо се спремни да одземат нечиј живот! КАЗНА ЗА ТАКВИ!:muscle::punch:
    Ми го нема мачето,се би дала да се врати!;(
    ЗА ТАА МАЧКА ЌЕ УБИЈАМ НЕКОЈ БЕ ,Е ТОЛКУ ЈА САКАМ!!:punch::l:
     
    На mimi****, Independiente и macence994 им се допаѓа ова.